ФудбалБундеслигата објави рекордни приходиКлубовите од Бундеслигата ги зголемија приходите 13-та година по ред, овој пат на 3,375 милијарди евра во сезоната 2016-2017, соопшти Фудбалската лига во Германија.Во претходната сезона прометот на тимовите од првата дивизија изнесуваше 3,24 милијарди евра, при што порастот во последниот период изнесува 4,2 отсто. Приходите на првата и втората лига на Германија изнесуваат вкупно 4,01 милијарди евра за последната кампања. За првпат во историјата е поминат лимитот од четири милијарди евра./.МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп му дава безусловна поддршка на Нетанјаху: „Тој беше силен, храбар и брилијантен“Aмериканскиот претседател Доналд Трамп ја изрази својата поддршка за својот сојузник, Бенјамин Нетанјаху, во пресрет на претстојните парламентарни избори во Израел.Поддршката на Трамп за Нетанјаху „Биби Нетанјаху беше силен, храбар и брилијантен соочен со огромен отпор – вклучително и отпор од внатрешноста на самиот Израел“, напиша Трамп во објава на платформата „Truth Social“. „Ова е токму оној вид партнер што Соединетите Држави го бараат во Израел – земја за која направија толку многу. Нека оваа порака послужи како израз на мојата целосна и безусловна поддршка за Биби Нетанјаху во претстојната трка за реизбор за премиер на Израел.“ Избори по две години војна Националните избори во Израел се закажани за 27 октомври – први по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. Тој настан ја потресе нацијата и го втурна Блискиот Исток во хаос, вовлекувајќи го Израел во војни во Газа, Либан и со Иран. Исходот од изборите би можел да одлучи дали Нетанјаху ќе остане на власт по еден од најкритичните периоди во израелската историја, или пак ќе биде поразен од ривали од центарот кои ветуваат почеток на нова ера. Извор: Индекс.хрТагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПрес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во БрвеницаПрес-конференција за медиуми на која се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и источните делови.Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен. Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време. Во четврток и во петок се очекуваат врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и пообилни.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter