СветБурата „Нурија“ прави пустош по шпанските острови, жителите добиле порака со црвен алармЦрвен аларм е прогласен за бурата Нурија, која ги зафати Тенерифе и Ла Палма на Канарските острови, Шпанија, бидејќи постои можност и ризик од ветрови со ураганска сила.Алармот е во сила од полноќ, со ризик од ветрови кои би можеле да достигнат брзина од 120 километри на час. Се очекува бурата Нурија да ги зафати Тенерифе, Ла Палма, Ел Иеро и Ла Гомера, пишува Метро. Red and orange warnings are in place across the Canary Islands today as Storm Nuria brings unusually strong winds. The forecast looks calmer though if you're heading here for an Easter break next week. pic.twitter.com/76eMr7NH6d — Met Office (@metoffice) April 3, 2025 Јужниот аеродром Тенерифе, кој го користат многу туристи кои го посетуваат островот, може накратко да биде во прекин поради силните ветрови. Предупредувањето е издадено од шпанската метеоролошка служба AEMET, која на X-Net, порано на Твитер напиша: „Бурата Нурија носи налети на ветрови на ниво на ураган, кои ќе надминат 130 км/ч, меѓу 5 часот наутро и 17 часот (по време на Канарските острови) во четврток, 3 април“. „Опасноста е голема, ги повикуваме луѓето и туристите да ги затворат прозорците и вратите за да се заштитат од силните ветрови“, додаваат тие. Бурата Нурија е 14-та именувана бура со големо влијание оваа сезона. Портокалова тревога е издадена и на другите острови во областа, вклучувајќи ги и северните делови на Канарските Острови. Yep … it’s not looking good here this morning 😭 Storm Nuria batters Canary Islands with rare red alert issued for 80mph winds https://t.co/h5MbVzpyB2 — the original Grumpy Git (@GitGrumpygit) April 3, 2025 Ова предупредување е во сила до четврток на полноќ. Од ова невреме ќе бидат зафатени и различни делови од Шпанија, кое ќе донесе дожд, силен ветер и пониски температури. Ова ги вклучува Галиција, Балеарските Острови и Кантабриските планини, каде се очекуваат обилни врнежи. Жолт аларм е во сила и во провинциите како Кадиз, Хуелва и Севиља. Канарските острови обично уживаат топли температури во овој период од годината, околу 18°C, што ги прави популарна дестинација за туристите од Британија и другите делови на Европа во текот на пролетта.Тагови: бура аларм Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВишото обвинителство го „оживеа“ случајот „Мазут“: ОЈО ГОКК задолжено да ја продолжи истрагатаПовторно се отвора истрагата за набавките на мазутот во ТЕЦ Неготино.Повторно се отвора истрагата за набавките на мазутот во ТЕЦ Неготино во кој беа осомничени 13 лица меѓу се Ратко Капушевски еден од споствениците на компанијата РКМ, сопственикот на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски, и поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски кој се уште е во бегство. Вишиот јавен обвинител Јован Цветановски во целост го уважил приговорот на државната ЕСМ со што „падна“ претходното решение на обвинителката Катерина Коларевиќ од ОЈО ГОКК, која тврдеше дека државата немала штета и ја запре постапката. Вишиот обвинител оценил дека во истрагата имало слабости, пред сè во вештачењата врз кои била темелена одлуката за запирање на истрагата. -Вишото јавно обвинителство Скопје побара да продолжи постапката во насока на утврдување на сите поединечни дејствија на осомничените, особено дали и кој презел директни дејствија или дејствија на помагање со кои правното лице ЕСМ, преку злоупотреба на наменски доделени средства од државниот буџет, а под превез на користење на повластена законска основа од член 23 од Законот за јавни набавки, овозможиле имотна корист од големи размери за еден од осомничените и неговото правно лице. Вишото јавно обвинителство Скопје го задолжи ОЈО ГОКК да прибере и анализира повеќе податоци од неколку други институции, како и да нареди нови вештачења со цел прецизно испитување на сите околности и утврдување евентуална кривична одговорност.- Вишо јавно обвинителство Скопје Предметот повторно се враќа кај обвинителката Катерина Коларевиќ која сега ќе треба постапи по насоките на вишиот јавен обвининетл. Предметот евентуално би бил прераспрелден кај друг обвинител, само доколку во меѓувреме за неа биде поведена постапка за нестручно и несовесно работење. Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев оценува дека со одлуката, Вишото обвинителство прави правен преседан и се става во улога на судска инстанца. Според него, барањето пропусти во вештачњето е спорно, бидејќи истото е направено од истиот орган - јавното обвинитлество Мене ми изгледа ова дека е практично политички инспирирана одлука. Во дадената ситуација практично нема можност за ревизија на обвинителската одлука што беше донесена. – Гордан Калајџиев – Универзитетски професор Во мај годинава, ОЈО ГОКК ја запре истрагата, бидејќи како што кажаа немало докази дека е направена штета од 167 милиони евра, како што беше пријавата на МВР. Коларевиќ на брифинг со новинарите тогаш рече дека набавките биле спроведувани за време на прогласена енергетска криза и не биле утврдени незаконитости на постапките. Мазутот бил испорачуван навремено и континуирано и не била утврдена штета за ЕСМ или државниот буџет, па оттаму не било потврдено основано сомнение дека осомничените ги сториле кривичните дела. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
МакедонијаСо сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец Обвинителството тргна по трагите на убиецот токму со првичниот исказ на Росанка Трајковска, која денеска пред судот повторно одговараше на прашањата, со срам појаснувајќи дека насилникот се обидел да ја силува.Трајко Бојковски со вперен поглед кон камерите, се поклони, па влезе во судницата во која беа повикани и Росанка Трајковска и Слоботка Арсовска, двете повозрасни жени кои според Обвинителството, дваесет и петгодишнот овчар од Старо Нагоричане се обидел, но не успеал да ги убие како останатите четири жртви. Со сослушување на двете преживеани жени кои според обвинението куртулиле од речиси сигурна смрт продолжи судскиот процес за случајот „сериски убиства во Старо Нагоричане“. Обвинителството тргна по трагите на убиецот токму со првичниот исказ на Росанка Трајковска, која денеска пред судот повторно одговараше на прашањата, со срам појаснувајќи дека насилникот се обидел да ја силува. -Јас седев на кревет, вратата крцна, ми фрли на глава нешто, ме удираше по глава и по гради со рака, па со телефонот. Цел саат ме тепаше. Некој му сврте на телефон, или нешто тропна, па тој избега. Не можев ни да викнам. Срам ми е да кажам што ми правеше, јас сум стара жена. Ме фаќаше, по стомак, секаде.- Росанка Трајковска Слоботка Арсовска пак, прстот во судницата го впери кон Бојковски посочувајќи дека тој е напаѓачот кој ја кутнал на земја, а се спасила бидејќи почнала да вика по нејзиниот син, иако тој не бил таму. Го познавала од претходно, знаела кој е, кога среде ноќ влегол кај неа дома. -Беше околу 1 часот ноќта, јас станав и го видов Трајко кој стоеше во ходничето и го прашав кој те пушти, тој молчеше, трет пат кога го прашав, тргна да ме дави. Ме турна на земја со неговите две нозе, јас почнав да викам по син ми Јоване, Јоване и во тој момент ме пушти и побегна. Бев во несвест до сабајлето.- Слоботка Арсовска За разлика од првото рочиште, сега Бојковски не гледаше во таванот и одговараше нормално, одби лично да им постави прашање на жените кои сведочеа. На следното рочиште, на барање на адвокатот Тони Цветковски кој му е доделен на обвинетиот по службена должност, ќе сведочат психијатриските вештаци. Трајко Бојковски е обвинет за четири убиства, а за дел од случаите насилната природа на смртта се докажуваше со ексхумација на телата откако претходно жртвите биле закопани како да починале од природна смрт. Обвинителството смета дека главниот мотив за убиствата е некрофилија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерство за правда: Хрватска – наш пријател и поддржувач на патот кон европската интеграцијаМинистерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ.Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ, на која беше потврдена подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката меѓу двете земји во областа на правосудството и владеењето на правото. На средбата се разговараше за тековните реформски активности и идните приоритети во спроведувањето на Реформската агенда, со посебен акцент на размената на знаења и искуства во усогласувањето на законодавството со европското право, како и на натамошното јакнење на институционалната соработка. Хрватска е наш пријател и поддржувач на патот кон европската интеграција, а нејзиното искуство од процесот на интеграција во Европската Унија е од особено значење за нашата држава. Ова искуство, особено во спроведувањето на реформите и усогласувањето со европските стандарди, претставува значајна поддршка за нашата држава на патот кон членство во Европската Унија. На средбата беше потврдена заедничката определба за продолжување на партнерската соработка и размената на искуства, со цел унапредување на реформите и забрзување на процесот на европска интеграција.Тагови: Министерство за правда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook