Унгарец во повеќе торби сокрил девизи, Царината спречи обид за нелегален внес на 200.000 евра на Табановце
2Унгарец во повеќе торби сокрил девизи, Царината спречи обид за нелегален внес на 200.000 евра на Табановце
3Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
МакедонијаБујар Османи: Чаир не е мој „План Б“, ќе останам со граѓаните до крајПовторно не сакам да се занимавам со противкандидатот. Но, при неговото прво претставување, кога ја објави кандидатурата, рече: ‘Јас ја напуштам Владата, граѓани’. И сите помислија дека дава оставка. Зашто тоа е природно: кога се кандидираш за една општина, ја напушташ функцијата, затоа што општината не смее да ти биде ‘План Б’. Или тука, или таму. Ако победам тука.“ Така одговори кандидатот на Националната алијанса за интеграција, Бујар Османи, на прашањето на новинарите како го коментира фактот што Изет Меџити, неколку дена пред да ја објави кандидатурата, ја сменил адресата од Бутел, каде што живее, во Чаир. „Ја спомнав вчера, Теута Арифи, кога се кандидираше за градоначалник на Тетово, поднесе оставка од функцијата заменик-премиер за европски прашања. Невзат Бејта, министер за локална самоуправа, кога се кандидираше за Гостивар, поднесе оставка. Дури и нивниот сопартиец, Зекирија Ибрахими, беше пратеник и поднесе оставка кога се кандидираше за Чаир. И тоа е воспоставено правило. Бидејќи пораката што им се испраќа на граѓаните е дека јас не барам резервна варијанта, План Б, ако ме извадат од Владата. Зашто тие знаат дека веднаш по изборите ќе има парламентарни избори и ќе се промени структурата на Владата, а јас да имам едно министерско место без функција. Тоа е нечесно кон граѓаните,“ рече Османи, и го предизвика Меџити да потпише договор дека нема да ја напушти општината. „А она што многу кажа за мене, бидејќи го слушнав во еден говор кога рече: ‘Бујар можеби ќе го искористи Чаир како трамболина за да влезе во Владата’. И затоа велам, ајде да направиме договор, ќе потпишеме двајцата, јас ќе потпишам, дека нема да ја напуштам Општина Чаир без разлика каква понуда ќе ми биде дадена. Не министер, не премиер, не претседател, се додека граѓаните на Чаир ни го даваат својот мандат. Но, дојди и ти потпиши договор дека ќе поднесеш оставка, не само кога ќе ги загубиш изборите поради бројки и мандати, туку од чест, бидејќи тоа е етичко прашање, прашање на еден веќе воспоставен принцип, и кај нас и кај вас, и граѓаните тоа го очекуваат. Не може истовремено да бидеш министер и да излегуваш со проекти на Владата, промовирајќи ги како кандидат. Владата испрати соопштение до новинарите, во кое стои: кандидатот за градоначалник на општината ќе има настан за промоција на проекти на Министерството за животна средина. Ова е скандалозно во секоја земја во светот. Каде има такво нешто, Владата да ги поканува медиумите на активности на еден кандидат?“ рече Османи, додавајќи дека сепак, граѓаните ќе ја дадат својата оценка на 19 октомври.Тагови: ДУИ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со министерката за надворешни работи на Канада, Анита АнандНа маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Њујорк оствари средба министерката за надворешни работи на Канада, Анита Ананд.Во годината кога се одбележуваат 30 години дипломатски односи, соговорниците ја потврдија цврстата основа на македонско-канадското партнерство и заедничкиот интерес за негово натамошно продлабочување. Беше истакнато и значењето на бројната македонска заедница во Канада, која претставува важен мост и дополнителна вредност во односите меѓу двете земји. На средбата стана збор и за унапредување на политичката и економската соработка, со посебен фокус на можностите за зголемување и диверзификација на трговската размена. Двајцата министри ја потврдија блиската соработка и меѓусебната поддршка во рамките на мултилатералните организации, особено во Обединетите нации и НАТО, како и заедничката посветеност на стабилноста и меѓународната безбедност, соопштуваат од МНРиНТКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУнгарец во повеќе торби сокрил девизи, Царината спречи обид за нелегален внес на 200.000 евра на Табановце Спречен обид за нелегално внесување на непријавени девизи во висина од 200 илјади евра, откако унгарски државјанин на влез во државава, на граничниот премин Табановце, спротивно на закон не ги пријавил кај царинските службеници.Поради постоење сомнеж, возилото било селектирано за контрола и извршен е детален преглед при што помеѓу менувачот во ташна била пронајдена црна платнена торбичка со девизни средства во вкупен износ од 65.000 евра. При понатамошниот преглед во ранец кој се наоѓал на задното седиште била пронајдена мала црна торбичка која била покриена со компјутер во која имало 37.650 евра. Во куфер кој исто така се наоѓал на задното седиште, помеѓу гардеробата била пронајдена уште една црна торбичка со 97.350 евра. Од вкупно пронајдените непријавени парични средства во износ од 200.000 евра на патникот му се вратени 10.000 евра согласно Законот за девизно работење, додека останатите 190.000 евра се задржани со Потврда за задржани средства. Против сторителот е поднесена соодветна прекршочна пријава, соопшти Царинската управа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25
МакедонијаШверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите: Осум лица под истрагаОсум лица се осомничени за шверц на цигари и нелегална трговија со лекови по вчерашната акција на полицијата и ОЈО ГОКК. Меѓу нив има и царински службеник но двајца се во бегство. Од 2024 до 2026 година, првоосомничениот криумчарел непријавени цигари, избегнувајќи царинска контрола. Според ОЈО ГОКК, во тоа му помагал и царински службеник, кој го информирал за смените и засилените контроли, овозможувајќи непречено пренесување на цигарите. На товар им се ставаат повеќе кривични дела како криумчарење, избегнување на плаќање акциза, давање и примање поткуп. Дел од истрагата се однесува и на нелегална трговија со лекови и други производи. -Првоосомничениот и третоосомничениот се осомничени дека неовластено увезувале, складирале и нуделе на продажба лекови, како и производи за подобрување на сексуалната функција и потенцијата. При претресите биле пронајдени поголеми количини препарати наменети за третман на дијабетес, срцеви и кардиоваскуларни заболувања. Како и антибиотици, кортикостероиди, хормонски препарати, инсулини, антикоагуланси и бензодиазепини. Пронајдени се и други производи за подобрување на сексуалната функција и потенцијата во форма на таблети, гелови, пасти, мед и чоколади.- ОЈО ГОКК Акцијата произлегла од анализата на мобилниот телефон на првоосомничениот, одземен при претрес во јануари, кога во неговиот дом биле пронајдени цигари и поголема сума пари во различни валути. Сега му се става на товар и перење пари. При вчерашните претреси кај првоосомничениот се пронајдени над 86 илјади евра и 16 златни плочки, скриени во сефови во неговиот дом, а во возилото биле пронајдени уште околу 7 илјади евра. -Со преземените дејствија е причинета штета на Буџетот на државата по основ на избегнати царински давачки, акциза и данок на додадена вредност во значителен износ. Истовремено, со неовластеното пуштање во промет на лекови и други средства за лекување без потребните одобренија, упатства и лекарски рецепт, била создадена опасност по животот и здравјето на луѓето.- ОЈО ГОКК За тројца осомничени обвинителството бара притвор, а за тројца други мерки мерки на претпазливост. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25