Бугарија воведе пет години затвор за прекршителите на препораките против коронавирусот - Канал 5

Бугарија воведе пет години затвор за прекршителите на препораките против коронавирусот

Бугарија го заостри законот и и ќе се изрекува казна до пет години затвор, со парични казни, за кршење на здравствените мерки воведени за спречување на ширење на коронавирусот.

Бугарија воведе пет години затвор за прекршителите на препораките против коронавирусот

Бугарија воведе вонредна состојба и донесе серија драстични мерки за спречување на заразата, вклучително и затворање на сите несуштински продавници, барови, ресторани, училишта, културни институции и ограничување на собирите.

Новообјавениот закон предвидува казна затвор од три години и казни од 500 до 5.000 евра за кршење на гореспоменатите ограничувања.

Ако неисполнувањето на владините мерки резултира со смрт, сторителите ќе бидат осудени на казна затвор во траење од пет години и парична казна од 5.000 до 25.000 евра.

Секое заразено лице или лице кое било во контакт со лице со „Ковид-19“ а одбива изолација, ќе биде казнет со парична казна од 2500 евра.

Софија исто така ги затвори границите за луѓето кои немаат постојан престој во земјата се додека трае вонредната состојба.

Во земја со седум милиони жители досега се забележани 30 случаи на зараза и еден починат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Отстранет двоглавиот орел на Кораб (ФОТО)

Двоглавиот орел кој беше поставен на Кораб и предизвика реакции на социјалните мрежи е отстранет.

Отстранет двоглавиот орел на Кораб (ФОТО)

До нашата редакција од гледач на Канал 5 пристигна фотографија на која повеќе не се гледа двоглавиот орел на Кораб.

Пред неколку денови социјалните мрежи се појавија фотографии од планинари рекреативци, кои позираат покрај двоглавиот орел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Истрага за тероризам и трговија со оружје против три лица, Обвинителството бара притвор

Едно лице е осомничено дека сторило кривично дело „тероризам“, а уште две за неовластено поседување оружје по вчерашната акција против терористичко-криминална група во Скопје. 

Истрага за тероризам и трговија со оружје против три лица, Обвинителството бара притвор

Обвинителството за сите тројца побара 30-дневен притвор.

Првоосомничениот е жител на скопската населба Ченто. Во вчерашната акција, која ја водеше Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, беа вклучени Агенцијата за национална безбедност и Министерството за внатрешни работи.

Надлежните извршија претреси на десетина локации, а првично беа приведени пет лица. При претресите биле пронајдени повеќе парчиња автоматско оружје, пиштоли, ножеви, муниција, знамиња со обележја на ИСИС, но и компјутерска опрема за копање криптовалути.

Се истражува дали припадниците на групата, покрај активности поврзани со тероризам, биле вмешани и во лихварство, нелегална трговија и други насилни кривични дела.

„Наредбата за спроведување истражна постапка се темели на докази обезбедени во текот на претходно спроведена предистражна постапка, на документацијата и докази од предмет што е во фаза на судење, како и докази обезбедени преку меѓународна правна помош“, информираше Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. – Обвинителство.

Од Обвинителството засега не откриваат дали осомничените подготвувале конкретен напад, ниту дали имале директни контакти со структури на Исламска држава надвор од земјава. Истрагата треба да го утврди и потеклото на оружјето, како и дали криптовалутите биле поврзани со активностите на групата.

Од МВР вчера информираа дека во координирана акција со АНБ и Обвинителството биле извршени претреси на повеќе локации, приведени неколку лица и одземени оружје, муниција и други предмети важни за истрагата.

„Канал 5“ се обиде да добие детали и дополнителни информации од Агенцијата за национална безбедност за нивната улога во акцијата и за сознанијата со кои располагале пред претресите, но оттаму информација најави за подоцна.

Вчерашната акција е уште една во низата антитерористички операции во земјава. Кон крајот на 2024 година беше разбиена група која преку Телеграм регрутирала членови и повикувала на напади, а на почетокот на 2025 година беше откриена и четиричлена ќелија поврзана со пропаганда на ИСИС. Како можни цели тогаш се споменуваа фреквентни цивилни и јавни објекти во Македонија и Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поплава во објектот на „Нова Македонија“ - повеќе државни институции нефункционални, исклучена струјата

 Повеќе Министерства, но и државни институции  кои се наоѓаат во оваа зграда, од утрово останаа и без електрична енергија.

Поплава во објектот на „Нова Македонија“ - повеќе државни институции нефункционални, исклучена струјата

Поради пукната топловодна цевка поплавен дел од административната зграда Нова Македонија. Повеќе Министерства, но и државни институции кои се наоѓаат во оваа зграда, од утрово останаа и без електрична енергија, која беше исклучена поради безбедносни причини.

Поплавени се подрумските простории и првите два ката, но целата зграда е без струја додека не се санира проблемот. Според првиот човек на службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, под чија надлежност е зградата, ќе бидат потребни неколку дена за повторно да се создадат услови за работа во зградата. Дефектот бил регистриран синоќа по полноќ од страна на обезбедувањето на МВР во зградата, а набргу потоа реагирале и екипи на ЕВН.

– Се исклучува струјата од страна на ЕВН, се исклучува и водата бидејќи е констатирано дека се работи за пукната цевка на парно греење на втор кат, која што вода навлегува во делот на електричната инсталација, кај серверот на електрична инсталација. Поради тие причини се вклучува и агрегатот којшто два до три часа може да издржи реално, но за да се отстрани целиот проблем и за да се стави повторно во функција целата зграда ќе бидат потребни околу 5 до 6 работни денови, односно 5,6 дена за да се исуши во собата за електрика и за да се вклучи. изјави Ивица Томовски, директор на служба за општи и заеднички работи .

На вториот спрат, пак, каде што и пукнала цевката, се наоѓа Министерството за локална самоуправа, а на вработените утрово им било кажано дека поради дефект струјата е исклучена и оти можат да си заминат дома.

– Јас сум вработен во Министерство за локална самоуправа, ние сме со канцеларии овде на вториот спрат. Од сабајле не информираа дека долу се случила хаварија, во подрумските простории, каде што е и трансформаторот. Значи од технички аспект не е можно да имаме работен ден и не пуштија и ќе бидеме информирани во текот на денот, од утре и понатаму каква ќе биде ситуацијата. изјави вработен во Министерство за локална самоуправа.

Покрај Министерство за локална самоуправа, во оваа зграда се сместени и Државната изборна Комисија и Министерството за образование и наука, од каде за Канал 5 исто така потврдија денеска се ослободени од работа бидејќи немаат ниту интернт ниту струја, а се уште чекаат инструкции за тоа на кој начин ќе биде организирана работата од утре, односно дали ќе доаѓаат физички или ќе требад а работат од дома.

Покрај овие министерства, во зградата на поранешна „Нова Македонија“ се сместени уште и Министерството за јавна администрација, Државниот просветен инспекторат, Управата за водење матични книги, како и уште неколку други институции.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер