3Герасимовски: Започнува јавната анкета за Нацрт ДУП-от „Барутана“, граѓаните директно вклучени во одлучувањетo
3Времето на чекање на аеродромите низ Европа е двојно зголемено по воведувањето на новиот електронски систем
ЗабаваБугарска студентка потрошила илјадници евра за да има најголеми усни на светот (ФОТО)Студентка од Бугарија примила 21 инјекција со хијалуронска киселина за полнење усни, иако лекарите ја предупредувале дека тоа не е паметно.Андреа Емилова Иванова, 22-годишна студентка од Софија, потрошила огромна сума на филери за да ги има најголемите усни на светот. Во последните неколку години, таа ја зголемила за четири пати големината на усните и покрај предупредувањето на лекарот да не го прави тоа. View this post on Instagram 🌹🌹🌹😱 A post shared by Andrea Ivanova (@andrea.andrea345) on Sep 26, 2020 at 1:10am PDT „Пред две недели ја примив 21-та инјекција затоа што сакам да ги задржам усните со волумен и да направам да изгледаат поголеми“, објасни таа. „Телото ја разградува хијалуронската киселина за неколку месеци и усните се намалуваат, па затоа морам редовно да додавам за да изгледаат поголеми“, додаде таа. Андреа додала толку многу филер на усните што горната усна скоро и го допира носот. Таа вели дека лекарот ја предупредил дека нејзините усни се премногу големи и сакал да ја отстрани целата хијалуронска киселина од нив. „Но, категорично одбив и му реков дека сакам да продолжам да ги зголемувам усните“. Тој сметал дека е опасно да се има толку многу хијалуронска киселина во усните и да се додаваат нови инјекции толку често, но засега нема несакани ефекти и компликации. View this post on Instagram #morning #sleep #why 😁😅 A post shared by Andrea Ivanova (@andrea.andrea345) on Sep 15, 2020 at 7:00am PDT „Навистина ми се допаѓа што усните ми се големи и немам намера да отстранувам ништо“, рече студентката по филозофија, додавајќи дека планира да ги зголеми уште повеќе. View this post on Instagram 💋👄👄💋👄👄 A post shared by Andrea Ivanova (@andrea.andrea345) on Sep 24, 2020 at 12:39pm PDT Секое полнење чини околу 150 евра, што би значело дека таа потрошила околу 3.150 евра за филери. View this post on Instagram Мокри косички без миглички 😱😱😫 A post shared by Andrea Ivanova (@andrea.andrea345) on Sep 18, 2020 at 5:48pm PDT Андреа започнала со инјекции во 2018 година и вели дека добива комплименти од обожавателите за нејзините огромни усни, но под нејзините фотографии може да се најдат и бројни безобразни коментари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:09
МакедонијаСДСМ: Ако Груби биде пуштен на слобода – виновни повторно ќе бидат СДСМ и Филипче?Ако Груби биде пуштен на слобода – виновни повторно ќе бидат СДСМ и Филипче? Како не сме криви за Груевски и Латас?Од свечен пречек со црвен тепих и камери, преку куќен притвор, до најава за целосна слобода. Артан Груби веројатно наскоро ќе излезе и од куќен притвор, ако обвинителот кој го извади од Шутка не поднесе обвинение во законскиот рок. И сега се поставува логичното прашање: Кога Груби ќе биде слободен - дали повторно СДСМ и проф. д-р Венко Филипче ќе бидат прогласени за виновни? Секако. Тоа е стандардната матрица на организираната криминална група ВМРО и на шефот на бандата, Христијан Мицкоски. Затоа што Мицкоски комплетно управува со правосудството. - Обвинители поставува во живо на телевизија. - Другите ги дискредитира и ги нарекува „медиокритети“. - За судии поставува свои советници, сопруги на функционери на ВМРО и луѓе блиски до Сашо Мијалков. - Судски процеси нарачува од собраниската говорница, преку медиумите, а на крај и по телефон. Извештајот на Европската Комисија констатира најголем политички притисок врз правосудството досега. Мицкоски е директно повикан. Невладините организации предупредуваат. Извештаите зборуваат за директна спрега меѓу Мицкоски и дел од правосудството. Целиот процес околу Груби се одвива под контрола на власта што тој ја води. И кога Груби ќе биде слободен, сценариото е веќе напишано: Виновни ќе бидат СДСМ и Филипче. Како ние не бевме виновни кога Никола Груевски беше ослободен? Како не бевме виновни кога Драган Павловиќ Латас беше ослободен? Како не сме виновни кога беше укината пресудата за враќање на имотот на ВМРО-ОКГ стекнат со криминал – Белата палата? Секогаш кога нивни човек се спасува – виновна е опозицијата. Секогаш кога системот работи по нивна нарачка - виновни се СДСМ. Ова е стандардната операција на ВМРО-ОКГ, со Гебелсовата пропаганда од истиот ослободен Латас, со пораки на Ванчо Михајлов, т.е Христијан Мицкоски - како што е „талог“. Граѓаните веќе го препознаваат сценариото. И повеќе не веруваат во него. Наскоро доаѓа времето на вистината и правдата. Власта повторно ќе биде во рацете на народот. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:09
СветЕкс претседателот на Сирија, Башар ал-Асад осуден на смрт!Пресудата ја донесе сирискиот суд во Дамаск, а на Асад и неговиот брат им беше судено во отсуство, бидејќи по падот на режимот се наоѓаат во Русија.Пресудата ја донесе сирискиот суд во Дамаск, а на Асад и неговиот брат им беше судено во отсуство, бидејќи по падот на режимот се наоѓаат во Русија. Нивната власт беше соборена во декември 2024 година, кога силите против режимот го зазедоа Дамаск, по што браќата побегнаа во Москва. Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад е осуден во отсуство на смртна казна поради злосторства против човештвото и воени злосторства, објави во вторник Associated Press. На истата казна е осуден и неговиот помлад брат Махер ал-Асад, како и нивниот братучед Атеф Наџиб. Пресудата ја донесе сирискиот суд во Дамаск, а на Асад и неговиот брат им се судеше во отсуство бидејќи по падот на режимот се наоѓаат во Русија. Нивната власт беше соборена во декември 2024 година, кога силите против режимот го зазедоа Дамаск, по што браќата побегнаа во Москва. Наџиб, поранешен бригаден генерал и некогашен шеф на политичката безбедност во провинцијата Дара, бил присутен при изрекувањето на пресудата. Токму тој бил еден од клучните луѓе во насилното задушување на протестите во Дара во 2011 година – настани кои го означиле почетокот на бунтот против режимот на Асад и подоцнежната граѓанска војна. Сирискиот конфликт траеше 14 години и, според проценките, однесе околу 500.000 животи. Режимот на Асад за време на војната се соочувал со бројни обвиненија за воени злосторства и злосторства против човештвото, вклучително и тортура, присилни исчезнувања и напади врз цивили. Пресудата претставува еден од досега најзначајните обиди на новите сириски власти правно да ги гонат највисоко рангираните припадници на поранешниот режим. Наџиб е меѓу највисоките функционери на Асадовиот режим кои се појавиле пред судот по падот на власта. Асад, сепак, останува надвор од дофатот на сириското правосудство. По неговото соборување во декември 2024 година, тој добил азил во Русија, каде што, според достапните информации, и натаму се наоѓа. Фото: Википедија Извор: Вечерњи листТагови: Башар ал-Асад смртна казна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Нејзините раскошни облини и денес предизвикуваат воздишкиТаа беше и останува можеби најважниот топ-модел на 90-тите, нејзините раскошни облини и денес предизвикуваат воздишкиХајди Клум уште еднаш докажа дека е мајка што изгледа супер привлечно и провокативно – особено кога носи бикини. Со најновите фотографии, таа повторно ги „запали“ социјалните мрежи. Позната по своите атрактивни изданија што измамуваат воздишки и погледи, манекенката Хајди Клум уште еднаш ги воодушеви своите верни обожаватели ширум светот. Таа неодамна позираше за најновата колекција костими за капење на брендот „Calzedonia“ и притоа покажа навистина многу. Славната Хајди не се срамеше да ги покаже своите прекрасни облини на 54-годишна возраст и со тој потег предизвика восхит кај многумина. Како што може да се види, таа позираше во различни модели и дезени на бикини, но најголемо внимание привлече оној со животински дезен. Инаку, овој модел на бикини е најголемиот летен хит и оваа година, а Хајди покажа како да се носи.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:09