Зошто некои луѓе не успеваат да заштедат: Психологија на сиромаштијата што ги држи луѓето во маѓепсан круг
2 Зошто некои луѓе не успеваат да заштедат: Психологија на сиромаштијата што ги држи луѓето во маѓепсан круг
БалканБугарскиот парламент го одби предлогот на Радев за референдум за еврото Претседателката на бугарскиот парламент, Наталија Киселова, го отфрли предлогот на претседателот Румен Радев за организирање референдум за воведување на еврото, велејќи дека тоа е спротивно на уставот, објави бугарската новинска агенција БТА.Радев предложи одржување референдум за воведување на еврото следната година. „Дали се согласувате дека Бугарија треба да ја воведе единствената европска валута „евро“ во 2026 година?“ е прашањето што би се поставило. Владата го критикуваше тоа, а еден министер рече дека тоа е обид за саботирање на нејзините напори за воведување на еврото. Враќајќи го предлогот, Киселова рече дека тој не е во согласност со неколку членови од бугарскиот устав и договорот за ЕУ, како и со одлуката на бугарскиот Уставен суд. Бугарскиот Уставен суд претходно го отфрли барањето за организирање референдум за воведување на еврото. Бугарската влада планира да го воведе еврото во јануари доколку Европската комисија и Европската централна банка во јуни оценат дека земјата ги исполнила сите критериуми.Тагови: Радев еврото Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски вели дека од денес техничката вода во Гостивар е чиста. Дали му верувате?Над 4.070 граѓани во Гостивар побарале медицинска помош.Вчера беа регистрирани уште 125 прегледи на лица со симптоми, а едно дете е хоспитализирано во болница. Водата била загадена со фекалии. А институциите молчеле. Симптомите почнале на 14 јули. Епидемија е прогласена дури на 19 јули. Цели пет дена институциите не ја информирале јавноста навреме и не презеле мерки. Додека граѓаните масовно завршувале по амбуланти и болници. Министерот Клековски потврди дека имало отстапувања во примероците. Но, предупредувањето дојде доцна. Ова не е технички пропуст туку системски колапс. Кога институциите молчат додека илјадници луѓе се трујат, тогаш повеќе не зборуваме за грешка. Зборуваме за однос кон граѓаните. Одговорноста е јасна. Прашањето е само кога некој конечно ќе ја преземе. Мицкоски вели дека од денес техничката вода во Гостивар е чиста. Дали му верувате?, сде наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПочнува 48. Илинденски коњички марш, коњаниците тргнуваат од Горно Лисиче кон КрушевоОколу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки, вечерва во 18 часот, од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, ќе тргнат кон Крушево.Околу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки, вечер, во 18 часот, од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, ќе тргнат кон Крушево, продолжувајќи ја речиси петдецениската традиција посветена на чествувањето на Илинден и на македонските херои. Општина Аеродром ги поканува граѓаните да присуствуваат на свеченото испраќање на учесниците на 48. Традиционален Илинденски коњички марш, што ќе се одржи во пресрет на одбележувањето на големиот државен празник – 2 Август, Илинден, во организација на Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978“. – На 31 јули, коњаниците од Горно Лисиче ќе се обединат со учесниците од Свети Николе, Кичево и Битола, испраќајќи силна порака за единство, почитување на традицијата и зачувување на македонското историско наследство – информира прес-службата на Општина Аеродром.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГостивар се очекува денеска да добие техничка вода По една недела ограничено користење на водата и интензивни активности за санација на водоводниот систем, Гостивар денеска се очекува повторно да добие технички исправна вода за употреба.Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека последните анализи по спроведеното хиперхлорирање на водоводната мрежа покажуваат подобрување на состојбата, а надлежните институции треба официјално да ја потврдат исправноста на водата за техничко користење. „Екипи од Скопје од Водовод се во Гостивар, работат на хиперхлорирање на инсталациите. Резултатите се веќе добри и очекувам да излезе соопштение дека водата е технички исправна за користење. Во рекорден рок од една недела тоа се санираше“, изјави Мицкоски. Тој додаде дека Владата ги презела сите мерки што биле во нејзина надлежност, додека за утврдување на евентуална одговорност за состојбата во Гостивар надлежно е Јавното обвинителство. „Целосната одговорност и ингеренциите за тоа што се случи во Гостивар се кај ЈО, а тие понатаму ќе утврдуваат дали има потреба од дополнителна одговорност“, рече премиерот. Во однос на критиките од опозицијата, Мицкоски порача дека Владата останува насочена кон решавање на проблемите и обезбедување нормални услуги за граѓаните. Кризата со водоснабдувањето во Гостивар започна минатата недела, откако по појавата на повеќе случаи на гастроентеритис беше прогласена епидемија и започна истрага за можно загадување на водоводниот систем. Во рамките на истрагата беа приведени директорката на гостиварското јавно комунално претпријатие Артана Асани, техничкиот директор Леон Мезини и раководителот на секторот за водоснабдување Вадедин Даути. Поради проблемите со водата беа организирани пунктови и цистерни за техничка вода, а помош пристигна и од повеќе општини, Армијата и државните институции кои обезбедуваа вода за населението. Во меѓувреме, стручни екипи од скопски „Водовод“ спроведоа дополнителни анализи и хиперхлорирање на системот со цел отстранување на микробиолошката контаминација и целосно нормализирање на состојбата. Според најавите, безбедна вода за пиење гостиварци треба да добијат откако ќе бидат завршени сите контролни анализи и ќе биде потврдена целосната исправност на системот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00