БалканБура реакции во Бугарија – македонски доктор прегазил куче пред зграда во СофијаБура реакции избија во Бугарија, откако македонски државјанин со автомобил прегазил бездомно куче во Софија. Инцидентот се случил за време на викендот во населбата Расадника, а вознемирувачка видео снимка од безбедносните камери масовно се споделува на социјалните мрежи. На снимката се гледа како автомобил излегува од поздемен паркинг и го прегазува кучето кое лежи пред зграда, а потоа возачот застанува, излегува од возилото и откако гледа што направил, го напушта местото. Бугарските медиуми објавуваат дека се работи 29-годишен доктор од Македонија кој работел во Военомедицинската академија во Софија. Тој бил сослушан во полиција и бил пуштен, откако негирал дека намерно го прегазил кучето. Обвинителстото отворило предистрага и го испитува случајот. Бугарските медиуми пенесеуваат дека законот предвидува затвор и до осум години ако се утврди намера.Тагови: Бугарија куче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисНовак Ѓоковиќ воодушеви дете на летување (ВИДЕО)Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, е на заслужен одмор по настапот на Вимблдон, каде повторно стигна до полуфиналето, а каде за жал беше запрен од Јаник Синер, кој подоцна го освои трофејот на Отвореното првенство.Во меѓувреме, пристигна информација дека Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер го откажаа учеството на АТП турнирот во Монтреал, кој се одржува од 3 до 10 август, а српскиот тенисер го искористи тоа време за да ги впие зраците на летното сонце за време на летниот одмор. Овој пат, камерите го „уловија“ Ѓоковиќ на еден од базените, каде што разговараше со своите пријатели и соработници, кога и тој доби неочекувана посета. Едно мало момче го препозна Новак Ѓоковиќ и веднаш истрча кон него, сакајќи да ја искористи можноста да овековечи заеднички момент со најдобриот тенисер на планетата досега. Србинот беше многу трпелив и, секако, се согласи да биде фотографиран. По неколку моменти и разменети неколку зборови, малото момче очигледно му се заблагодари на Новак за можноста, а потоа широко се насмевна. Не е познато што му рекол Ѓоковиќ во тој момент, но после тоа, ова момче буквално истрчало на другиот крај од базенот со насмевка на лицето. Bu küçük Djokovic hayranı yaz tatilinin en güzel gününü geçiriyor 🥰pic.twitter.com/JnNiy6QpuD — Dodikan #Tennis (@Dogukandilber) July 26, 2026 Ова не е прв пат Новак Ѓоковиќ да ја воодушеви јавноста на ист или сличен начин. По речиси секој натпревар на турнирите, но и тренингот, тој останува по неколку минути за да дава автограми и да се фотографира со навивачите кои дошле да го гледаат во живо.Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
СветЗеленски: Москва пречекува 30.000 војници од Северна Кореја Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија сака да донесе 30.000 севернокорејски војници за да учествуваат во повеќе од четиригодишната војна со неговата земја и веќе се подготвува да ги прифати. Според договорот за меѓусебна одбрана, Северна Кореја испрати околу 14.000 војници во рускиот Курски регион во 2024 година за да ѝ помогне на Москва да се одбрани од голем упад на украинските сили во регионот. „Исто така, ја гледаме соработката на Русија со Северна Кореја. Русија сака да донесе уште 30.000 севернокорејски војници“, рече Зеленски во видео обраќање во текот на ноќта. „Подготовките за нивно прифаќање во рускиот Воронежски регион се во тек од јуни“, рече тој. „Закана за сите земји“ Зеленски додаде дека Северна Кореја се подготвува да испорача нови лансери за балистички ракети на Русија. „Ова не е закана само за Украина. Русија ѝ помага на Северна Кореја да научи како да води војна, како да го подобри своето оружје и да стекне вистинско борбено искуство во неговата употреба“, рече тој. „Сето ова претставува закана за сите земји во Азија кои се во дострел на севернокорејските ракети“, предупреди тој. Зеленски вети дека Украина ќе одговори на оваа закана.Тагови: Володимир Зеленски Северна Кореја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
НБАНајголемо намалување на плата во историјата на НБАВеста дека Леброн Џејмс се сели во Филаделфија 76ерс одекна во кошаркарскиот свет, но износот на неговата нова плата предизвика уште поголемо изненадување. Во својата 24-та сезона во НБА, што дополнително ќе го подобри неговиот рекорд за долговечност, Џејмс ќе потпише договор вреден 3,88 милиони долари. Со оглед на тоа што минатата сезона заработи 52,63 милиони со Лејкерс, ова е намалување од речиси 93 проценти и најголем пад на платата во историјата на лигата. За да се обиде да ја освои својата петта шампионска титула, Џејмс одлучи да потпише со Сиксерс за ветеранскиот минимум, резервиран за играчи со десет или повеќе години искуство. Неговата нова плата ќе биде најниска во целата негова кариера. Дури ни во првата сезона во 2003/04 година не заработил помалку, кога добил 4 милиони долари како дебитант. Кари ќе заработи најмногу Со овој договор, Џејмс ќе биде само на 298-то место на листата на најплатени играчи за следната сезона. Стефен Кари, кој повторно е на врвот на листата, ќе заработи 62,5 милиони долари, што е 15 пати повеќе од Џејмс. Во неговиот нов тим, соиграчите Џејлен Браун и Џоел Ембид ќе имаат договори вредни по 57,7 милиони долари. Минатата сезона, на 41-годишна возраст, Џејмс имаше просек од 20,9 поени, 6,1 скока и 7,2 асистенции, играјќи повеќе од 33 минути по натпревар. Тоа се статистики што не се совпаѓаат со неговата нова плата. Крилните играчи со слични перформанси обично заработуваат околу 40 милиони долари. За Сиксерсите, овој договор претставува исклучителна вредност со оглед на вложените пари. Тој заработи повеќе од 580 милиони долари само од неговата плата Џејмс може да си дозволи да го земе ова намалување бидејќи е мотивиран од борбата за титулата, а не од неговата банкарска сметка. Во последните 14 години, тој имаше максимални договори, а во текот на својата кариера, заработи повеќе од 580 милиони долари само од плати во НБА лигата. Покрај тоа, тој е еден од најплатените спортисти во историјата, што е потпомогнато од бројни спонзорски договори, вклучувајќи и доживотен со Најк. Договорот со Сиксерсите е потпишан за две сезони, при што втората година е опционална, а одлуката за него ја носи самиот играч. Прашањето е дали ќе го издржи до крај, бидејќи сериозно размислуваше за пензионирање ова лето пред да одлучи да оди во Филаделфија. Секако има уште барем една сезона пред себе, и тоа со најниска заработка во кариерата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter