Бура од прашина во Ново Мексико, отежнато патувањето по автопатиштата - Канал 5

Бура од прашина во Ново Мексико, отежнато патувањето по автопатиштата

Сувaта и правлива бура ја намали видливоста на речиси нула на некои места поради налетите на ветерот до 80 километри на час долж коридорот Албакерки-Санта Фе и висорамнините во округот Торанс, вклучувајќи ги градовите долж автопатот 40.

Бура од прашина во Ново Мексико, отежнато патувањето по автопатиштата

Во сојузната држава Ново Мексико вчера беснееше бурa од прашина, што го отежна патувањето по автопатите, а Националната метеоролошка служба испрати итно предупредување за нулта видливост и негативни здравствени ефекти за бебињата и постарите лица.

Сувaта и правлива бура ја намали видливоста на речиси нула на некои места поради налетите на ветерот до 80 километри на час долж коридорот Албакерки-Санта Фе и висорамнините во округот Торанс, вклучувајќи ги градовите долж автопатот 40.

Заслепувачката прашина ги натера транспортните службеници во Ново Мексико да затворат дел од 130 километри од магистралата од границата со Аризона до периферијата на Лас Крус, како и државните автопати во близина на Деминг.

Силните ветрови, исто така, доведоа до затворање на патиштата во регионот за производство на нафта во државата во близина на Розвел и Карлсбад.

„Возачите не треба да возат во бура од прашина. Повлечете се и останете живи“, се вели во предупредувањето за бура од прашина на Националната метеоролошка служба.

Надвор од Ново Мексико, минатонеделните бури од прашина предизвикаа сообраќајќи на десетици автомобили и камиони на магистралата 70 во западен Канзас, при што загинаа осум лица.

Франциско нов тренер на Реал Сосиедад од новата сезона

Шпанскиот фудбалски прволигаш Реал Сосиедад го назначи тренерот на резервниот тим, Серхио Франциско, за главен тренер од следната сезона, на местото на Иманол Алгуасил, кој ја напушта позицијата на крајот од тековната сезона.

Франциско нов тренер на Реал Сосиедад од новата сезона

Алгуасил, кој седна на клупата на Сосиедад во 2018 година, го освои Купот на кралот во 2020 година и го предводеше Реал на европската сцена пет сезони по ред. Во четврток, тој го информираше клубот дека ќе ја напушти тренерската должност на крајот од сезоната, кога ќе му истече договорот.

Неговиот наследник Франциско (45) потпиша договор до 2027 година.

Реал Сосиедад е десеттопласиран на табелата во Ла Лига со 42 бодови и сè уште има шанси повторно да се квалификува за европските натпреварувања. /МИА

НБА плејоф: Минесота поведе, први победи за Орландо и Милвоки

Кошаркарите на Минесота поведоа во серијата до четири победи во плејофот на Западната конференција во НБА лигата со триумф над Лос Анџелес Лејкерс, додека Орландо и Милвоки ја намалија негативата на 1-2 во плејофот на Источната конференција.

НБА плејоф: Минесота поведе, први победи за Орландо и Милвоки

Минесота поведе во серијата со 2-1, откако синоќа во Минеаполис го победи ЛА Лејкерс со 116-104 во третиот натпревар од плејофот на Западната конференција. Џејден Мек Дениелс постигна 30 поени, а Ентони Едвардс го заврши натпреварот со поен помалку.

Леброн Џејмс беше најефикасен во редовите на Лејкерс со 38 поени, а Лука Дончиќ додаде 17 поени со осум асистенции и седум скокови.

Орландо намали на 1-2 во серијата по победата над Бостон со 95-93 во третиот натпревар од првото коло од плејофот во Источната конференција. Франц Вагнер беше најдобар стрелец на Орландо со 32 поени.

Милвоки, исто така. го намали дефицитот на 1-2 во серијата до четири победи откако на домашен терен беше поуспешен од Индијана со 117-101.

Гари Трент Јуниор и Јанис Антетокунмпо постигнаа по 37 поени за Милвоки, а Трент постигна девет тројки во 12 обиди и со тоа го израмни рекордот во плејофот на франшизата поставен од Реј Ален во финалето на Источната конференција во 2001 година. /МИА

Нафтена индустрија на Србија доби трето одложување на воведување санкции од САД

Нафтена индустрија на Србија (НИС) доби трето одложување на воведување санкции од САД поради мнозинскиот руски капитал во таа компанија. 

Нафтена индустрија на Србија доби трето одложување на воведување санкции од САД

Овојпат, воведувањето на санкции беше одложено за дури два месеца, односно до 27 јуни. Рокот на претходно одложените санкции изминува в понеделник - 28 април.

„Добри вести за граѓаните на Србија. Србија успеа да добие ново одложување на санкциите за НИС, овојпат за два месеца, до 27 јуни. Благодарност до нашите американски партнери за разбирањето на ставот на Србија“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил buducnostsrbijeav.

Во средата, компанијата НИС поднесе ново барање до Министерството за финансии на САД за издавање посебна лиценца со која се одложува целосното спроведување на санкциите, а целта е да се овозможи компанијата непречено да работи и по 28 април.

притисни ентер