3Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
БалканБугарите самите се демантираат: Изградбата на пругата на Коридорот 8 не била одложенаКоридорот 8 е национален приоритет за Бугарија информира бугарското Министерство за транспорт и врски и нагласува дека „не ја одложило изградбата на пругата кон Македонија“.Тврдењето дека Бугарија ја одложила модернизацијата на бугарскиот дел, министерството за БТА го оценува како медиумска шпекулација. - Министерството за транспорт и врски со години прави напори за развој на Коридорот 8, кој го поврзува Јадранското Море со Црното Море преку Албанија, Македонија и Бугарија. Од вкупно 1220 километри железница, повеќе од половина од нејзината должина – 747 километри, е на територијата на Република Бугарија. Од нив останува да се изградат само 2,5 километри железничка пруга - од Ѓуешево до Деве Баир (границата со Република Северна Македонија). Делот е финансиран во рамките на Програмата за транспортна поврзаност 2021 - 2027 година и ќе биде завршен согласно распоредот до 2029 година. За споредба, делницата што недостасува на територијата на Македонија е приближно 70 километри, соопшти Министерството, пренесува БТА. Според бугарското Министерство, железничката линија Радомир - Ѓуешево е во функција и по завршувањето на делницата од Ѓуешево до Деве Баир во должина од 2,5 километри, преку прекуграничен тунел ќе може да се приклучи на мрежата на операторот на Македонија. -На 15 јануари 2025 г. согласно утврдената процедура, Бугарија ѝ предаде на Македонија нацрт-договор за прекуграничен железнички тунел со Македонија, во кој се претпоставува дека страните имаат заедничка цел - изградба на прекуграничен железнички тунел меѓу Бугарија и Македонија во граничната област, вклучително и преку спроведување на јавна набавка за изградба и надзор на изградбата на тунелот од страна на една од договорните страни и напорите за обезбедување грант помош за негова изградба, бидејќи изградениот објект треба да ги исполнува барањата на ЕУ и НАТО за ваков тип на инфраструктура. До денес нема официјален одговор од Македонија, наведуваат во својот став од бугарското Министерство. Министерот за транспорт и врски Александар Ниолоски, денеска одлуката на бугарската Влада средствата за реконструкција на делот од Софија до Перник и од Перник до Радомир да ги пренасочат за изградба на пруга од Софија до Бургас, ја оцени како политичка порака во однос на нивната посветеност, односно непосветеност, на изградбата на железничкиот Коридор 8. - Испратени се писма до Европската делегација, до Европската транспортна заедница, но исто така и до двете банки Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој, откако вчера бугарската Влада информираше дека нема предвидено средства за железничката пруга, која треба да ги поврзи Софија-Скопје преку железничкиот Коридор 8, изјави Николоски. Нашата држава, рече тој, останува силно посветена на изградба на Железничкиот Коридор 8. Во овој момент активно се работи на втората секција, во должина од 34 километри, којашто оди од Бељаковце до градот Крива Паланка. Вчера бугарските медими објавија дека изградбата на пругата е одложена, повикувајчи се на владата во Софија и нејзиниот прецизен план за трошење на парите наменети за железничкиот коридор 8 з аизградба на локални делници во Бугарија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПрво обраќање на новата директорка на Нвидија, го замени Хуанг по шпионската афера Колет Крес ќе ја преземе функцијата извршен директор на „Нвидија“ откако Јенсен Хуанг поднесе оставка. Таа денеска беше именувана за привремена извршен директор додека компанијата бара постојан наследник на Хуанг. Крес им се обрати на вработените во една од највредните компании во светот, чии акции драстично паднаа откако сега веќе поранешната извршен директорка на компанијата беше фатена во афера со наводната кинеска шпионка Алис Хуанг, во интерно писмо. Ројтерс забележува дека видел копија од документот. Подолу е неговата содржина. „Драги Енвидијци, Имам длабока верба во оваа компанија и нејзината иднина. Повеќе од сè, имам верба во секој од вас, нашите клиенти и партнери и во виталната улога што ја играме секој ден во глобалната економија. Управниот одбор, Извршниот тим и јас признаваме дека ова беше неверојатно предизвикувачки период и сакам да знаете колку сме благодарни за вашата отпорност, професионализам и континуирана посветеност. Ви благодарам. Оваа компанија постигна толку многу благодарение на работата што сите ја вложувате во неа секој ден. Вие сте нашата најголема сила. Во наредните денови, ќе слушнете повеќе од раководството за нашата заедничка иднина, а ќе одржиме состанок на компанијата на 18 ноември во 9 часот наутро по PT. Играме витална улога во градењето на технологијата што ја движи револуцијата на вештачката интелигенција и имаме важна работа пред нас. Затоа, да продолжиме напред заедно, со истата решителност и посветеност што отсекогаш ја дефинирале оваа компанија. Ви благодарам за сè што правите, Колет.“ Одлуката за оставка беше објавена откако се појави уште една наводна афера помеѓу Јенсен Хуанг и колешка од истата компанија. Според медиумските извештаи, во случајот била вклучена Кимберли Пауел, потпретседателка на компанијата, која била одговорна за улогата на технолошките иновации во здравството.Тагови: Нвидија Хуанг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаАпокалиптични сцени во Италија: Тоскана под вода, возачи заробени во возила, отсечени села (ВИДЕО)Силна бура ја погоди Тоскана, Италија, каде што обилни врнежи од дожд предизвикаа поплави, лизгање на земјиштето и сериозни проблеми во неколку општини. Во областа Маса Карара, пожарникарите мораа да извршат спасувачка операција за да го извлечат возачот чиј автомобил беше заробен во поплавен подвозник, додека селата Касет и Форно беа целосно отсечени. Штетата предизвикана од бурата сè уште се проценува, а италијанската Служба за цивилна заштита издаде предупредувања за вкупно девет региони. Црвено предупредување е издадено за Тоскана, додека портокалово временско предупредување е на сила во Емилија-Ромања и Лигурија. Драмата се одвиваше во среда, 11 ноември, кратко по 19 часот, кога пожарникарите интервенираа на Виа Лонгобарда во областа Маса Карара. Возач беше заробен во својот автомобил во поплавен подвозник, а спасувачките екипи успеаја да го извлечат. Потоа човекот беше однесен во болница. Cars were swept away and piled up at Vezzano Ligure yesterday as flash floods hit La Spezia in northwest Italy, and today schools are shut across the city with an orange alert in force today. https://t.co/7QtYsZv8Ow — Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) November 12, 2026 Поради ризикот од ново поплавување на реката Фригидо, дополнителна бариера беше поставена во Маса преку ноќ за да се зајакнат нејзините брегови и да се спречат понатамошни поплави. Ситуацијата е особено тешка во населбите Касете и Форно, кои беа отсечени по лизгањето на земјиштето. Жителите разменуваат информации меѓусебно на социјалните мрежи, при што некои предупредуваат за зголемувањето на нивото на водата на реката Фригидо и ризикот од нови поплави. 🟠Video di Meteo Nord Ovest Toscana e foto di Ilaria Balloni delle piene rispettivamente dei Fiumi Serchio, a Borgo a Mozzano, a del Frigido a Marina di Massa. La piena del Serchio sta transitando in questi minuti da Vecchiano (PI) dopo aver attraversato Lucca. https://t.co/wohRzudKQi — Italia 24H Live 🔴 – Notizie dall'Italia (@Italia24HLive) November 12, 2026 „Нивото на реката е застрашувачко и продолжува да расте. Следните неколку часа не се добри. Се надеваме на најдоброто за луѓето и нивните домови“, напиша еден од локалните жители. Околу 100 луѓе мораа да ги напуштат своите домови поради вонредната состојба. Од синоќа, пожарникарите интервенираа во дури 24 одделни случаи поради поплавени подрачја, паѓање дрвја врз автомобили и бројни лизгања на земјиштето. Обилните дождови особено ја погодија областа Лунџиана. Во градот Тресана помеѓу четири и осум часот наутро, наврнаа 76 милиметри дожд. Ситуацијата е дополнително комплицирана од фактот дека земјата веќе беше натопена од врнежите од дожд од претходниот ден. Во Кардосо, во областа Алта Версилија, врнеше континуирано повеќе од 24 часа, при што во текот на ноќта беа регистрирани 82 милиметри врнежи. Нешто помалку дожд наврна во градовите Форновалоско, Стачием и Барга. За разлика од најпогодените подрачја, ситуацијата е поповолна по должината на реката Серхио, во градовите Борго, Моцано, Лука, Сан Џулијано Терме и Вецано. Поплавниот бран помина околу 6 часот наутро, додека засега нема поголеми проблеми по должината на реката Арно. Сепак, дополнителни врнежи од дожд се очекуваат во наредните часови во северозападна Тоскана. Во Сан Џулијано Терме, куќите лоцирани во поплавната рамнина на реката Серхио беа евакуирани рано наутро. Активиран беше и општинскиот оперативен центар, што е стандардна постапка во областите за кои се прогласени црвени и портокалови предупредувања.Тагови: вода Тоскана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ФудбалНова афера во ФИФА: Во игра се милијарди долари, домашна помошничка и врските со Трамп Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, е под истрага на Службата за внатрешни приходи на САД (IRS) поради сомнение дека нелегално вработил домаќинка во неговата вила во Мајами, платена од фудбалската организација. Според британските медиуми, Инфантино наводно користел врски во администрацијата на Доналд Трамп за да ја обезбеди својата работна дозвола пред Светското првенство во 2026 година. Доколку обвинувањата се покажат како точни, ФИФА би можела да го изгуби својот привилегиран статус како непрофитна организација во САД и да плати неколку милијарди долари даноци. Што се случува? Инфантино престојувал во вилата во Мајами од јуни 2025 до 2026 година пред турнирот што се одржува во Соединетите Американски Држави. Се сомнева дека тој вработил триесетгодишна асистентка која била на платниот список на ФИФА за лични потреби во тој дом. Се вели дека таа добивала плата од светската фудбалска организација, но работела исклучиво во домот на Инфантино за него и неговата партнерка, Лина. Портпаролот на ФИФА ги негираше обвинувањата. „Прашањата за личниот и приватниот живот на претседателот на ФИФА се негова приватна работа. Сепак, за да се избегне каква било двосмисленост, трошоците за домашниот персонал ги сноси лично претседателот на ФИФА“, рече тој. Сепак, британскиот „Телеграф“ се повикува на интерно писмо од јануари 2026 година и наведува дека подружницата „Фифа (Америкас) Инк.“ ѝ исплатила на асистентката целосна плата од 1 август 2024 година до 31 октомври 2025 година. Овој договорен однос сега ќе биде детално истражен од американските даночни власти. Поврзаност со администрацијата на Трамп Асистентката, државјанка на Никарагва, пристигнала во САД со работна дозвола како дел од програмата за бегалци, но ѝ се заканувала со депортација откако администрацијата на Трамп ги заостри правилата за имиграција во 2025 година. Според англиските медиуми, Инфантино продолжил да ја вработува во вилата речиси една година без регулиран статус. Во исто време, тој барал начини да стигне до кругот на Трамп преку соработници за да ѝ ги обезбеди потребните документи. Карлос Кордеиро, десна рака на Инфантино во САД и член на работната група за Светското првенство во 2026 година, наводно бил задолжен за директен контакт со администрацијата. По неговата интервенција, никарагванската жена добила дозвола за легална работа во јануари 2026 година. Можни финансиски последици Тужбата против Инфантино ја поднесе Абед Ајуб, адвокат специјализиран за имиграциско право. Ајуб предупредува дека докажувањето на вината може да ја чини ФИФА нејзиниот статус на непрофитна организација во САД. Губењето на овој привилегиран статус би имало сериозни финансиски последици. Наместо целосно ослободување од данок, ФИФА би морала да плати 21 процент корпоративен данок во САД за приближно 15 милијарди долари што се очекуваат од Светското првенство. Таквиот финансиски удар значително би ги намалил средствата доделени на 211-те национални асоцијации членки на ФИФА. Исто така, се поставува прашањето дали скандалот ќе го загрози реизборот на Инфантино на претседателските избори во март 2027 година, на кои тој се сметаше за фаворит.Тагови: Доналд Трамп ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter