Николоски: Се размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши на современи технолошки начини
Сиљановска-Давкова: Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор на граѓаните, за каков пишува Русо
1Николоски: Се размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши на современи технолошки начини
2Сиљановска-Давкова: Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор на граѓаните, за каков пишува Русо
2Најбогатиот човек на светот Илон Маск започнува голем проект во Европа: Инвестира три милијарди евра
МакедонијаБугарија се мобилизира – обид целосно да се отстранат термините македонскиот јазик и идентитет во извештајотКако што и најавија, бугарските европратеници жестоко тргнаа против македонскиот јазик и идентитет во извештајот за Македонија во Европскиот Парламет. Меѓу амандманите до кои дојде „Канал 5“ се и неколку од трите најголеми групи во Европскиот парламент, ЕПП, Социјал-демократите и „Обнова“. Во нив, се бара целосно бришење на термините македонски јазик и идентитет од извештајот. Поконкретно, да се тргне на делот каде се наведува дека Унијата конзистентно го демонстрира признавањето на македонскиот јазик и идентитет. Потоа, во делот од параграфот каде се бара нивно целосно почитување и веројатно најспорното, се бара бришење на македонски јазик и идентитет во делот каде „се потврдува важноста за нивно недвосмислено признавање како интегрален дел од наследството на нацијата.“ Доколку пак, амандманите поднесени од трите најголеми пратенички групи не поминат, бугарските европратеници подготвиле и план „Б“. Ивајло Валчев од „Има таков народ“ и очекувано има поднесено дури 10 амандмани за измена на извештајот, во кои повторно на три места се бара вметнување на придавката „Современ“ пред македонски јазик и идентитет. Дополнително има и дел каде се бара да се изнајде наратив за како што е наведено, заедничката историја меѓу двете земји. Се бара објавување на текстовите од состаноците на историската комисија и осуда на како што стои, дискриминацијата на бугарите во Македонија. Премиерот Мицкоски вели дека предупредил на ваквиот како што кажа, инжинеринг и додаде дека покрај обидот да се вметне придавка „Современ“, подеднакво лошо е бришењето на македонскиот јазик и идентитет. -За нас е подеднакво лошо и тоа што се брише од извештајот македонски идентитет и јазик исто како и да стоеше модерен, буквално е подеднакво лошо. / За жал, оние егзибиции кои седум години се случуваа кај нас, дома, тука, нè доведоа до една ваква ситуација да еве, гледате, би рекол, има еден збор да го употребам, но не би сакал да го употребам, но ќе го употребам, ќе одам чекор понапред, на талибански начин се брише македонскиот идентитет и македонскиот јазик од Извештајот во ЕП. Тоа дочекавме како народ во 21 век. Ете тоа ни го направија Бујар Османи, Димитар Ковачевски, Бојан Маричиќ и останатите“-- Христијан Мицкоски – Претседател на владата. Два амандмани се поднесени и од самиот известувач за Македонија Томас Вајц од кои во вториот се наведува дека се признава постоењето на различни толкувања во врска со потеклото на македонскиот јазик и идентитет. Се нагласува дека целта на извештајот не е да се ограничи научната дебата за овие прашања, а оценката за напредокот на Македонијатреба да остане врз почитување на копенхашките критериуми и добрососедскитеодноси. Амандмани има и од грчки европратеници. Во нив, покрај замена на терминот Македонски со „Северна Македонија“ секаде во доументот, се повикуваат и властите во земјава да ги променат наставните програми, без како што стои говор на омраза и погрешно претставување на Грција и Бугарија. Дополнително, се бара и осуда на случаите на како што е наведено, злоупотреба на името „Македонија“ од страна на владини претставници, меѓународни форуми и спортски федерации и се бара потврда дека историскиот регион Македонија е интегрален дел од грчката историја, култура и регион. Гласањето за извештајот ќе биде идната недела, дебатата почнува на 8 јули. Тагови: ЕП Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
МакедонијаНиколоски: Се размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши на современи технолошки начиниСе размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши со современи технолошки начини, ова утринава го соопшти министерот за транспорт Александар Николоски.Се размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши со современи технолошки начини, ова утринава го соопшти министерот за транспорт Александар Николоски кој рече дека вчера се сретнал со новиот претседател на европската транспортна заедница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова: Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор на граѓаните, за каков пишува РусоПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера се обрати и учествуваше на панел-дискусијата на настанот по повод 35-годишнината од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера се обрати и учествуваше на панел-дискусијата на настанот по повод 35-годишнината од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав, во организација на Собранието, ЈНУ Институт за национална историја и Државен архив. Навраќајќи се на креирањето на Уставот од 1991 година, во чие подготвување учествувала како надворешна членка на тогашната Комисија за уставни прашања, Сиљановска-Давкова ја нагласи огромната посветеност на членовите на Уставната комисија, но и на сиот прв пратенички состав, на најважната политичка задача пред нив, истакнувајќи ја толерантната дебата на неистомислениците, односно приврзаниците на националниот и граѓанскиот концепт. И покрај тензичната предвоена атмосфера на југословенските простори, присуството на Југословенската народна армија на македонска почва и кусите рокови за донесување на Уставот, таа ја оцени постапката за донесување на уставот како демократска, инклузивна и транспарентна, а најголемиот дел од решенијата како стандардни. За особено важни ги смета темелните вредности на уставниот поредок и слободите и правата на човекот и граѓанинот, што беше потрдено и од Бадинтеровата комисија во 1992 година, а има забелешки на начинот на којшто е поставена поделбата на власта, на положбата и надлежноста на Уставниот суд, на решението за воена и вонредна состојба и на локалната самоуправа. Што се однесува до уставноправниот развој, таа укажа дека дури 21 од 36 амандмани се иницирани однадвор, во духот на state building, а делот што му претходи на Уставот е менуван два пати, по што оперира со синтагмата „делови од народи“ што не соодветствува на категоријата заедници, воведена со амандманите од 2001 година во нормативниот текст. За неа, амандманите се напишани со невоедначена и лоша уставнопрвна техника, што ги прави нејасни и тешко неразбирливи, а преамбулата – целосно нечитлива. Честите промени, а особено октроираните, го проблематизираат уставот како највисок закон и како најширока и најважна општествена повелба на граѓаните во смисла на Русоовиот „Општествен договор“ и го релативизираат и маргинализираат уставниот патриотизам за којшто пишува Јирген Хабермас. Претседателката му предложи на претседателот на собранието да се инспирира од успешното искуство на Првата уставна комисија и да ја прошири постојната со надворешни членови – експерти кои заедно со членовите од актуелниот пратенички состав континуирано ќе работат на анализа на спроведувањето на уставот, детектирање на проблемите во уставниот поредок и предлагање излезни решенија, вклучувајќи ја и подготовката на делот од уставот за односот меѓу националното и европското право. На крајот, Гордна Сиљановска-Давкова укажа на уникатноста на европската идеја и на демократскиот европски политички систем, а особено на важноста на почитувањето на принципите и вредностите содржани во европските уставни документи, без коишто ЕУ не може да биде филозофија, туку само политичка и бирократска машинерија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
МакедонијаАндоновски: Целта е институциите и претпријатијата да се адаптираат на новите текови кои ги носи ВИУтринава се дискутираше на темата новата ера на вештачката интелигенција во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ.Целта според министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски со проектот Везилка целта е државаните институции и пртепријатијата полесно да се адаптираат на новите современи текови кои ги носи вештачката интелегенција Тагови: Стефан Андоновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook