Бујар Османи обезбедил пари за автопатот Скопје - Блаце

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи се пофали дека во полски Познањ, каде се одржуваат средбите во рамки на Берлинскиот процес, пронашол финансиер на автопатот Скопје - Блаце.

„Како координатор на проектот за имплементација на автопатот Скопје - Блаце, ми претставува вистинско задоволство што на претстојната конференција заПЗападниот Балкан во рамки на „Берлинскиот процес“ во Познањ, Полска, меѓу останатите,, обезбедивме и кофинансирање на проектот Скопје - Блаце со 26,7 милиони евра, средства од webif“, објави Османи.

Од косовска страна автопатот „Арбен Џафери“ е целосно готов и беше пуштен во употреба кон крајот на мај.

Отвореното студио на Канал 5: Централно прашање е колку победници има во Макеоднија?

Горан Момироски во отвореното студио на Канал 5 нагласи дека централно прашање на овие избори е колку победници има во Макеоднија?

Тој додава дека Македонија има еден победник на изборите, и дека една од политичките партии нема да го прифати поразот.

Естонија забрани руски симболи на Денот на победата, 9 мај

Естонската полиција забрани јавни собири со употреба на забранети симболи или изрази на поддршка за Руската Федерација на 9 мај, кога Русија го слави Денот на победата во Втората светска војна.

Според естонскиот јавен сервис ЕПП, полицијата нема да регистрира јавни собири доколку има причина да се верува дека на собирот ќе бидат истакнати руски симболи и на тој начин ќе поттикнат конфликти.

„Полицијата не забранува комеморација на загинатите, но поддршката за агресија е забранета. Затоа се забранети јавни собири, маршеви и други собири на луѓе кои користат забранети симболи или изразуваат поддршка за воените злосторства на Русија“, рече шефот на полицискиот оддел на градот Нарва, Индрек Пуви.

На 9 мај полицијата ќе биде присутна на воените гробишта во Талин, а припадниците на безбедносните сили на главниот град на Естонија порачаа дека комеморацијата за жртвите треба „да се одвива мирно, достоинствено и со почит“.

Тие ги повикаа граѓаните да не носат знамиња или симболи кои укажуваат на поддршка за Руската Федерација.

Министерството за државна безбедност (ДСБ) на Литванија не ја исклучува можноста за провокации од страна на Руската Федерација на 9 мај во таа земја, а латвиската полиција најави дека ќе биде подготвена за немири, пренесува European Justice.

Молдавија предупреди дека лицата кои носат грузиска лента или знаците „З“ и „В“, руски симболи за време на војната во Украина, на 9 мај ќе бидат казнети.

Хрватска доби нова влада- се договорија ХДЗ и „Домовински покрет“

Денеска продолжија преговорите меѓу ХДЗ и Домовински покрет (ДП) за составот на хрватската влада, а завршија со договор.

На средбата на преговарачките тимови на Хрватската демократска заедница и на Домовински покрет е постигнат договор за формирање на ново парламентарно мнозинство, како и за структурата на идната влада, потврди владиниот портпарол Марко Милиќ.

Во просториите на Домовински покрет за медиумите изјави Иван Пенава, претседателот на Домовински покрет.

„Постигнавме договор за парламентарното мнозинство и за формирање на идната влада. Договорот се базира на ДП, ХДЗ, малцинствата и партнерите. Што се однесува до ресорите кои се втор чекор за нас по формирањето на мнозинството, ние сме зборувајќи за три клучни ресори“, рече Иван Пенава.

„Се договоривме за Министерството за демографија и имиграција, Министерството за земјоделство. Сигурни сме дека ќе успееме да го доведеме овој проблем на задоволително ново ниво преку јасни бројки за зголемувањето на производството. Третиот оддел со кој управувавме е Министерството за економија“, рече тој и додаде:

„Договорена е и квота што ќе се применува преку други владини структури. Првиот чекор е собирање потписи за формирање парламентарно мнозинство. Договорот е да поддржиме кандидат за премиер од редовите на ХДЗ, додека ДП ќе има потпретседател на парламентот“, рече тој.

„Договоривме двајца вицепремиери, сè уште не го дефиниравме државниот секретар, но зборуваме за 9, 10, 11, 12 луѓе. Ќе можеме да разговараме за деталите кога ќе навлеземе подлабоко во архитектурата на самата влада во однос на бројот на министерства и сл.“.

Пенава потврди дека ќе остане градоначалник на Вуковар, барем до крајот на мандатот.

„Зборуваме за другите, за никого не можам ништо да гарантирам или потврдам. Сето тоа е уште во фаза на договор. Подоцна ќе го имаме Претседателството во живо, ја завршивме телефонската седница. Имињата ќе дојдат наскоро. Ќе се обидеме да имаме неколку кандидати за сите позиции, добро ги филтрираме...“

притисни ентер