Бугарин купил тенк да „лови“ мигранти низ Бугарија - Канал 5

Бугарин купил тенк да „лови“ мигранти низ Бугарија

Самоповикан „ловец на мигранти“! Динко Валев организирал цели банди кои патролираат и буквално ловат илегални мигранти по Бугарија. 29 годишниот Велев кој за таа цел набавил две оклопни возила, ова го нарекува спорт!

Бугарин купил тенк да „лови“ мигранти низ Бугарија
Валев со тенковите партолира по непристапните подрачја околу градот Јамбол во близина на границата со Турција.

Вели дека реакциите на граѓаните се позитивни па се обидува да регрутира повеќе луѓе кои ќе ја продолжат неговата „операција на одмазда“.

Тој уште бара и бугарската влада да го спонзорира и да му плати за секој фатен мигрант. За него мигрантите се џихадисти.

- Би го опишал тоа како еден облик на спорт. А за спортистот не можете да кажете дека е насилен - вели Валев.

Валев има и помош - луѓе со велосипеди и кучиња се пријавуваат да се вклучат во „ловот на мигранти“ а некои тоа го прават на коњи, како и самиот Валев.

Хелсиншкито комитет за човекови права овој човек го смета за криминалец а неговите акции за незаконски, и бара полицијата да ја прекине соработката со него.

- Неговите жртви се мажи, жени и деца кои бегаат од Сирија. Валев призна дека знае да ги повреди тие луѓе. Еднаш ги натерал да легнат на стомак на земја и половина час им се заканувал со смрт. Во друг случај се фалел дека ловел еден маж со часови додека конечно не го фатил. Постојано ги навредува бегалците. Уште повеќе загрижува што бара владата да го финансира. Тој не само што шири страв од мигрантите во бугарското општество туку за тоа бара и поддршка - велат од Хелсиншкиот комитет.

Но, 2 000 луѓе веќе потпишале петиција за поддршка на Валев.

- Немаме држава да се грижи за Бугарите. Време е Бугарите да се обединат. Горд сум на тоа што го прави Динко - вели еден од поддржувачите.

- Ни требаат повеќе луѓе како што е Динко. Членовите на Хелсиншкиот комитет треба да се стават во затвор а не Динко, предавници! - вели друг.

Профилот на Валев на Фејсбук е преполн со пораки за поддршка.

За бугарската државна телевизија Динко Велев изјави дека почнал со патролите по лично доживеано трауматично искуство. Го нападнале мигранти кога бил сам, сакале да му го земат моторот и извикувале „Алах“.

- Јас ништо не организирам, само ги повикувам луѓето да ми се придружат - вели тој и додава дека секој мигрант што ќе го фати го предава на полицијата.

Полицијата не го попречува ниту пак некој досега го пријавил Валев за нелегални активности.

/ извор: nezavisne.com

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!

Емил Кирјас, испрати остра, директна и отрезнувачка порака за улогата на Европската Унија во современиот геополитички поредок.

Кирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!

На состанокот на европските либерали во Даблин за време на неформалниот самит на ЕУ, претставникот на Либерално-демократската партија (ЛДП), Емил Кирјас, испрати остра, директна и отрезнувачка порака за улогата на Европската Унија во современиот геополитички поредок, истакнувајќи дека времињата на безусловно следење на европските лидери се минато, а граѓаните во регионот сè погласно ја гледаат хипокризијата и недостигот на конкретни резултати.

Кирјас ги повика европските колеги да ја прифатат новата глобална реалност, нагласувајќи дека четврт век подоцна светот е далеку покомпетитивен и дека Европската Унија повеќе не е единствениот „производ“ на светската сцена.

„Мораме да сфатиме и да прифатиме дека 2026 година не е 2001 – 25 години подоцна светот изгледа многу поразлично и е далеку покомпетитивен. Ако порано единствената опција и модел што можеа да го видат граѓаните беше европскиот модел, денес на пазарот постојат и кинески, и руски, и турски модел, па во последно време и американски модел кој е различен од европскиот. За нас, особено за либералите, европскиот модел на благосостојба, економски развој, слобода на говор, просперитет и гарантирање на правата е најдоброто решение. Но, не можеме да очекуваме дека граѓаните секогаш слепо ќе ги слушаат своите лидери, нема да ги следат вестите и нема сами да носат одлуки за тоа кој е способен да преземе решенија, да го исполни ветеното, да гледа визионерски и да проектира моќ на светската сцена“, порача Кирјас во Даблин.

Тој предупреди дека европските институции се наоѓаат во состојба на самоодрекување од глобалната реалност и веќе не се доживуваат како морализирачка сила во регионот. Како што објасни пред присутните, дури и во Македонија веќе не се зборува само за формално членство во ЕУ, кое за многу граѓани стана непривлечен поради долгогодишните блокади и неисполнети ветувања, туку за градење држава според стандардите на земји како Бенелукс, Данска, Ирска или Естонија.

„Ако не направиме сѐ во наша моќ за повторно да ги направиме европската идеја и европскиот проект атрактивни, ќе имаме огромен проблем – не само со граѓаните, туку и со иднината на нашиот континент. Време е да престанеме да гледаме на нашиот проект како на единствена солуција во светот. Нашите граѓани сакаат да живеат просперитетно, да говорат слободно и да имаат правна држава, но тоа значи дека и на европско ниво сите мора да бидат подеднакво почитувани – без надменост, без надредување, без второкласни граѓани и без наметнување каде што само еден одлучува и ги суди другите, туку систем каде што сите си помагаме еден на друг. Колку побрзо го направиме тоа, толку ќе биде подобро за сите нас во Европа“, заклучи Емил Кирјас во своето излагање пред европските либерали на состанокот на АЛДЕ.

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на Мицкоски

Еден ден Мицкоски раскажува бајки и зборува за трета економија во Европа, а друг ден за банкрот ако има избори. 

СДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на Мицкоски

Еден ден се фали со економси раст, друг ден признава дека државата нема пари.

Неговите противречни изјави ја разобличуваат целата владина пропаганда, сите негови лаги.

И ММФ ги разби бајките на Мицкоски. Каква трета економија, Македонија е на дното во Европа.

Според проекциите на ММФ, Македонија е на 41. место меѓу 48 европски економии по БДП по жител, со 11.762 долари. Од земјите во регионот, пред нас се Србија, Црна Гора и Албанија. Разликата со најбогатите европски економии останува огромна.

Ова е реалната состојба на македонската економија. Не бајките на Мицкоски за трета економија во Европа. Не лагите за најбрз раст на платите и пензиите.

Ова е сè она за што СДСМ предупредува последната година. Сега потврдено и од ММФ.

Реалноста е дека има 4 милијарди евра ново задолжување за две години. Реалноста е дека луѓето живеат полошо. Реалноста е очекуваното поскапување на парното и струјата. Реалноста е дека нема зголемување на минималната плата – само бајки.

Пари во буџетот нема, пари за граѓаните нема. Но знаеме каде има – кај Мицкоски и неговата банда.

Вистината е сега на виделина, и со скандалот со Алта банка, и со неговите врски со Вучиќ.

За сè ова, одговорност ќе има.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Локални избори во Словенија: Сите очи се вперени кон Љубљана

Денес во Словенија се одржуваат локални избори, каде што ќе се избираат градоначалници и членови на општински совети, а најголема неизвесност има на изборите за градоначалник на Љубљана, на кои учествуваат 15 кандидати.

Локални избори во Словенија: Сите очи се вперени кон Љубљана

3.116 избирачки места се отворија во 7 часот наутро, каде што повеќе од 1,6 милиони гласачи можат да гласаат до 19 часот.

Првите прелиминарни резултати од гласањето се очекуваат по 20 часот, објавува Дело.

Меѓу парламентарните партии, Словенечката демократска партија (СДС) има 78 кандидати за градоначалник на локалните избори, Нова Словенија има 50 кандидати, Движењето за слобода има 44 кандидати за градоначалник, а Социјалдемократите (СД) имаат 42 кандидати.

Во 45 општини, веќе е однапред познато кој ќе ги води во претстојниот мандат, бидејќи само еден кандидат аплицирал за градоначалничката позиција, претежно актуелниот градоначалник.

Во општините и градовите каде што ниту еден кандидат не добие повеќе од половина од гласовите, двајцата најдобро пласирани кандидати ќе се соочат во втор круг, кој ќе се одржи на 29 ноември.

На овогодинешните избори за градоначалник учествуваа 614 кандидати, вклучувајќи 123 жени.

Најголем број кандидати за градоначалник има во Љубљана - 15, додека Марибор и Копер имаат по 10 кандидати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер