Бугарскиот министер Демерџиев бара средба со министерот Спасовски - Канал 5

Бугарскиот министер Демерџиев бара средба со министерот Спасовски

Министерот за внатрешни работи на Бугарија Демерџиев бара нова средба со македонскиот колега, Спасосвки, до крајот на неделата, но овој пат да биде во Делчево.

Бугарскиот министер Демерџиев бара средба со министерот  Спасовски

Во изјавата за бугарските медиуми, Демерџиев кажа дека денеска го исполнил ветувањето и испратил генератори за трите гранични премини, но освен техничките проблеми, тој смета дека во саботата не бил до крај испочитуван договорот со македонското МВР за непречено чествување на гробот на Гоце Делечв во Скопје од страна на бугарските државјани.

-Група бугарски граѓани беа запрени на границата, а над 40 минути беа проверувани полициските сили за кои имаше одбрение да ме придружуваат на таа посета. Ние презедовме дејства со Министерството за надворешни работи уште истиот ден. Побарав објаснување зошто и кои се причините, а како прва причина ние беше споменато прекин во електричната енергија, па денеска праќам три генератори на трите пункта за да има струја.изјави – Иван Демерџиев – Министер за внатрешни работи на Р. Бугарија.

Ја поддржуваме комуникацијата, но сакам македонската страна да разбере дека патот кон добрососедските односи и патот кон Европа минува низ дејствија, а не низ зборови. Дејствијата треба да соодветствуваат на зборовите.

Претходно за случувањата на граничниот премин Деве Баир реагираше и бугарското МНР, на што ескпресно одговори македонското МНР. Посочија дека домашните институции се должни да ги преземат сите мерки за да се спречат провокации, тензии и инциденти кои можат да ја загрозат националната безбедност, јавниот ред, здравјето на луѓето и меѓународните односи на државата.

-И покрај искажаната волја, Р. Бугарија не направи доволно напори да спречи пристапување на радикални поединци на граничниот премин Деве Баир, овозможувајќи на тој начин, дел нив да се однесуваат агресивно, да ги навредуваат и да применат насилство кон претставниците на гранична полиција на . Македонија. -МНР.

Најсериозниот инцидент на границата беше приведувањето на тројца бугари, меѓу кои пратеникот на радикалната Преродба, Ангел Георгиев. Нив, судот во Крива Паланка им изрече забрана за влез во Македонија во наредните три години и казна од 300 евра, поради вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови однесување кон македонските полицајци, како и обид за физички напад.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Торнадо направи пустош во Германија- има загинати и повредени (ВИДЕО)

Силна бура проследена со торнадо погоди многу делови од Германија преку ноќ, оставајќи пустош зад себе. 

Торнадо направи пустош во Германија- има загинати и повредени (ВИДЕО)

Бурата уби една жена, повреди неколку лица, сериозно оштети домови и уништи автомобили.

Покраините Тирингија, Хесен и Баварија беа особено тешко погодени, додека во Бранденбург торнадо ги проби улиците на Фирстенвалде и предизвика голема материјална штета.

Покривитеостанаа безѐ ќерамиди, бројни дрвја беа искорнати, а делови од згради беа расфрлани по улиците.

Според локалните медиуми, тинејџер е повреден кога дрво паднало врз автомобилот што го управувал. 18-годишниот возач бил заробен во возилото и морале да го извлечат пожарникарите.

Бурата била фатална и во Рајнска област-Пфалц, каде што една жена (58) била убиена од паднато дрво, додека нејзиниот сопатник (47) бил сериозно повреден.

Во Хесен, бурата оштетила бројни куќи, некои толку лошо што сега се непогодни за живеење. Само во Вецлар, околу 60 куќи биле погодени, според пожарникарите.

Делови од покриви летаа до 100 метри. Во Лаубах, паднато дрво удри во резервоарот за гас на станбена зграда. Поради истекување на гас, област во радиус од 200 метри мораше да биде евакуирана.

Во Тирингија, пожарникарите интервенираа 20 пати поради последиците од бурата. Југот на покраината беше најтешко погоден.

Хаос и во Баварија

Во Баварија, бројни дрвја паднаа на патишта и автомобили, а паркирана приколка беше погодена. Никој не беше повреден.

Панаѓур во баварскиот град Кронах мораше делумно да биде евакуиран. Околу 3.500 гости мораа да го напуштат отворениот простор доцна во среда навечер. За среќа, прославите можеа да продолжат во пивниците.

За потсетување, метеоролозите предупредија дека бурите од суперќелии ѝ се закануваат на Европа и би можеле да предизвикаат општ хаос во следните два дена што би можел дури и да влијае на соседството! Се предвидуваат повеќе бранови интензивни бури од суперќелии и суперќелии од источна Шпанија преку Балеарските Острови, јужна Франција, Швајцарија, Австрија и северно-централна Италија, до Словенија и Хрватска. Можни се голем град, силни ветрови, обилни врнежи од дожд што би можеле да предизвикаат ненадејни поплави и торнада.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски: Размена на искуства и нови можности за соработка со Чешка во областа на дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста

Размената на искуства и добри практики, како и отворањето нови можности за соработка со Чешката Република во дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста.

Андоновски: Размена на искуства и нови можности за соработка со Чешка во областа на дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста

Размената на искуства и добри практики, како и отворањето нови можности за соработка со Чешката Република во дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста, беа во фокусот на семинарот „Дигитализација на јавната администрација – размена на искуства и добри практики со Чешката Република“, кој се одржа денеска во организација на Министерството за дигитална трансформација.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски го пречека Н.Е. г. Петр Мацинка, заменик-премиер и министер за надворешни работи на Чешката Република, по што двајцата министри со поздравни обраќања официјално го отворија семинарот.

Посакувајќи им добредојде на министерот Мацинка и на чешката делегација, министерот Андоновски истакна дека дигитализацијата не е само технолошки процес, туку суштинска трансформација на начинот на кој функционира државата и на кој граѓаните ги остваруваат своите права и ги користат јавните услуги.

„Она што сакаме да го постигнеме е државата да биде поедноставна и поблиска до граѓаните и компаниите, со услуги кои се достапни, брзи и лесни за користење. За нас, дигитализацијата има смисла само доколку носи реално подобрување во секојдневието – помалку административни чекори, помалку чекање и поголема сигурност и предвидливост за секој граѓанин и за секоја компанија“, нагласи Андоновски.

Тој посочи дека Министерството работи на развој на дигиталните услуги, подобро поврзување на институциите, унапредување на интероперабилноста и создавање посигурна дигитална инфраструктура.

Министерот Андоновски ја нагласи важноста на меѓународната соработка и размената на практични искуства, оценувајќи дека знаењето и конкретните решенија на Чешката Република можат значително да придонесат кон натамошниот развој на дигиталната трансформација во земјава.

„Денешниот семинар го гледам како многу повеќе од презентација на две различни искуства. Го гледам како можност да започнеме нова, поконкретна и подлабока соработка меѓу Македонија и Чешката Република во областа на дигиталната трансформација“, истакна Андоновски.

Посебен акцент беше ставен и на сајбер-безбедноста како неопходен дел од процесот на дигитализација.

„Колку повеќе услуги и процеси се дигитализираат, толку поважно е граѓаните да имаат доверба дека нивните податоци се безбедни и дека системите на државата се отпорни. Затоа, дигитализацијата и сајбер-безбедноста мора да одат рака под рака“, порача министерот.

Претставниците на чешката делегација ги презентираа искуствата и успешните практики на Чешката Република во дигитализацијата на јавната администрација. Во рамките на дискусијата беа разгледани можностите за понатамошна соработка, воспоставување партнерства и реализација на заеднички иницијативи и проекти, вклучително и во областа на сајбер-безбедноста.

Министерот Андоновски изрази уверување дека семинарот ќе биде почеток на нови иницијативи, партнерства и конкретни проекти меѓу двете земји во областа на дигиталната трансформација.

Кабинет на Министер

Стефан Андоновски,

Министер за дигитална трансформација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Ислам Абази го спаси Филипче, откако Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО со години го чуваа предметот во фиока

Ислам Абази го спаси Филипче, откако Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО со години го чуваа предметот во фиока.

Манасиевски: Ислам Абази го спаси Филипче, откако Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО со години го чуваа предметот во фиока

Аргатот на Заев, Филипче и Ахмети, Ислам Абази шефот на ОЈО ГОКК, го затвори предметот за градењето на 19 модуларни болници во време на КОВИД кризата, од кои во една се запалија 14 наши сограѓани.

Од 10 септември 2021 година, од кога е оформен предметот, до ден денешен, 20 август 2026 година, точно 5 години подоцна, ОЈО ГОКК предводенo од Абази, вели дека не постои основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања при јавните набавки.

Да потсетиме, за да бидат поставени модуларните болници, односно пред да се случи пожарот во модуларната болница каде што живи горат 14 наши сограѓани, Филипче и Зоран Заев наместо да ги подобрат стандардите на болниците, тогашното Министерството за транспорт и врски, по предлог на владата, го менува Законот за градење по итна постапка, со цел овој тип на објекти да ги преместат во урбана опрема за чие поставување и одобрение ќе издава МЗ или тогашниот министер, Венко Филипче. Што значи, Филипче е директно одговорен за поставување на модуларните болници, и секако за се што се случило по тоа.

Дополнително, Филипче не потпишал минимум технички спецификации ниту пак направил елаборат за електрична енергија. Со тоа, Филипче е директниот виновник за пожарот во тетовската модуларна болница на 8 септември 2021 година.

Исто така, да не заборавиме и дека објектот во Тетово бил поставен директно над резервоар на бензиска станица.

Почитувани граѓани,

Овој предмет го воделе прво Вилма Русковска, за потоа да оди во фиоките на обвинителката од СЈО, Елизабета Јосифовска и таму да фаќа прашина по фиоки, за на крај да оди кај трета обвинителка, која вели дека не постои основано сомнение за сторен криминал.

Затоа и денес токму Филипче не даде коментар за одлуката на ОЈО ГОКК за затворање на предметот, која тој веќе однапред ја знаел, бидејќи бил известен.

На само некој месец, од заминувањето од функцијата шеф на ОЈО ГОКК, аргатот Ислам Абази си ја одработува својата задача, и ги заштитува своите шефови.

За крај, тоа што денес е затворена истрагата, не мора да значи дека утре нема да излезат нови докази и повторно да се отвори истата постапка, рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер