Бугарите сакаат влез во автоелитата- прават концепт на хиперавтомобил од 33 милиони евра (ФОТО) - Канал 5

Бугарите сакаат влез во автоелитата- прават концепт на хиперавтомобил од 33 милиони евра (ФОТО)

Бугарскиот стартап Alieno го претстави својот втор производ со серија рендери на „роботски електричен хиперавтомобил“ што го нарекуваат Unum.

Бугарите сакаат влез во автоелитата- прават концепт на хиперавтомобил од 33 милиони евра (ФОТО)

Моделот моментално постои само во главите на луѓето од бугарската компанија, кои наведуваат дека ќе има 24 електромотори кои треба да му овозможат на хиперавтомобилот да достигне максимална брзина од 584 km/h.

Имено, ова не е прв пат да слушаме за Алиено. Компанијата, која е основана во 2015 година, ја отфрли веста за својот прв производ, Arcanum, уште во 2018 година, но допрва треба да го видиме хиперавтомобилот во вистинска форма. И покрај ова, Alieno тврди дека сите негови модели ќе бидат базирани на истата платформа дизајнирана во куќата.

На прв поглед, Unum изгледа како хиперавтомобил инспириран од Lamborghini. Каросеријата е полна со набори, доводи и аеро-компоненти со чуден изглед, а недостасуваат основни карактеристики како што се А-столбовите. Енчо Енчев, директор за дизајн на Alien, вели дека инспирација ја земал од кралицата Ксеноморф на научно-фантастичниот филм Alien, како и од Batmobile.

Ахмед Мерчев, основач, извршен директор и CTO на Alien го изразил своето воодушевување од Lamborghini во официјалното соопштение за печатот, признавајќи дека тоа е главен извор на инспирација. Тој рече дека неговиот омилен суперавтомобил со внатрешно согорување сè уште е небесно синиот Aventador, и ако моделот беше достапен во форма на EV, веројатно само би го купил и нема да се мачи да основа нова компанија.

Што се однесува до спецификациите на Unum, постојат две различни варијанти на погонскиот систем - THF, што значи „The Heavenly Founder“ и TRS („The Rocket Successor“). Првата се напојува со електрична енергија, додека втората користи струја и воздух.

Во имагинарниот свет на Alien, целосно електричниот THF е достапен во четири излезни моќи: RP2 со 2610 КС, RP3 со 3481 КС, RP4 со 4351 КС и RP5 со 5221 КС и 8880 Nm вртежен момент. Почетното ниво RP2 има 12 електрични мотори (по три на секое тркало), додека водечкиот RP5 има 24 електрични мотори (по шест на секое тркало). Ова е веројатно најмногу што сме слушнале дека е инсталирано во едно возило.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Балканските лидери повикаа на помирување, но си упатија и обвинувања за двојни стандарди и злосторства

Од Косово и меѓународното право, преку европската иднина на регионот, до нов судир меѓу Белград, Загреб и Подгорица околу војните и минатото. 

Балканските лидери повикаа на помирување, но си упатија и обвинувања за двојни стандарди и злосторства

Балканските лидери и од говорницата на Генералното собрание на Обединетите нации ги отворија старите регионални спорови додека регионот долго чека пред вратите на ЕУ.

Најдиректен беше српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој порача дека меѓународниот поредок заснован врз Повелбата на ОН е сериозно нарушен и оцени дека правилата повеќе не важат подеднакво за сите држави, особено за помалите.

-Сакам да им се заблагодарам поединечно на сите 107 земји што не ја признаа еднострано прогласената независност на т.н. Косово. Знаеме дека многу од тие држави биле подложни на притисок и знаеме дека одржувањето на принципиелна позиција понекогаш е далеку потешка отколку што изгледа од надвор. Ви благодарам што бевте доследни во непризнавањето на дел од територијата на Србија – изјави Вучиќ.

Веднаш по него, од говорницате, црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ повика на трајно помирување на Западен Балкан, истакјувајќи дека сепак тоа не може да се гради врз негирање на минатото, селективна правда или величење лица осудени за воени злосторства.

- Иднината на целиот Балкан е во рамките на ЕУ. Нашиот регион го носеше товарот на поделби предолго време. А новото поглавје се заснова преку соработка, поврзаност, економски можности и економска интеграција. Трајното помирување не може да се гради, врз негирање, селективни пристапи кон правдата и глорификација на оние кои сториле воени злосторства – изјави Милатовиќ.

Но, регионалните несогласувања најсилно дојдоа до израз меѓу Белград и Загреб. Вучиќ ја обвини Хрватска за толерирање на фашистички и нацистички симболи и пораки и за, како што оцени, величење на делови од нејзиното минато поврзани со усташкото движење за коа што истакна дека Српскиот народ тоа нема да го толерира.

На спрскиот претседател му возврати хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, критикувајќи ја Србија поради почестите за Ратко Младиќ и кршење на европските вредности.

-Помирувањето станува можно кога ќе се признае одговрноста за злосторствата од минатотто и кога ќе се отфрли нивното величење. Воените и официјалните почести укажани на Младиќ во Србија претставуваат навреда за неговите жртви и за пресудите на меѓународните судови. Учеството на државните претставници и јавното одобрување што следеше по церемноијата се во целост спротивност со вредностите на Унијата кон која Србија сака да пристапи.

Сепак, балканските лидери во дел од своите говори од Њујорк повикаа на европска иднина и помирување на регионот, но покажаа дека старите спорови сè уште силно ја диктираат сегашноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Дефокус и напад врз СДСМ токму на денот кога го објавивме планот за распродажба преку рудниците

Токму денеска, кога го откривме планот на Мицкоски за распродажба на Македонија преку давање на рудниците и труење на народот за туѓи интереси и профити.

СДСМ: Дефокус и напад врз СДСМ токму на денот кога го објавивме планот за распродажба преку рудниците

Токму денеска, кога објавивме мегаскандал: приватна компанија за оружје плаќала над 1,5 милиони долари за лобирање за Мицкоски.

Кога на јавноста ѝ станува јасно зошто Мицкоски договара антимон без да го праша народот: за милиони да завршат во приватни џебови.

Денеска дефокус и напад врз СДСМ од платформата на Мицкоски, ЗНАМ 2.0.

Дефокус и напад врз СДСМ и претседателот Филипче од луѓе купени со тендери вредни 1,6 милиони евра.

Одговорот на едно едноставно прашање целосно ги разобличува: Кому му одговара да се пренасочи вниманието на јавноста со ваков дефокус?

Кому му одговара да не се зборува за криминалот на Мицкоски и за распродажбата на Македонија?

Одговорот е еден: На шефот на организираната криминална група, арамијата Христијан Мицкоски!

Сè е јасно.

Граѓаните и членовите на СДСМ не се наивни.

Сите гледаат дека единствено СДСМ и претседателот Филипче се секојдневно на терен со граѓаните и деноноќно се борат против бандата на Мицкоски.

ВМРО е во слободен пад. Арамијата веќе нема рејтинг.

Не постои друга опозиција во Македонија.

Затоа сакаат да ја срушат СДСМ, но од тоа нема да има ништо.

Порака до сите нив: сите ќе одговарате, а власта ќе ја вратиме во рацете на народот.

ЗНАМ 2.0 нема да помине!

No pasaran!, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стручната комисија утврди: Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица која остана неподвижна

Нема лекарска грешка во случајот со Станка Михајлова од струмичко Баница, која по породување со царски рез и остана неподвижна, потврди петчлената комисија која го испитуваше случајот. 

Стручната комисија утврди: Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица која остана неподвижна

Комисијата била составена од гинеколог, анестезиолог, невролог, неврохирург и радиолог, а двајца од експертите биле од Србија и од Словенија.

По извршениот надзор, заклучокот бил едногласен дека невролошката состојба на Михајлова не е последица на спиналната анестезија.

Како најверојатна причина за состојбата, експертите го наведуваат спонтаното крварење од ретка малформација на крвните садови. Сепак, за конечно утврдување на причината е препорачана дополнителна дијагностика, како и продолжување на рехабилитацијата.

Случајот во јавност го објавки свекрот на Михајлова, Велибран Стојанов , и побара помош од министерот за здравство Сашо Клековски.

Министерството за здравство најави темелна проверка , а по налог на министерот, Државниот санитарен и здравствен инспекторат започна вонреден инспекциски надзор и со странски експерти од Словенија во трите установи каде што Михајлова била лекувана.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер