Бугарското МВР го примило известувањето дека Македонија ја бара Михаилова - Канал 5

Бугарското МВР го примило известувањето дека Македонија ја бара Михаилова

Бугарското министерство за внатрешни работи го примила известувањето од Македонија дека ја бара Ива Михаилова, откако вчера беше распишана меѓународна потерница по неа..

Бугарското МВР го примило известувањето дека Македонија ја бара Михаилова

Како што објави бугарската национална телевизија – БНТ, дирекцијата за меѓународна оперативна соработка при бугарското МВР примило порака од Интерпол - Скопје со како што се наведува, барање за меѓународна потрага заради апсење и екстрадија на Михаилова, обвинета за кршење на сообраќајни правила..

БНТ пишува дека во моментов, немало издадена црвена потерница и дека бугарските власти не преземаат никакви мерки за да утврдат каде се наоѓа Михаилова..

Од бугарското министерство за внатрешни работи, во одговорот до медиумите, постетува дека согласно уставот, државјанин на Бугарија не може да биде екстрадиран во друга држава или на меѓународен суд заради кривично гонење, освен ако тоа не е предвидено во меѓународен договор ратификуван, објавен и стапен во сила...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: 59 години МАНУ - тврдина на македонското знаење, творештво и идентитет

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска присуствуваше на одбележувањето на 59 години од основањето на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).  

Ѓорѓиевски: 59 години МАНУ - тврдина на македонското знаење, творештво и идентитет

- На покана на претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, мој драг пријател, имав чест да присуствувам на одбележувањето на овој значаен ден за македонската наука и уметност. Силата на една нација се огледува во знаењето што го создава, културата што ја негува и наследството што им го остава на идните генерации. Токму затоа, МАНУ има посебно место во нашиот национален и општествен развој. Особено задоволство ми беше што бев меѓу истакнати претставници на научната мисла од Македонија и од регионот, со кои разговаравме за теми од значење за иднината на Скопје. Нивното знаење, искуство и визија се драгоцена поддршка во создавањето град што се развива, го почитува своето наследство и отвора нови можности за генерациите што доаѓаат – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека Македонската академија на науките и уметностите со децении е столб на научното и уметничкото творештво и на интелектуалниот и духовниот развој на Македонија. Со својот авторитет и интегритет, таа има непроценлива улога во проучувањето, афирмацијата и зачувувањето на македонскиот јазик, култура и идентитет, како и во унапредувањето на меѓусебното почитување и соживотот меѓу заедниците.

- Почитта кон ваквите институции ја покажуваме и преку конкретна грижа. Како Град Скопје, започнавме со хортикултурно уредување на просторот околу МАНУ, за ова значајно средиште на знаењето и творештвото да добие поубаво и поуредено опкружување, достојно на неговото значење – истакна Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски упати искрени честитки до Соња Должан од Словенија, овогодинешната добитничка на меѓународното признание „Блаже Конески“, со желби за уште многу успеси и нови творечки достигнувања, а на сите членови и соработници на МАНУ им го честиташе празникот, со длабока почит кон нивната работа и придонес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од пракса до вработување-кои се очекувањата на студентите а кои на компаниите?

Како полесно до реализација на професионалната кариера?

Од пракса до вработување-кои се очекувањата на студентите а кои на компаниите?

Од факултетските клупи до првото работно искуство. Студенти, дипломирани инженери и претставници на 18 компании денеска на едно место, во потрага по нови професионални можности.

На Машинскиот факултет во Скопје започна дводневниот Саем за пракса и вработување, на кој младите имаат можност директно да разговараат со работодавците, да се информираат за слободните позиции и да го направат првиот чекор кон својата кариера.

Дали лесно се наоѓа пракса или работа по завршувањето на студиите? Што очекуваат од компаниите?

Покрај можностите за вработување, фокусот е ставен и на практичната работа, преку која младите можат стекнатото теоретско знаење да го применат во реална работна средина. Токму ваквата соработа меѓу факултетите и компаниите треба да им помогне на студентите полесно да преминат од образованието кон пазарот на трудот.

-Целта е да се обезбеди лесно наоѓање на пракса, изработка на семинарски работи и дипломски работи во овие но и во други компании/ Интересот на вработување инженери е голем , ние сакаме со ваквите настани да овозможиме студентите својата пракса и вработување да ја дадат во домашни услови а не да ни избегаат во странство“.

Од другата страна, за студентите ваквите саеми се можност одблиску да се запознаат со барањата на компаниите, но и да дознаат какви услови и можности за професионален развој им се нудат.

-Од гледна точка на студентите ние сме навистина среќни што факултетите организираат саеми за пракса и вработување затоашто на нас студентите кога на факултет имаме задолжителби предмети и пракса навистина ни е потребно да дојдат компаниите, да ни се претстават и ние да можеме да си го пронајдеме нашиот кариерен пат, - Ана Шоповска заменик правобранител на Машински.

Од факултетот најавуваат дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина, но очекувањата и на студентите се овие првични средби да прераснат во конкретни можности за пракса но и вработување на младите инженери.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Системот вакцинација.мк профункционира, Клековски вели вакцините пристигнале

Проработе порталот „вакцинација.мк“ преку кој граѓаните електронски можат да се пријават за имунизација против грип.

Системот вакцинација.мк профункционира, Клековски вели вакцините пристигнале

Министерот за здравство Сашо Клековски се извини поради техничките проблеми и појасни дека регистрација за вакцинација против сезонски грип на порталот кој е поврзан со националниот систем „Мој Термин“. Граѓаните по пријавувањето добиваа СМС-известување со датумот, часот и местото за вакцинација, а според здравствените власти први за вакцина ќе бидат најранливите групи.

-Се завршуваат последните технички проблеми, знаете дека 18 месеци „мој термин“ нема договор за одржување. Се разрешуваат тие, ќе биде активна. Им се извинувам на граѓаните дека доцниме еден ден во однос на најавеното, меѓутоа, вакцините се пристигнати, а пријавувањето ќе започне час поскоро.... - Сашо Клековски – министер за здравство.

Додека се чекаат првите 30.000 вакцини и физички да пристигнат до поликлиниките, од вакциналните пунктови велат дека граѓаните доаѓаат да прашаат и први да дознаат детали, бидејќи од година во година интересот за вакцината против грип расте.

Дека интересот е на високо ниво потврдуваат и дел од граѓаните што ги пресретнавме пред болниците.

Според здравствените власти вакцинацијата против грип глобално задоцнила поради доцното прецизирање на доминантните соеви на инфлуенца за сезонава, но уверуваат дека како и секоја година кај нас ќе почне на време, од 16-ти до 25 октомври. Засега има 30.000 вакцини, најавено е дека ќе пристигнат уште 26.000, а се прават напори за обезбедување на точно 80.000 вакцини што се очекува да бидат доволни.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер