Бугарската принцеза се појави во јавност, сите ги коментираат нејзините огромни мускули(ФОТО) - Канал 5

Бугарската принцеза се појави во јавност, сите ги коментираат нејзините огромни мускули(ФОТО)

По долго време, бугарската принцеза Калина е фотографирана во јавност и овие фотографии сега го обиколија светот.

Бугарската принцеза се појави во јавност, сите ги коментираат нејзините огромни мускули(ФОТО)

Калина, која ретко се појавува во јавноста, неодамна беше видена со сопругот Китина Муњоз и синот Симеон Хасан Муњоз во Софија.

Веднаш по објавувањето на фотографиите, на сите им падна во очи истото – нејзините мускулести раце.

Како што покажуваат фотографиите, Калина последниве години се посветила на тренинзите. Веќе во 2017 година, кога беа објавени нејзините фотографии од плажа во Бугарија, Калина имаше затегнато тело, но тогаш мускулите на нејзините раце не беа толку изразени.

Калина е единствената ќерка на кралот Симеон II. и неговата сопруга Маргарита, а е родено во Мадрид во 1972 година, како нивно петто дете. Во октомври 2002 година, принцезата се омажила за Муњоз, познат шпански морепловец и истражувач. Нејзиниот сопруг е 14 години постар од неа. Тие добија син во 2007 година, а Калина го именуваше по нејзиниот татко.

Често по објавувањето на нејзините ретки фотографии, многу луѓе го коментираат нејзиниот нос. Иако се шпекулираше дека Калина го оперирала носот, сепак тоа не е точно. Таа се здобила со полесна повреда кога ги скршила забите. За време на лекувањето ѝ се развила инфекција на вилицата, па морала да оди на сериозна операција за да спречи ширење на инфекцијата. Тоа влијаело и на изгледот на нејзиниот нос.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин најавува одмазда

Путин рече дека Русија ќе постигне победа.

Путин најавува одмазда

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека одговорите на Русија на нападите врз нејзина територија ќе бидат „слични, но многу пати посилни“, додавајќи дека спротивната страна ќе ги „чувствува последиците“ од таквите одговори сè повеќе и повеќе.

„Нашите одговори секогаш ќе бидат слични. Без разлика каде ќе се обидат да нападнат на руска територија, ние ќе одговориме со иста мерка, само неколку пати посилно. Непријателот ќе го почувствува тоа. Се надевам дека тој веќе го чувствува тоа. И ќе продолжи да го чувствува тоа во сè поголема мера“, рече Путин за време на обиколката на изложбата на Народниот фронт „Сè за победа!“.

Зборувајќи на форум во Националниот центар „Русија“, Путин рече дека Русија ќе постигне победа.

„Така функционира. Затоа победата нè чека, без сомнение“, рече рускиот лидер.

Путин, исто така, рече дека, и покрај тоа што западните земји се спротивставуваат на Русија, земјата продолжува да ја развива својата економија, да го зајакнува својот финансиски систем, да ги подобрува своите вооружени сили и да постигнува нови резултати во одбранбената индустрија.

„Често се поставува прашањето како е можно русофобичниот, агресивен дел од таканаречениот колективен Запад да се бори против нас, додека во исто време ние ја развиваме економијата, ги зајакнуваме финансиите, ги подобруваме вооружените сили, постигнуваме нови резултати во воено-индустрискиот комплекс и продолжуваме да се движиме напред“, заклучи Путин.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Мицкоски нема ниту еден резултат, реконструкцијата е само замена на имиња и нема да смени ништо

Претседателот на СДСМ, посочи  дека по две години владеење нема област во која Владата на ВМРО покажа резултати или граѓаните почувствувале некакво  подобрување.

Филипче: Мицкоски нема ниту еден резултат, реконструкцијата е само замена на имиња и нема да смени ништо

Мицкоски нема ниту еден резултат, ова е една реконструкција која е само замена на имиња, едни луѓе со други, oд оваа реконструкција граѓаните не можат да очекуваат буквално ништо, нагласи во денешната изјава за медиуми, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. Филипче посочи дека најавената реконструкција на Владата не претставува суштинска промена, Владата на Мицкоски нема напредок во ниту еден сектор, а граѓаните од реконструкцијата не можат да очекуваат какво било подобрување.

„Ова е една реконструкција која е само замена на имиња – едни луѓе со други. Од оваа реконструкција граѓаните не можат да очекуваат буквално ништо. Ама буквално ништо, исто како што не видоа никакви резултати и досега од работата на Владата“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ, посочи дека по две години владеење нема област во која Владата на ВМРО покажа резултати или граѓаните почувствувале некакво подобрување.

„Нема еден сектор во кој има некакви добри резултати. Нема една група на луѓе во државава која виде бенефит од оваа власт. Државата е целосно блокирана. Граѓаните тонат во сиромаштија. Цените растат без контрола. Нема раст на платите. Стандардот тоне. Ние останавме слепо црево на Балканот и во Европа“, изјави Филипче.

Притоа, Филипче додаде дека Владата го запре европскиот пат на државата, а премиерот Мицкоски отворено кажува дека нема намера да го продолжи евроинтегративниот процес.

„Гледаме како се однесуваат и кон стратешкиот правец на земјата. Го запреа европскиот пат по 30 години и тоа отворено го кажува премиерот – дека нема намера да го продолжи евроинтегративниот пат на земјата. Во тој контекст, нешто што не го кажуваме ние, туку го кажува во својот извештај Европскиот парламент – дека тука има влијание од српскиот свет, дека има центри на руските разузнавачки служби во Србија кои влијаат врз земјите во регионот, меѓу другите и врз Македонија, и не дозволуваат да продолжи евроинтегративниот пат“, рече Филипче.

Филипче нагласи дека Владата нема капацитет да понуди решенија за клучните проблеми на државата и граѓаните.

„Ете, такви луѓе ние имаме во Владата. Ние имаме целосно неспособен премиер, неспособен да реши ниту едно прашање, да направи државна стратегија, да направи било каква добра политика од која граѓаните и државата ќе видат бенефит“, изјави Филипче.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Што значи терминот „Илирија“ на македонски јазик, за главниот градски булевар да го носи тоа име, исто како и плоштадот? Кое е значењето на овој збор?

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Сојузот на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи Тетово будно ги следи сите изјави, реакции и настани од денот на укинување на неуставната и незаконска одлука за промена на имиња на улици во Тетово донесена од Советот на Општина Тетово во 2007 година.

Во отсуство на соодветни реакции од страна на државните институции и македонските политички партии со ова соопштение до јавноста сакаме да упатиме остра реакција, јавна осуда и да изразиме револт од предлогот за промена на имиња на улици поднесен до Општина Тетово од страна на политичката партија ДУИ под број 08-8681/1 на ден 08.07.2026.

Замолуваме внимателно да го прочитате секој збор подолу.

Сите да знаат дека 2026 година не е 2007 година. Револтот од сегашноста го надмина стравот од минатото кај граѓаните на Тетово, па денес никој нема да молчи. Ниту еден обид за историски ревизонизам, за оживување на поразените сили, за рехабилитирање на поединци дел од антидржавни проекти, движења и организации од било кој историски период, за промовирање на фашизмот и балистичките фашисти, за истакнување на терористи, озогласени злосторници кои кренале рака на народот и државата нема да помине. Исто така, во унитарната Македонија, каде рамноправно живее македонскиот народ со граѓаните од албанска, српска, турска, ромска, босанска и друга припадност, притоа градејќи ја македонската нација во современа, демократска и суверена држава, именувањето на улици во градот Тетово, со име на поединци со заслуги кои не се врзани со македонската нација, немаат универзално значење, туку се тесно врзани со историјата и општествените текови (или само со нивното еднострано толкување) на други држави и региони како Албанија, Косово и слично, не е прифатливо. Секој треба да знае дека во државата Македонија секој формален и неформален гест, секое именување на инфраструктурен објект мора да се гради низ официјалниот македонски историски наратив, а не истиот да се стави во сенка на нечии романтичарски, политички или популистички желби. Ова е држава со свој уставно-правен поредок и историско-правен развој, а не мегдан за лечење на фрустрации, на начин кој не е дозволен никаде, во ниту една држава во светот.

Денес јавно, јасно и гласно ги поставуваме следниве прашања:

Што значи терминот „Илирија“ на македонски јазик, за главниот градски булевар да го носи тоа име, исто како и плоштадот? Кое е значењето на овој збор?

Која е оправданоста протагонистот на призренската лига Абдул Фрашери, без никаква поврзаност со Тетово, ниту со Македонија, да го замени името на славниот тетовски партизан Радован Цониќ, кој на 27 април 1943 во својата младост загинал во Ново Село во борби против фашистите – балисти, борејќи се за слобода на градот Тетово и на татковината Македонија?

Со кое право би се избришало името на народниот херој Иво Лола Рибар симболот за младешкиот отпор низ сите земји на светската антифашистичка коалиција, човекот кој загинал на 27 години за слобода, за да се стави името „Дашморет е комбит“ (непреведено, а напишано на кирилица во одлуката од 2007 год.), кое нема никакво значење, а во превод значи „жртви од војната“, а не се знае, иако се претпоставува кој со ова треба да се прикаже како жртва?

Предложувањето улица да носи име на Мехметриза Муртезани Гега или на Абдула Калишта, е само јавно поддржување на сепаратизам, иредентизам и тероризам. Тој човек е само некој кој дејствувал против државните обележја и институции, а за сметка на обележја на други земји, без никаква заслуга за градот, народот и државата. Настаните од 1968 година се јасно претставени во историјата, па на овој начин се оди на нејзино ревидирање и рекомпонирање.

Предлогот оџите Махмуд Аслани, Реџеп Вока, Али Ефенди Метешеху, Хаџи Бари Ганија да добијат улица во Тетово е дел од тенденцијата за промовирање на нова исламизација. Предложените немаат општествени заслуги, туку само труд во религиското делување. Каде е името на Св. Кирил Тетоец – првиот канонизиран христијански светител од Тетово, каде е името на историски значајниот Митрополит Кирил, имињата на славните лешочки игумени? Еднострано наметнување на исламски дејци е тенденциозно.

Предложувањето улица да носи име „Чемерија“ е дел од долгогодишниот сон за т.н. „Голема Албанија“. Чемерија е термин употребуван од албанците за територијата во Грција за која сметаат дека треба да биде обединета во големата албанска држава. Зошто во Тетово било која улица би се викала „Чемерија“ и каква врска имаме ние со тоа? Во таа насока е и предлогот улица да носи име ЛПК по името на политичката организација од Косово, од која е создадена терористичката УЧК, чие делување нема никаква логика да биде славено во Тетово и низ Македонија, а само говори исто така за сецесионистичките аспирации на големоалбанските националисти.

Се предложува и името на милитантот Иса Болетини албански борец од Косово, кој нема заслуги за градот Тетово, ниту на било каков начин е поврзан со Македонија. Истото важи и за Авни Рустеми, милитант и активист од Албанија, или за предложениот Шех Мустафа активист на призренската големоалбанска лига.

Предложувањето на Џафер Сулејмани фашистичкиот градоначалник од времето на окупацијата за време на Втората светска војна е срамен чин. Човекот кој го водел градот во време на окупација не смее да добие таква чест. Тој е симбол на укинатата слобода и на сите ѕверства што тогашната управа на градот ги дозволила на недолжното цивилно население. Каде се имињата на градоначалниците од сите етникуми по ослободувањето како Илија Стојчевски, Иса Селмани, но и оние кои го одбележале периодот на галопирачки развој на градот како Кочо Тулески?

Неприфатливо е именувањето на улица и со името на Јусуф Реџепи, фашистички италијански шпион и балистички подофицир, кој по ослободувањето добил втора шанса од државата, а никогаш не и возвратил со лојалност. Истото важи и предложувањето на името на сепаратистот и активистот за поделба на Македонија и формирање на т.н. „Голема Албанија“ Шереф Казази, осуден криминалец.

Брутална навреда кон колективната меморија е предложувањето улица да носи име на терористот на ОВК Мујдин Алиу, по чие име подоцна беше именувана најкрволочната бригада на терористичката УЧК која ги изврши ѕверствата во Карпалак, Вејце и на други места врз припадниците на безбедносните сили на Македонија, хероите бранители и недолжното цивилно население.

Дрзок е предлагачот кога исто така го предлага името на Александар III Македонски, но именуван како Leka I Madh, термин измислен од големоалбанската матрица за присвојување на македонското античко наследство и промовирање на неточни тези за негово илирско потекло и родено име Лека.

Во срамниот предлог е вклучено и името Фадил Сулејмани, кој го предводел незаконски основаниот т.н. Тетовски универзитет надвор од законската рамка, па во целосна илегала и злоупотребувајќи ја положбата успеал за 4 месеци на својот син да му издаде факултетска диплома. Тука се надоврзува и името на Абдулселам Емини со еднаков општествен придонес и релевантност како и Сулејмани.

Предложеното име на признатиот фармацевт од САД Ферид Мурат нема никаква врска со градот Тетово. Неговиот татко е по потекло од Гостивар. Истото важи и за лингвистот Екрем Чабеј или предложениот актер Беким Фехмиу, историчарот Марин Барлети, албанологот Едит Дурам, поранешниот премиер на Албанија Исмаил Ќемали кои немаат никаква врска со Тетово, ниту со било кој град од Македонија.

По целосното разобличување, упатуваме порака до Владата и до советниците во Советот на Општина Тетово, да покажат дестоинство и интегритет, да отфрлат секаков предлог кој само значи легализирање на големоалбанскиот национализам, сепаратизам и бализам.

Македонската нација изобилува со личности како Македонци, така и со потекло од другите етнички заедници кои се гордост за нашата земја. Нив сите заедно треба да ги славиме. Историјата го запишала нивното име на светлите страници. Не се потребни манипулации и политички процеси за менување на историјата. Мора секој да разбере дека место за подведување на јавниот интерес под партискиот, етничкиот и личниот веќе не смее да има.

Да живее слободата, братството и единството.

Смрт на фашизмот – слобода на народот!

Сојуз на борци

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер