Бугарската влада положи заклетва – Румен Радев избран за премиер - Канал 5

Бугарската влада положи заклетва – Румен Радев избран за премиер

Со 124 гласа „За“, 70 Против и 36 воздржани бугарското народно собрание го избра кабинетот на Румен Радев. 

Бугарската влада положи заклетва – Румен Радев избран за премиер

Поддршка доби само од неговата партија „Прогресивна Бугарија“ која убедливо победи на изборите, пратениците на ГЕРБ беа воздржани, а останатите пратенички групи гласаа против. Во обраќањето пред парламентот, Радев ги посочи идните приоритети кои кажа ќе се фокусираат на борбата против криминалот и корупцијата, а иако Македонија не беше спомената, сепак нагласи дека ќе работи на заштита на бугарските национални итенреси.

-Ние ќе се придржуваме кон нашата целосна програма за ликвидирање на олигархиската контрола врз државата и медиумите. Прекин на достапноста до јавни ресурси и рекет врз бизнисите. Утврдување на владеење на правото. Ќе работиме за зачувување на мирот и недозволување за вовлекување на Бугарија во воените конфликти околу нас. Достојна и активна Бугарија во Европа и пред светот. Заштита на националниот суверенитет, одбрана на бугарските интереси и конструктивен пристап во сојузите во кои членуваме,- - Румен Радев – Премиер на Бугарија.

Владата на Радев ќе има четири вицепремиери и 18 министри, за нова шефица на дипломатијата пак, избрана е Велислава Петрова Чамова која на позицијата доаѓа откако претходно беше заменик-министерка за надворешни работи во владата на Кирил Петков, кога министерка беше Теодора Генчовска со која земјава ги потпиша двата протокола. Петрова Чамова во тој период е позната и по изјавата дека Бугарија нема потреба да ја блокира земајва, бидејќи Македонија според неа, сама си наметнала вето на евроинтегративниот пат

-Јасно е наведено дека за да можат продолжат по евроинтегративниот пат, мора да го променат уставот. Во случајот нема потреба ние да ставаме било какво вето бидејќи тие додека не го направат тоа, нема како да продолжат напред,- - Велислава Петрова Чамова – Министерка за надворешни работи на Бугарија.

Петрова Чамова инаку, на позицијата доаѓа како поранешен кадар на партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“. Сепак, новиот бугарски премиер Радев порача дека станува збор за професионалци кои според него, ќе ги исполнат зададените задачи. Сличен став има и претседателката Јотова која порача дека очекува брзи резултати од новата влада.

-Јас не сметам дека тие се влезени во владата на Радев како кадри на „Има таков народ“ очигледно проценета е нивната експертиза и тие му дале на господин Радев голема доверба и надеж дека ќе се справат добро,- - Илијана Јотова – Претседателка на Владата.

Новата стабилна бугарска влада инаку, доаѓа по период на политички кризи, и осум предвремени парламентарни избори за пет години, од кои имаше само две стабилни влади. Последната политичка влада пак, падна на крајот на минатата година, по бранот на антивладини протести.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности.

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен.

Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности.

Таа изрази благодарност за принципиелната поддршка од Австрија на македонскиот евроинтегративен пат и за нејзината посветеност кон стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан.

Соговорниците разменија мислења за иднината на европскиот проект и процесот на проширување на Европската Унија, при што беше нагласено дека неговата кредибилност се гради врз јасни правила, еднакви критериуми и заслуги, а европската перспектива мора да остане реална и достижна за земјите кандидатки.

Сиљановска-Давкова истакна дека проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа.

Обајцата укажаа на можностите за продлабочување на македонско-австриската соработка во економијата, енергетиката, климатските политики, образованието и културата.

На средбата беше изразена подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво, а како конкретен чекор во таа насока беше договорено да се реализира официјална средба меѓу двајцата претседатели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено

Јавното обвинителство ги следи состојбите и доколку детектира кривично правен настан во случајот со АЛТА банка ќе постапи согласно законските надлежности

Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено

Јавното обвинителство ги следи состојбите и доколку детектира кривично правен настан во случајот со АЛТА банка ќе постапи согласно законските надлежности, одговори државниот обвинител Ненад Савески на надзорната расправа во Собранието на прашањата од пратеникот на СДСМ Миле Талески поврзани со сомнежи за евентуални незаконски дејствија.

На надзорната расправа за АЛТА банка, се објавуваа документи и записници- имало ли влез на сомнителен капитал во домашната банка и од кога и со чии одлуки?

Премиерот Мицкоски рече дека уште во 2023, владата на СДСМ и ДУИ дава насоки да се влезе во деловни односи со Давор Мацура.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче одговори дека ова е брутална лага. Пратеничката од СДСМ и претседателка на комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска, по исцрпувањето на листата на повикани сведоци за првиот ден, доцна синоќа ја прекина расправата и најави дека продолжението и агендата дополнително ќе се утврдат на координација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно и релативно топло

Времето денес ќе биде променливо облачно и релативно топло. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла.

Променливо облачно и релативно топло

Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.

Во Скопје, претежно облачно, во делови од котлината ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во петок ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер