Bugatti EB112 го одбележа 30. роденден, произведени се само три примероци (ФОТО) - Канал 5

Bugatti EB112 го одбележа 30. роденден, произведени се само три примероци (ФОТО)

Новиот Bugatti беше претставен пред 30 години, но никогаш не влезе во производство.

Bugatti EB112 го одбележа 30. роденден, произведени се само три примероци (ФОТО)

Тоа беше во 1993 година, кога Bugatti го изненади светот покажувајќи автомобил каков што никој досега не се осмелил да го замисли, дури ни во соништата. Тоа беше хиперспортски и исклучително луксузен седан, дизајниран од Џорџето Џуџаро.

Денеска е голема годишнина - точно 30 години од претставувањето на ова ново доба на Bugatti, но и 85-тиот роденден на Џорџето Џуџаро, еден од најуспешните дизајнери во историјата на автомобилите. За жал, неполни две години по претставувањето на моделот EB112, компанијата банкротираше и не закрепна додека не дојде под хаубата на Volkswagen.

Понатамошната иднина е позната, исто како и фактот што токму EB112 ги постави темелите за понатамошен развој на дизајнот на овој бренд. Базиран на спортскиот EB110, на овој спортски седан и денес му се восхитуваат, а не е изненадување што во моментот на неговата премиера беше прогласен за „најубавиот автомобил на светот“.

Помалку е познато дека се направени три примероци, а само во 1998 г. Гилдо Паланка Пастор и Монако тркачкиот тим се одговорни за нивното создавање, и секој од нив имаше уникатни решенија. Заедничко им е атмосферскиот 6.0 V12 мотор со 460 КС и 590 Nm, кој во комбинација со шестстепен мануелен менувач го движеше уникатниот модел.

EB112 до 100 km/h достигнуваше за 4,3 секунди, а максималната беше 300 km/h. Тоа се вредностите кои тогаш беа во доменот на недостижното за повеќето производители, а и денес, по 30 години, заслужува повеќе од почит.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Помалку часовник, повеќе уметничко дело: Глечерите на Алјаска во вашите раце (ФОТО)

Францускиот луксузен бренд „Louis Vuitton“ претстави уникатен џебен часовник инспириран од глечерот Марџери во Алјаска.

Помалку часовник, повеќе уметничко дело: Глечерите на Алјаска во вашите раце (ФОТО)

Часовникот е направен како уникатно уметничко дело и нема да биде достапен за продажба. Наменет е исклучиво за одбрани колекционери кои нарачуваат вакви модели директно од производителот.

Дизајнот е инспириран од ледените пејзажи и дивиот свет на Националниот парк „Glacier Bay“. Бројчаникот содржи подвижни елементи во форма на пингвини, орки и китови, заедно со препознатливите куфери „Louis Vuitton“ кои дополнително го нагласуваат уметничкиот карактер на часовникот.

Компанијата нагласува дека ова е сосема уникатен примерок, направен само во еден примерок, поради што е повеќе колекционерско уметничко дело отколку класичен луксузен часовник.

Извор:Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти.

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Денешните успешни напади врз два објекти од воено-индустрискиот комплекс во Киев и инфраструктурата на морските пристаништа Одеса, Чорноморск и Измаил во регионот Одеса ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели низ цела Украина“, се вели во соопштението, според ТАСС.

Се вели дека анализата на употребата на оружје со висока прецизност од страна на руските вооружени сили ја потврдила способноста сигурно да ги пробијат системите за воздушна и ракетна одбрана „што му ги обезбедиле на Зеленски неговите западни спонзори“.

„Групни напади со прецизно оружје се извршуваат со висока ефикасност против украинските пристанишни објекти, како и разни бродови што испорачуваат оружје и воена опрема на режимот на Зеленски“, нагласи министерството.

Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти претходно денес.

Според началникот на Воената администрација на градот Киев, Тимур Ткаченко, и градските власти, пријавени се штети во неколку делови од градот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар во сендвичара во Центар (ВИДЕО)

Пожар избувнал вечерва во сендвичарата Бејкинг Бред во центарот на Скопје.

Пожар во сендвичара во Центар (ВИДЕО)

На местото на настанот интервенирале екипите на противпожарната бригада и МВР.

Се уште не е познато како настанал пожарот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер