Кузеска: Граѓаните гледаат кој медиумски ја спонзорира Платформата ЗНАМ 2.0 - покровителот е арамијата Мицкоски
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче треба да се свести и да си ги решава состојбите во партијата, а не да се жали дека други се криви што СДС се распаѓа
1Кузеска: Граѓаните гледаат кој медиумски ја спонзорира Платформата ЗНАМ 2.0 - покровителот е арамијата Мицкоски
2ВМРО-ДПМНЕ: Филипче треба да се свести и да си ги решава состојбите во партијата, а не да се жали дека други се криви што СДС се распаѓа
3ВМРО-ДПМНЕ: Во Чешиново Облешево се работи на локална инфраструктура, чистење на диви депонии и подобри услови за млади
КултураБугарскиот писател Георги Господинов добитник на наградата „Прозарт“Најпреведуваниот современ бугарски прозен автор Георги Господинов е добитник на наградата „Прозарт“ за 2016 година на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ кој во организација на издавачката куќа „Икона“ ќе се одржува од 29-ти до 31 мај.Писателот на 31 мај во Даут-пашин амам ќе ја прими наградата која фестивалот му ја доделува за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот. Георги Господинов е најпреведуван современ бугарски прозаист со бројни афирмативни критики од познати европски и американски проследувачи на литературата, за своите три прозни дела: „Природен роман“, „И други приказни“ и „Физика на тагата“. - Уште од своите студентски денови со својот особен раскажувачки глас, автентичен стил на раскажување и необично откачена духовитост, се наметна како исклучително име на новата бугарска литература. Покрај бројните книжевни признанија, тој многу брзо добива и голем број приврзани читатели во Европа и САД, а меѓу нив и голем број почитувачи во Македонија, изјави Александар Прокопиев, уметнички директор на „ПРО-ЗА Балкан“. Последна преведена книга од Господинов на македонски е „Физика на тагата“ во превод на македонски јазик на Душко Крстевски, а во издание на „Или-Или“. Претставник од Македонија на годинашното издание е академик Луан Старова, чиј најнов роман „Враќањето на козите“ беше објавен неодамна. Се работи за своевидно продолжение на „Времето на козите“, дело кое досега е преведено на повеќе од дваесет јазици. Како што информира организаторот, на фестивалот повторно ќе дојде и писателот, професор, уредник, долгогодишен претседател на жирито за доделување на наградата „Виленица“ на истоимениот фестивал – Андреј Блатник од Словенија. Од Турција ќе учествува Асли Перкер, една од најпопуларните млади писателки чии дела се продаваат во тиражи од стотици илјади. Делата на Перкер се преведени на над 20 јазици, а издавач во Македонија е „Бата Прес“. Српската литература оваа година е претставена со двајца гости - Марко Видојковиќ и Звонко Карановиќ. Нивни дела се објавени во издание на „Македонска реч“ и „Блесок“. Карановиќ е дел и од книжевната резиденција во Скопје во организација на „Готен“. Во рамките на ПРО-ЗА Балкан ќе се одржи програмата „Skopje fellowship“ на која, како што претходно беше најавено, гости ќе бидат Џон О'Брајан, основач на „Далки архив прес“ како и литературен агент и четири издавачи од Германија. Со помош на Фондацијата „Курт Волф“, гости на фестивалот ќе бидат издавачите Јерг Сандермајер од „Вербрехер”, Флориан Грундај од „Валштајн“, Рајнер Хелчл од „Опен хаус“, Севастос Самбсунис - „Гресенван“ и литературниот агент Кристине Лиштау од литературната агенција „Антас Биндерман Лиштау“. Поради забележителното германско учество, фестивалот на 30 мај во ЕУ инфоцентарот ќе организира и тркалезна маса насловена „Независни издавачи од Германија и превод на литературата од Балканот: мапирање на реалноста“. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКузеска: Граѓаните гледаат кој медиумски ја спонзорира Платформата ЗНАМ 2.0 - покровителот е арамијата МицкоскиВчера објавивме кој му го плаќа лобирањето на Мицкоски во Америка.Приватна фирма за муниција, оружје. FARA 6170. 1,56 милиони долари годишно. Човек уапсен за мито околу оружје. Казна платена од човек од кокаински канал. Го објавивме и планот за рудниците - антимон, Иливица–Штука, Казан Дол. Распрoдажба на земјата. За нив провизија. За народот отров. Нема одговор од организираната криминална група. Има кампања против претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче. Ги открија сите карти. Орбановите и медиумите на Вучиќ во Македонија. Таканаречени независни аналитичари како ВМРО-овецот Јове Кекеновски. Соработници на БИА. Геро, Ивона, Латас по социјални мрежи. Ботови на СНС. Трол-фарми преку израелска фирма. Затоа и министрите од ЗНАМ 1.0 јавно им даваат поддршка. ЗНАМ 1.0 со јавна поддршка за на ЗНАМ 2.0. Сите заедно против единствениот бастион на слободата - СДСМ. Сите заедно против Филипче, кој секој ден се бори против оваа банда, на терен, со граѓаните, со народот што едвај го врзува крајот со крајот. Ете, граѓаните сега имаат црно на бело. Тендери за основачите на Платформата „за иднината на Мицкоски“. 1,6 милиони евра. Помалку од Гета. Повеќе од нивната чест. Нема да помине. Готово е со дефокусот. Со лагите. Со црните кампањи. Со Дубаи и Харис Џиновиќ. Доаѓа време на вистина и правда. Сите ќе одговараат. Власта ќе ја вратиме во рацете на граѓаните. Бандата ќе одговара, рече Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче треба да се свести и да си ги решава состојбите во партијата, а не да се жали дека други се криви што СДС се распаѓаТалогот на СДС и Венко Филипче најдобро е да престанат да плачат во јавност. Ако продолжат да плачат очигледно им е јасно дека тонат во опозицискиот блок.Венко Филипче и талогот од СДС треба да прекинат со жалби дека ВМРО-ДПМНЕ му ја раситнува партијата. Филипче треба да се свести и да си ги решава состојбите во партијата, а не да се жали дека други се криви. Тоа што лица излегуваат од СДС и самостојно настапуваат, очигледно е дека внатре во самата партија што би се рекло народски, смрди. Затоа на Филипче и талогот да им е јасно, прво, на ВМРО-ДПМНЕ му одговара ваков СДС, второ ВМРО-ДПМНЕ не сака, ниту има намера да се меша во нивните работи, времето се троши продуктивно на спроведување проекти во интерес на граѓаните и државата, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Во Чешиново Облешево се работи на локална инфраструктура, чистење на диви депонии и подобри услови за младиВо општина Чешиново Облешево изминатава година се работи на подобрување на условите за живот на граѓаните и создавање подобри можности за семејствата, младите и најмладите. Во делот на поддршката за семејствата, секое прваче доби финансиска поддршка од 3.000 денари, додека за секое првородено дете семејствата добија парична помош од 6.000 денари. Исто така, младите брачни парови се ослободуваат од комунални трошоци за изградба на дом. Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, вложува и во подобрување на локалната инфраструктура. Реконструирани се улиците „Сремска“, „Јоаким Крчовски“, крак на улицата „Први мај“ и „Осоговска“, а во завршна фаза се улиците „Маршал Тито“ и „Прохор Пчински“. Посебно внимание се посветува на најмладите и на создавањето подобри услови за нивниот развој. Во тек е проширувањето на детската градинка во с. Облешево, со цел зголемување на капацитетите. Изграден е и нов парк во Облешево со детски реквизити, а реконструиран е спортскиот терен во ООУ „Страшо Пинџур“ Соколарци. Во насока на создавање почиста и поуредна животна средина, исчистени се диви депонии, а предвидена е и набавка на мулчер и нова компресорска цистерна. Општината формираше и Земјоделски совет, кој ќе работи на изнаоѓање конкретни решенија за проблемите со кои се соочуваат земјоделците и ќе придонесе за подобра комуникација и поддршка на земјоделскиот сектор, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook