Бугарската влада ја утврди позицијата за преговарачката рамка, но детали нема

Бугарија ја стокми позицијата во пресрет на клучниот Совет за општи работи во вторник.

Но, во ставот, утврден на вчерашната владина седница, не се откриваат детали, освен позитивните заложби за европската перспектива на Западен Балкан.

-Бугарија е меѓу најсилните застапници на процесот на проширување на Европската унија. Нашата земја ја крена темата високо на агендата на ЕУ за време на нејзиното претседателство со Европскиот совет во 2018 година., се вели во соопштението на владината прес служба.

Последната официјална позиција на Софија, вчера пред пратениците ја изложи вицепремиерот Каракачанов, кој порача дека под актуелните околности Софија не може да даде согласност за одржување на првата меѓувладина конференција. Бугарскиот претседател Румен Радев во интервју за бугарската национална телевизија рече дека Македонија мора да одлучи дали ќе продолжи со идеологиите од минатато или ќе тргне кон демократската иднина.

-Тоа што загрижува е молкот на бугарската влада, која нема јасно изразена позиција, односно има правилна позиција, но нема јасно изразени механизми за да опстои на таа позиција. Она на што настојувам јас е во самото преговарачката рамка да се отвори посебно поглавје, односно поглавје 35, каде што ќе бидат утврдени сите критериуми за добрососедство и критериуми за отворање и затворање на поглавјето. Тогаш нивното спроведување ќе стане обврска не само за Бугарија, туку и за сите земји-членки на ЕУ., изјави Румен Радев, претседател на Бугарија

Во меѓувреме, бугарскиот весник „Труд“ повикувајќи се на свои извори, пишува дека Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите, а меѓувладината конференција за земјава откажана. Медиумот додава дека на состанокот во вторник воопшто и немало да се разговара на темата за Македонија, туку само ќе се презентирал извештај за напредокот на разговорите меѓу Скопје и Софија. Бугарија минатата недела на последниот состанок на амбасадорите на ЕУ ја блокира преговарачката рамка за Македонија, со образложение дека Европската Комисија не обезбедила гаранции за нејзините барања. Бугарија инсистираше условите да бидат вметнати во преговарачката рамка, а не во необврзувачка декларација на Советот на ЕУ.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер