МакедонијаБујар Османи: Ова не е само кампања, туку сеопшто народно движење на отпорот и надежтаКандидатот на Националната алијанса за интеграција за Општина Чаир, Бујар Османи, во своето обраќање вечерва пред чаирчани, ја поздрави идејата за обединување на Албанците во една алијанса. Бујар Османи, во своето обраќање вечерва пред чаирчани, каде што присутен беше и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како и други претставници на НАИ, ја поздрави идејата за обединување на Албанците во една алијанса. Според Османи, НАИ е најголемото национално обединување од Координативното тело во 2001 година. „Ви честитам за храброста, надминувањето на себеси, што не обединивте. Не обединивте Албанците како никогаш порано. Во тоа време (2001) беше потребен повикот за да се донесе еднаквоста. Денес, браќа и сестри, повикот ни е потребен за да ја одбраниме еднаквоста, затоа што сме предизвикани како никогаш досега. Се обединивме, албанскиот политички фактор, за да испратиме порака дека нема да дозволиме тоа што една генерација со крв и со труд ни го остави, да биде избришано и уништено пред генерациите што доаѓаат по нас“, изјави Османи. Во своето обраќање, Османи беше дециден дека во Чаир се случува нешто повеќе од обична изборна кампања. „Тука се издигна едно сеопшто народно движење на отпорот и на надежта. Сеопшто народно движење на отпорот против исклучувањето, против дискриминацијата, навредите и понижувањата, кои како народ не сме ги доживеале со децении, уште од пред 24 години. Мојата победа во Чаир не е само моја победа. Тоа е победа на секој граѓанин на Чаир кој излегува и вели: ‘Доста е’. Доста е со овој начин на управување и водење. Бидејќи она што го забележувам е дека луѓето не бараат промена на личности, кандидатот на ДУИ со ветеран на ДУИ што денес ја навредува сопствената партија. Луѓето сакаат да ја сменат културата на владеење, културата на узурпација, корупција, лошо менаџирање, мрзеливост и непрацовност. Луѓето сакаат да се смени начинот на владеење и затоа постои оваа мобилизација“, рече Османи меѓу другото. „Ако постои еден контраст во овие избори, тоа е чесноста наспроти корупцијата. Зашто, ако имам еден политички и човечки капитал, тоа е политичкиот интегритет, и никогаш не дозволив за време на мојата кариера како хирург, но ниту во политичката кариера, некој да посочи со прст кон мене. И тоа е најголемиот капитал што го ставам пред вас кога ја барам вашата поддршка - политичкиот интегритет“, додаде Османи. На крај, тој ги повика граѓаните да не запрат со кукањето од врата на врата, бидејќи, како што рече Османи, правдата е на наша страна, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамАмериканците се воодушевени од малечкиот „Fiat“ што едвај достигнува 40 км/чЕлектричниот „Fiat Topolino“ привлече купувачи во американските туристички места.Малиот електричен модел на „Fiat, Topolino“, предизвика значителен интерес кај купувачите во САД, иако има максимална брзина од само 40 км/ч и е првенствено дизајниран за кратки градски патувања и затворени станбени комплекси. „Fiat“ испорача 300 примероци од моделот „Topolino“ до дилерите во САД, а повеќето од нив се веќе продадени. Ова претставува пилот-лансирање, кое ѝ овозможува на компанијата да процени дали во САД постои доволно голем пазар за електрични возила слични на возилата за голф. Ендрју Вотерхаус, директор на „Fiat“ за Северна Америка, потврди дека повеќето од 300-те испорачани возила веќе нашле купувачи, иако напомена дека продажбата се одвива постепено, бидејќи станува збор за експериментално воведување на пазарот. Интересно е што 60 отсто од купувачите се одлучиле за верзијата „Dolce Vita“ – која нема врати ниту покрив – и е дизајнирана за возење на отворено. Оваа конфигурација е особено погодна за туристички дестинации, одморалишта и затворени станбени комплекси. Достапни се и стандардна верзија со целосни врати, како и варијантата „Open Air“ која има платнен покрив што може да се отвора. Според Вотерхаус, затворената верзија е посоодветна за градските корисници кои сакаат да ги остават своите лични предмети во заклучено возило. Во САД, „Topolino“ спаѓа во категоријата возила со мала брзина (Low-Speed Vehicles – LSV). Тоа значи дека неговата брзина е ограничена на максимум 40 км/ч и е наменет за употреба на локални патишта со одредени ограничувања на брзината. Не може да се користи како конвенционален автомобил на автопатишта. Моделот за 2027 година има максимална брзина од 40 км/ч, батерија со капацитет од 5,4 kWh и електричен мотор со моќност од шест киловати. Наведениот досег изнесува приближно 74 километри, додека полнењето преку стандарден домашен штекер трае од четири до пет часа. Почетната цена изнесува 14.985 долари – нешто помалку од 15.000 долари – без дополнителните трошоци за опции за специјални бои. Понатаму, „Fiat“ нуди бесплатен пакет за надградба за моделите од 2026 година, со цел да се осигура дека тие ги исполнуваат новите барања. Извор: Б92Тагови: Fiat САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Се пушти во употреба детската градинка „Лавче“ во ИнџиковоУште еден ден, уште еден завршен проект, уште еден навистина прекрасен проект – детска градинка.„Добар ден и од мене. Уште еден ден, уште еден завршен проект, уште еден навистина прекрасен проект – детска градинка. Кога се пушта во употреба ваков проект, тоа значи дека има повеќе среќа, повеќе радост, повеќе убави моменти, пред сè за најмилите, за дечињата, и нема како човек да ја скрие емоцијата, бидејќи ова се навистина за мене прекрасни моменти. Би сакал да се заблагодарам и на министерот, и на градоначалникот, и на пратениците во македонското Собрание, на советниците, на вработените во Општина Гази Баба, на колегите од Владата, што овие проекти, коишто ги започнавме уште при самото формирање на Владата во јуни 2024, полека, но сигурно добиваат своја смисла, односно еден по еден се завршуваат, се пуштаат во употреба и веќе имаме корисници коишто го ползуваат сето тоа коешто го планиравме, а наша цел беше да го направиме животот поубав, поедноставен и да го подобриме, во суштина, квалитетот. Продолжуваме во оваа насока и во иднина и продолжуваме да испорачуваме проекти. Има уште многу проекти во периодот којшто следи, којшто ќе финишираат, ќе бидат завршени, ќе бидат пуштени во употреба, така да што, еве, ве повикувам вас, медиумите, да го проследиме сето она коешто значи како Македонија се гради, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалНова неизвесност во Јунајтед: Фернандеш го одби договоротКапитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, ја одби втората понуда на клубот за продолжување на договорот, додека преговорите за неговата иднина на „Олд Трафорд“ се одвиваат во услови на нови промени на тренерската клупа .Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, ја одби втората понуда на клубот за продолжување на договорот, додека преговорите за неговата иднина на „Олд Трафорд“ се одвиваат во услови на нови промени на тренерската клупа и незадоволителни резултати на тимот. Актуелниот договор на Португалецот истекува на крајот од сезоната, сепак, Јунајтед има опција да активира клаузула за продолжување, со што тој би останал во клубот уште 12 месеци – со што договорот практично би се продолжил до 2028 година. Раководството на клубот сака да постигне согласност за нов договор со 32-годишниот капитен пред тој момент. Разговорите со неговите претставници траат веќе неколку месеци, но според извори на „Би-Би-Си Спорт“ (BBC Sport), втората понуда е одбиена. Не е сосема јасно кога точно Фернандеш ги одбил предложените услови, а моменталната нестабилна ситуација во клубот го отежнува предвидувањето кога би можеле да завршат преговорите. Доколку двете страни не успеат да се договорат за нов договор, речиси е сигурно дека Манчестер Јунајтед, пред 1 јануари, ќе ја искористи опцијата за продолжување на постоечкиот договор за уште една година. Со ова би се спречило Фернандеш да влезе во последните шест месеци од својот договор – период во кој тој би имал право да потпише преддоговор со странски клуб за трансфер, откако ќе заврши неговиот престој во Јунајтед. Активирањето на оваа клаузула би ѝ овозможило на управата повеќе време за преговори и за одлучување за иднината на еден од најважните играчи во тимот. Сепак, само по себе, ваквиот потег не би го решил прашањето за долгорочната иднина на португалскиот репрезентативец во клубот. Неизвесноста околу иднината на Фернандес се совпаѓа со уште една промена на клупата на Манчестер Јунајтед. Мајкл Керик доби отказ во четвртокот, по најлошиот старт на клубот во домашна натпреварувачка сезона во последните 40 години. Според „Би-Би-Си Спорт“ (BBC Sport), се очекува него да го наследи Маурисио Покетино, кој моментално е селектор на Соединетите Држави. Аргентинецот треба за првпат да го предводи Јунајтед на 22 ноември, на гостувањето против Ливерпул на „Енфилд“. Од клубот се надеваат дека доаѓањето на Покетино би можело да влијае врз одлуката на Фернандес и да го убеди да ја поврзе својата иднина со „Олд Трафорд“.Тагови: Манчестер Јунајтед Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20