Бујар Османи: Чаир ќе стане културна престолнина на Скопје - Канал 5

Бујар Османи: Чаир ќе стане културна престолнина на Скопје

Програмата предвидува ревитализација на Чаршијата преку обновување на фасадите, калдрмата и осветлувањето.

Бујар Османи: Чаир ќе стане културна престолнина на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, денеска го претстави својот проект „Чаир, Културен центар на Скопје“, чија цел е Чаир да стане културна престолнина на градот и симбол на мултикултурализмот, традицијата и современото творештво, се наведува во соопштението од ДУИ.

„Ова не е трошок, туку најголемата инвестиција во иднината на Чаир и на целото Скопје,“ истакна Османи.

Програмата предвидува ревитализација на Чаршијата преку обновување на фасадите, калдрмата и осветлувањето, како и создавање Културен центар со изложби, занаетчиски работилници и туристички активности. Во рамки на проектот се планира и организација на „Денови на Балканските чаршии“, со учество на градови од регионот како Призрен, Ѓаковица, Шкодра, Гирокастра, Мостар и Сараево. Посебно внимание ќе биде посветено на поддршка на занаетчиите и развојот на туризмот, преку субвенции, брендирање на традиционални производи и промоција на локалната гастрономија.

Културниот живот во Чаир ќе се збогати со нови фестивали и настани, меѓу кои и „Doku n’Shkup“, два месеца исполнети со филм, музика и култура, како и фолклорен фестивал за учениците од општината. Воедно, проектот предвидува и инвестиции во младите преку стипендии за талентирани ученици и студенти, субвенции за музички инструменти, модерно опремени кабинети по музика и изградба на современа читалница достапна за сите граѓани.

Како новитет, ќе се воспостави Виртуелен музеј на Чаир, дигитална архива со историја, фотографии и лични сеќавања на жителите, кој ќе овозможи зачувување и достапност на културното наследство. Во план е и изградба на современ и инклузивен објект со сали за театар, концерти, изложби и младински активности.

„Чаир има потенцијал да биде не само општина, туку и симбол на културната ренесанса на Скопје. Ќе инвестираме во културата, уметноста и младите, затоа што тие се гаранција за иднината. Со ‘Чаир, Културен центар на Скопје’ ќе изградиме средина каде што традицијата и современоста ќе се спојат во едно,“ порача Бујар Османи.

Со овој проект, Чаир ќе стане живо срце на културниот живот на Скопје, место каде што историјата, современоста и иднината ќе се сретнуваат и ќе отвараат нови перспективи.

ДУИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре отворен ден во О. Карпош

Во среда (29.07.2026), од 13:00 до 17:00 часот, во холот во Општина Карпош, градоначалникот Сотир Лукровски и раководителите од општинските сектори, ќе одржат средба со граѓаните на Карпош. 

Утре отворен ден во О. Карпош

Отворениот ден во Општина Карпош , ќе се реализира по втор пат изминатиот период.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Силен земјотрес во Јапонија: Има повредени; железничкиот сообраќај е во прекин

Земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала денеска го погоди Јапонија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Видео: Силен земјотрес во Јапонија:  Има повредени; железничкиот сообраќај е во прекин

Епицентарот на земјотресот бил на островот Кјушу на југот од земјата, на длабочина од 10 километри и на 25 километри од градот Кумамото.

Според јапонските медиуми, неколку лица се повредени.

По земјотресот, железничкиот сообраќај во регионот Кјушу, вклучително и оној на брзиот воз „Шинкансен“, беше прекинат, соопшти компанијата „Кјушу рејлвеј“, пренесе агенцијата Кјодо.

Компанијата „Кјушу“ соопшти дека не се утврдени неправилности во нуклеарните централи „Генкаи“ во префектурата Сага и „Сендаи“ во префектурата Кагошима. Исто така, беше соопштено дека нивоата на радијација околу мерните станици не претрпеле промени.

Американскиот центар за предупредување од цунами (PTWC) соопшти дека опасноста од цунами по земјотресот поминала и дека не постои закана од цунами за јапонскиот брег.

Според сведоштва објавени на веб-страницата на EMSC, се почувствувало нишање што траело неколку секунди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зинедин Зидан официјално преставен како нов селектор на Франција

Легендарниот фудбалер Зинедин Зидан официјално стана новиот селектор на Франција.

Зинедин Зидан официјално преставен како нов селектор на Франција

Она што беше објавено уште во ноември, сега доби официјална потврда.

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, легендарниот Французин Зинедин Зидан, го наследи Дидие Дешам на клупата на „триколорите“, со што заврши една од најдолгите и најуспешните ери на селекција во модерниот фудбал.

Во соопштението се наведува дека Зидан ќе биде селектор на Франција до крајот на Светското првенство во 2030 година. Дешам ја водеше Франција 14 години. Својот најголем успех го постигна со освојувањето на Светското првенство во 2018 година, додека со репрезентацијата ја освои и Лигата на нации во 2021 година.

Зидан е без тренерски ангажман уште од 2021 година, кога го напушти „Кралскиот клуб“. Со популарниот Зизу како играч, започнаа годините на доминација на француската репрезентација.

Тимот беше светски првак во 1998 година, две години подоцна и европски првак, а „триколорите“ – повторно со Зидан во составот – стигнаа и до финалето во 2006 година, во славниот дуел против Италија. Од 1998 година наваму, Франција четири пати играла во финалето на Светското првенство. Пред него е задачата да ја одржи таа континуираност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер