Булар прв Индиец во НБА лигата - Канал 5

Булар прв Индиец во НБА лигата

Сим Булар е првиот кошаркар од Индија кој ќе настапува во најсилната светска лига - НБА. Тој потпиша за Сакраменто Кингс, а условите за неговиот трансфер не се објавени.

Булар прв Индиец во НБА лигата
Булар е роден во Торонто, Канада. Претходните две години играше за Њу Мексико Стејт со просек од 10,2 поени, 7,2 скокови и 3 блокади по натпревар.

Во новиот клуб не доаѓа преку драфтот, туку по добрите игри за време на кампот организиран од Сакраменто Кингс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Основното училиште „11 Октомври" со нова библиотека-медијатека од септември

Општина Центар информира дека во ООУ „11 Октомври" се финализира уредувањето на новиот простор наменет за библиотека-медијатека. 

Герасимовски: Основното училиште „11 Октомври" со нова библиотека-медијатека од септември

Учениците од септември ќе имаат современа библиотека, место каде што ќе можат да го поминуваат своето слободно време, да позајмуваат книги, да читаат и да разменуваат идеи.

„Ова е само еден во низата проекти на кои работиме летово со цел подобрување на условите во кои нашите деца се образуваат воспитуваат. Ова модерно катче е наменето за едукација, учење и завршување на училишните обврски за нашите основци ,“ рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Освен книги, енциклопедии, прирачници и речници, во библиотеката ќе бидат достапни и дневни весници, списанија и публикации, а просторот ќе биде опремен со интерактивен панел, компјутери и интернет конекција. Проектот ќе им овозможи на 600 ученици и вработени да ги прошират своите знаења преку богатите содржини на медијатеката.

Дополнително, оваа година училиштето воведе нов систем за електронска библиотека – софтверското решение „еБиблиотека“, кое овозможува целосна дигитализација и дигитално управување со библиотечниот фонд и услугите, со електронско следење на книги, членови и позајмувања. Училиштето располага со книжен фонд од 20 204 наслови, во кој се вклучени стручна литература, лектирни изданија и останати наслови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Напредуваат градежните активности на Био Пазарот

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев на својот Фејсбук објави дека напредуваат градежните активности на Био Пазарот.

Јанчев: Напредуваат градежните активности на Био Пазарот

Изградбата на овој Био Пазар ќе обезбеди современ, уреден и сертифициран простор каде локалните земјоделци, органски производители и мали семејни бизниси ќе можат директно да ги продаваат своите производи, без посредници – по фер цени, со зголемена доверба од потрошувачите. Со овој капитален проект инвестираме во три столба – здравјето на граѓаните, економската моќ на нашите производители и одржливата иднина на Кавадарци.

[✔️] Инвестиција на Општина Кавадарци во вредност од 26.500.000 ден плус ДДВ, стои во објавата на Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во текот на јули подигнати и транспортирани 15 735 тони комунален отпад

Во текот на месецот јули, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 15 735 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје.

Во текот на јули подигнати и транспортирани 15 735 тони комунален отпад

Отстранети се и 2360 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад, како и органски отпад паднат на јавните и сообраќајните површини во сите скопски општини како резултат од невремето што на 21 јули го зафати градот Скопје. Најголемо количество отпад од јавни и сообраќајни површини - 255 кубни метри, се подигнати во општината Кисела Вода.

Во истиот период, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје врачила 11 едукативно-информативни записници на приватни лица и претставници на стопански субјекти коишто биле затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер