Бура реакции по одлуката за домашен притвор за Артан Груби - Канал 5

Бура реакции по одлуката за домашен притвор за Артан Груби

Полицијата и АНБ процениле дека Артан Груби не е безбеден во истражниот затвор во Шутка.

Бура реакции по одлуката за домашен притвор за Артан Груби

Ова е образложението на Јавното обвинителство по реакциите во јавност по одлуката на екс првиот вицепремиер ефективниот да му биде заменет со куќен притвор. Мерката куќен притвор, уверуваат дека кога се реализира со 24 часовен надзор е исто така притворска мерка, која не се издржува во затворски услови само затоа што постојат специфични услови за тоа.

-Таквите услови во конкретниот случај беа исполнети, бидејќи по проценка на надлежните органи – МВР и АНБ постојат сериозни информации дека во притворското одделение не може да се гарантира личната безбедност на овој осомничен. Деталите во однос на ваквите загрозувања беа презентирани пред судијата на претходна постапка – соопштија од ЈО.

За какви конкретно закани за безбедноста на Груби станува збор од МВР не сакаат да откријат.

-Министерството за внатрешни работи, согласно своите законските надлежности ги сподели со Јавното обвинителство сите информации и сознанија со кои располагаше, а кои се однесуваат на конкретното лице, вклучително и информациите од АНБ. Во понатамошната постапка, одлуките за барање и определување на мерките ги носат исклучиво надлежното обвинителство и судот. – велат од МВР.

За какви информации станува збор, не знае ниту директорот на затворот Скопје, Бобан Утковски, но тој уверува дека затворот е бебзеден за сите, вклучително и Груби..

-Безбедноста на затворот ја гарантираат државата преку законите и институциите, со Управата на затворот, директорот и раководството, затворската полиција, службата за обезбедување директно ја спроведува безбедноста. Министерство за правда или надлежната Управа за санкции врши надзор и контрола на нашето работење. Државата ја гарантира безбедноста, затворската служба ја спроведува во пракса за секој еден штитеник па и за господинот Артан Груби. изјави – Бобан Утковски – КПУ Скопје.

Реакциите на јавноста во најголем дел се должат на тоа што обвинителството самото побара поблага мерка за Груби иако тој 14 месеци беше во бегство, а во отсуство веќе му беше одреден притвор од 30 дена. Адвокатите велат дека ова се случувало и претходно, но само за одреден профил на оссомничени..

-Ваква пракса на лице да лице од бегство кога ќе се врати да му се замени со куќен притвор, којашто патем е спротивна на ЗКП, кај постои само за финансиски богати и моќни, кога ќе го видите калибарот на луѓе за кои тоа се има случено тоа се Артан Груби, Сашо Мијалков, Љупчо Пецов – Ѓаволот, секому му е јасно за каков профил на луѓе се работи. Инаку законот е кристално јасен, членот 165 од ЗКП си го третира ова прашање каде точка 1 опасноста од бегствое основ за определување притвор заедно со можноста од влијание врз постапката и можноста од повторување на делото. Значи небулоза е за лице кое година и два три месеци било во бегство вие да кажувате дека сега е тој обезбеден и дека со тоа е отстранета понатамошната опасност од бегство,- изјави – Јанаки Митровски – Адвокат.

Предлогот за куќен притвор го дал обвинителот Даниел Коцев од скопското обвинителство под раководство на Анел Фидевски,а решението го потпила судијата на претходна постапка Марин Станевски.

Сега, доколку одбраната на Груби, не се жали, според правниците, нема можност одлуката да биде преиначена.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Емили Ратајковски во секси фустан без долна облека

Музејот на уметноста во Лос Анџелес беше одбележана од провокативната креација на една од најубавите жени на светото, моделот Емили Ратајковски.

Фото: Емили Ратајковски во секси фустан без долна облека

Убавата Емили на свеченоста се појави во секси фустан со многу отвори под кој можеше да се забележи дека гаќичките ги оставила дома, исто како и градникот, поради што градите малку фалеше да излезат од фустанот. – таа е жив скандал. Емили покажа повеќе отколку што требаше...

Синоќа, во Музејот на уметност на округот Лос Анџелес (LACMA) се одржа хуманитарниот гала-настан „LACMA Art + Film“, кој собра бројни ѕвезди од целиот свет.

Многу дами имаа можност да блеснат, а некои од нив дадоа сè од себе за нивните модни изданија да се паметат сè до следната година.

Во Музејот, атрактивната манекенка блесна во фустан од модната куќа „Гучи“ станува збор за бел сатенски фустан со асиметричен израз.

Не треба да го изоставиме длабокиот шлиц на бутот, кој откри дека манекенката не носи гаќички, како и отворениот грб што го заокружи овој секси изглед.

https://www.instagram.com/reel/DferhmrBVid/?utm_source=ig_embed

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пијанист од крузер спасен по девет часа во Тихиот Океан

Пијанист од крузер е спасен откако поминал девет часа во Тихиот Океан, на околу 32 километри од брегот на Калифорнија. 

Пијанист од крузер спасен по девет часа во Тихиот Океан

Мажот, вработен во компанијата „Ројал Карибиан“ (Royal Caribbean), паднал од бродот и пливал сè додека во петокот не го забележале двајца рибари.

Неговиот идентитет сè уште не е објавен, пренесува Би-Би-Си (BBC). Рибарите Грант Герет и Шон Нортон го забележале мажот во близина на островот Каталина. „Си помислив: ’Тоа е човек. Гасете го бродот, повлечете ги сите јажиња‘“, раскажа Герет.

Мажот им кажал дека работи како пијанист на „Овејшн оф д сиз“ (Ovation of the Seas) – крузер со 14 палуби. „Единственото нешто што ни го кажа беше: ’Ви благодарам. Мислев дека ќе умрам‘“, додаде Нортон.

Според американската крајбрежна стража, спасениот пијанист е пренесен во болница и се наоѓа во стабилна состојба.

Крајбрежната стража за Би-Би-Си (BBC) потврди дека ги истражува околностите на инцидентот.

Службите за спасување сметаат дека мажот паднал во морето околу 02:30 часот по полноќ – речиси девет часа пред да биде пронајден.

Адам Јасенда, капетан на спасувачката служба во Њупорт Бич, изјави за Си-Би-Ес (CBS) дека мажот се наоѓал на 25 до 30 километри од брегот – практично среде океанот.

Шон Нортон смета дека пијанистот преживеал исклучиво поради невообичаено топлата вода.

„Ова е година на екстремен ’супер Ел Нињо‘. Човекот веројатно поминал десет часа во водата, а температурата на морето изнесувала 24 степени “, објасни тој.

„Во која било друга година, тој не би имал никакви шанси за преживување.“ Научниците кои го следат Тихиот Океан потврдија дека тековниот климатски феномен „Ел Нињо“ е најсилниот некогаш забележан. Температурите на океанот се за околу три степени Целзиусови над просекот. Компанијата „Ројал Карибијан Груп“ (Royal Caribbean Group) даде коментар за случајот. „Му ја пружаме сета потребна поддршка и помош на нашиот член на екипажот. За да ја заштитиме неговата приватност, не можеме да откриеме дополнителни детали“, изјави портпарол за Би-Би-Си.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Златото и среброто бележат раст на светските берзи

Цените на благородните метали бележат позитивно движење на светските берзи, при што и златото и среброто ја започнаа трговската сесија со раст.

Златото и среброто бележат раст на светските берзи

Фјучерсите на златото со рок на испорака во декември 2026 година достигнаа цена од 4.100,26 долари за унца, што претставува зголемување од 25,36 долари, односно 0,62 проценти. Во текот на тргувањето цената се движеше во распон од 4.062,55 до 4.143,17 долари.

Позитивен тренд бележи и среброто. Фјучерсите за декември се тргуваа по цена од 52,258 долари за унца, со раст од 0,316 долари, или 0,61 процент. Највисоката забележана цена изнесуваше 53,453 долари, додека најниската беше 51,415 долари.

Движењата покажуваат истовремен раст на двата благородни метала, кои традиционално се следат како важни инструменти на меѓународните финансиски пазари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер