Бура реакции за спотот на македонскиот претставник на Евровизија - Канал 5

Бура реакции за спотот на македонскиот претставник на Евровизија

Без македонското, но со боите кои потсетуваат на бугарското знаме поставени вертикално, ова е кадарот од спотот на евровизискиот претставник Васил Гарванлиев кое ги разбранува страстите во земјава и соседството.

Бура реакции за спотот на македонскиот претставник на Евровизија

Гарванлиев вели дека видеото е снимено во Даут пашиниот амам во Скопје, и уверува дека се работи за случајност. „Во спотот е претставена актуелната поставка на ликовната галерија и никој инволвиран во реализацијата на спотот не правел интервенција врз нив. Бугарското знаме е хоризонтално, а ова нема врска со Бугарија, истите бои ги имаат и други знамиња на европските земји, а јас лично не препознавам знаме во уметничкото дело.“ вели Гарванлиев за Канал 5 и додава дека немал никаква намера да предизвика било какви реакции.

Од Даут пашиниот амам пак каде е снимен спотот, велат дека се работи за уметничко дело е поставено уште во далечната 1995 година, а на него се оддава почит кон руски сликар од 15 век.

- Ова е делото кое ја разбранува јавноста, се работи за омаж на рускиот сликар Андреј Рубљов, а изработено од уметничката Жанета Вангели. Боите, сепак за разлика од спотот на Гарванлиев, денеска беа различно поставени.- Даут пашин амам.

Од уметничката галерија велат дека бидејќи се работи за триптих, односно дело кое е составено од три дела, боите од време на време ја менуваат положбата. Но, немаат одговор зошто токму за спотот на Гарванлиев, истите тие бои биле променети да наликуваат на бугарското.

Спотот кој доаѓа во сензитивен период за односите меѓу Македонија и Бугарија, предизвика бурни реакции и кај нашиот источен сосед. Дел од бугарските медиуми, пак спотот го нарекоа скандалозен, особени бидејќи според нив, пејачот кој ќе ја претставува Македонија, во видеото го нема македонското, но затоа ги има боите на бугарското знаме.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за ново предавство на Македонија кон Бугарите?

Венко Филипче, кој е познат како личност која се спротивставува на се, само колку да биде против се што е корисно за граѓаните и државата, исто така е познат заедно со неговиот другар и учител Зоран Заев и како предавник.

Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за ново предавство на Македонија кон Бугарите?

Филипче вели – прво Бугари во Устав, па се друго.

Добро знаеме дека предавничкиот момент им е карактеристика, но ова укажува дека е на повидок договор за ново предавство.

Ова отвора низа дилеми и прашања, меѓу кои главно е тоа дали има комуникација помеѓу Румен Радев и Заев? Потоа следи и прашањето зошто Филипче не зборува за заштита на македонскиот идентитет?

Јавноста заслужува да знае дали навистина зад овој став на Филипче е некој нов бизнис договор?

И додека талогот од СДС и Филипче и неговиот учител знаат само да продаваат се македонско за да им поминуваат бизнис интересите, ВМРО-ДПМНЕ има јасен став. ВМРО-ДПМНЕ е за Македонија во ЕУ, но не прифаќа ништо што се прави под диктат од официјална Софија. Затоа, и на поканата од креаторот на бугарското вето, Красимир Каракачанов, кон претседателот Христијан Мицкоски да присуствува во Софија на пречекот на моштите на Цар Самуил, одговорот е јасен – адресата е погрешна, поканата треба да оди на адреса на Заев и Филипче.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Случај без преседан во САД: Осуденичка преживеа обид за погубување — по две смртоносни инјекции сè уште била жива

Американската сојузна држава Тенеси не успеа да ја изврши смртната казна врз 50-годишната Криста Гејл Пајк, која остана жива и по примањето на две дози пентобарбитал.

Случај без преседан во САД: Осуденичка  преживеа обид за погубување — по две смртоносни инјекции сè уште била жива

Овој неуспешен обид за погубување сега покрена истрага и доведе до прекин на другите погубувања во државата.

Пајк, која беше осудена на смрт за убиство извршено кога имала 18 години, требаше да биде погубена на 30 септември во затворот со максимално обезбедување „Ривербенд“ во Нешвил.

Сепак, она што требаше да биде извршување на смртна казна се претвори во настан за кој експертите велат дека нема познат преседан во модерната историја на погубувања во САД.

Новинарите присутни на извршувањето на смртната казна ја видоа Пајк врзана за носилата во просторијата. Таа беше свесна и во еден момент ја крена главата и ги праша затворските службеници дали е нормално нејзината рака да има такво чувство.

Според извештајот на АП (AP), втората доза пентобарбитал била дадена до 20:26 часот по локално време. Но, Пајк не почина. Од зад повлечената завеса, новинарите сè уште можеа да слушнат како таа силно 'рчи.

Микрофонот беше исклучен во 20:53 часот, по што од сведоците беше побарано да ја напуштат просторијата.

Новинарката на АП, Ким Чендлер, која присуствуваше на обидот за извршување на казната, раскажа дека Пајк сè уште силно 'рчела и била очигледно жива во моментот кога новинарите биле изведени надвор.

Пајк потоа била пренесена во болница со возило на брза помош. Нејзините адвокати изјавија дека не добиле никакви информации за нејзината здравствена состојба.

Одделот за извршување на санкции на Тенеси потврди дека таа е префрлена во медицинска установа, при што тврдеше дека за време на обидот за извршување на казната бил испочитуван секој чекор од утврдениот протокол.

Засега нема официјален одговор на најважното прашање: зошто пентобарбиталот не предизвикал смрт. Протоколот на Тенеси предвидува резервен сет шприцеви за случај осуденикот да не почине по првичното давање на лекот. Токму тој резервен сет бил употребен во случајот на Пик.

Проблемот, според Асошиејтед прес (AP), е што протоколот не прецизира што треба да се направи доколку лицето остане живо и по второто давање на лекот.

Нејзините адвокати предупредувале на можни проблеми со вените пред извршувањето на смртната казна. По неуспешниот обид, тие истакнаа дека нивните стравувања во врска со тешкотиите при пристапот до вените, можното оштетување на вените и самиот пентобарбитал се оствариле. „Аксиос“ (Axios) исто така известува дека затворските службеници постојано ги затворале завесите за време на постапката, спречувајќи ги новинарите, кои присуствувале како официјални сведоци, да видат голем дел од она што се случувало внатре во просторијата.

Реакцијата уследи неколку часа подоцна. Гувернерот на Тенеси, Бил Ли, нареди сеопфатна независна истрага за да се утврди што се случило за време на обидот за извршување на смртната казна. Истовремено, тој ги стопираше преостанатите извршувања на смртни казни закажани во Тенеси за оваа година.

Дали некој претходно преживеал таков обид за извршување смртна казна?

Токму тој детал го прави овој случај исклучителен. Робин М. Махер, извршен директор на Центарот за информации за смртната казна (Death Penalty Information Center), она што ѝ се случило на Пик го опиша како „единствен и досега незабележан случај“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Дали причините на Петровска се поради хеликоптерите, да не излезе дека Гета може вода да ѝ носи?

Претседателот на СДСМ, д-р  Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, нагласи дека јавноста треба да знае дали зад мотивите на пратеничката Славјанка Петровска за критика на раководството на СДСМ, се кријат други причини.

Филипче: Дали причините на Петровска се поради хеликоптерите, да не излезе дека Гета може вода да ѝ носи?

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, нагласи дека јавноста треба да знае дали зад мотивите на пратеничката Славјанка Петровска за критика на раководството на СДСМ, се кријат други причини, и дали нејзиното однесување има поврзаност случајот со набавката на хеликоптерите.

„За пратеничката Славјанка Петровска, се прашувам што е причина за ова. Да не е изјавата на Мисајловски дека потпишала за 37 милиони евра поскап договор за хеликоптери, од кога Комисијата донела друга одлука? Да не излезе дека Дејвид Гета може вода да и носи. И сега тие луѓе кажуваат што и како требало“, рече Филипче.

Филипче порача дека наместо денес да даваат совети како треба да се води партијата, ова мала група поранешни функционери треба да одговорат и за своето делување во времето кога биле дел од раководството на СДСМ.

„Игор Ивановски и таа група која што беа дел од раководството на партијата, сега покажуваат други ставови. Луѓето кои што очигледно молчеле, кога Бујар Османи го образложувал Францускиот предлог. Андреј Петров бил член на Извршниот одбор на партијата, што не кажал нешто тогаш за Европа? Андреј Петров, кој што е потписник на петиција за човек од црна листа да излегува од притвор. Игор Ивановски, кој што беше член на кој знае колку управни одбори, 10 -тина илјади евра имаше месечен приход и телефон на никој не дигаше, сега ќе кажува што требало да се прави со партијата. Па ја погребаа партијата, за малку ќе ја погребеа партијата. На издишување беше. “, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ Филипче потенцираше дека оние кои ја оставија партијата во тешка состојба денес не можат да се појавуваат како авторитети и да делат лекции како треба да се води СДСМ. Тој посочи дека актуелното раководство две години работи на консолидација на партијата и, за разлика од нив, се бори против власта и ги разобличува нејзините најголеми скандали.

„Ние сите во изминативе две години тешко работиме, се консолидираме и тие сега ќе кажуваат како треба. Кога ќе кажуваат? Кога ги вадиме најголемите скандали на власта. Па кој е наивен? Ке ми носеле план? Каков план ќе носеле? Таков каков што го прави они, ич не треба да го носат, видовме што направиј. Или некој друг? Ако знаат поинаку, што не направија направија поинаков.Ако сакаат да се вклучат, сега еве имаме избори во Брвеница. Ќе ги ставиме во распоредот па нека помагнат, ако сакаат вистински да помогнат на партијата. Ако не, нека ми се тргнат од патот, затоа што ќе ги згазам како шлепер жаба “, рече Филипче.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер