Бугарија: Радев денеска ќе му го врачи мандатот за формирање влада на кандидатот на ГЕРБ-СДС - Канал 5

Бугарија: Радев денеска ќе му го врачи мандатот за формирање влада на кандидатот на ГЕРБ-СДС

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска ќе му го врачи мандатот за состав на влада во рамките на 51-то свикување на Народното собрание на кандидатот за премиер предложен од најголемата пратеничка група ГЕРБ-СДС.

Бугарија: Радев денеска ќе му го врачи мандатот за формирање влада на кандидатот на ГЕРБ-СДС

Се очекува Росен Жељазков, кој беше предложен од ГЕРБ-СДС за премиер, на бугарскиот претседател да му го претстави составот на кабинетот, кој ќе биде поддржан од четири формации - ГЕРБ-СДС, БСП - Обединета левица, „Има таков народ“ и „Демократија, права и слободи“- ДПС, пренесе Бугарското радио.

Жељазков вчера изјави дека на средба со претседателот ќе оди со предлог-листата на министри само доколку се обезбеди стабилно парламентарно мнозинство.

Парламентарните избори во Бугарија се одржаа на 27 октомври 2024 година, а Радев одлучи да им даде дополнително време на партиите за преговори пред да го предаде првиот мандат, нагласувајќи дека тоа го направил „со надеж дека преговарачите ќе разберат дека нивната одговорност оди подалеку од партиската интересите и нивното избирачко тело и дека се одговорни пред целиот бугарски народ“, јави Бугарското радио.

На парламентарни избори во октомври победи партијата на десниот центар ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, освојувајќи околу 25 отсто од гласовите./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: ЗНАМ во Гостивар го чува идентитетот. Свој нема. Има далечинско!

Максо пред гостиварци: ќе разговараме со Бугарија, не отстапуваме од македонскиот идентитет. Отчет. Две години работа. И само една љубов - тендери. 

СДСМ: ЗНАМ во Гостивар го чува идентитетот. Свој нема. Има далечинско!

Прво ја предадоа партијата. Потоа гласачите. Сега се чувари на идентитетот. Свој немаат.

Имаат здружение на далечинско. Сателит на арамијата. Столче, тендер, глас во Собрание.

Идентитетот го потврди Фон дер Лајен, директно, во Скопје: Европа ве чека со вашиот јазик и вашата култура.

Сиљановска рече: заштитени се македонскиот идентитет, јазикот и културата. Преспанскиот договор арамијата го нарече ремек-дело. Тимчо рече дека НАТО е најдобрата работа за земјата.

Па сега ЗНАМ ги повторува речениците на арамијата, во град во кој веќе дванаесет недели нема документ дека водата е чиста и безбедна за пиење. 5.000 луѓе се отруле, а дел од нив завршиле во болница.

Максо го чува идентитетот како плац за Лидл.

Нека објаснат во Гостивар што чуваат. Идентитет што не е на маса, или партиска каса што е на маса.

Нека кажат колку чинеше столчето. Нека кажат како и зошто „патриотите“ имаат бугарски пасоши и фирми, а другите ги нарекуваат предавниции.

ЗНАМ не е отчет. Тоа е филм што веќе го гледавме. Предавство со датум. Втората верзија бара клучеви за 1,6 милиони евра.

Првиот пропадна.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ким Џонг-ун го надгледувал лансирањето на хиперсонична ракета

Државната Корејска централна новинска агенција (KCNA) на Северна Кореја објави дека Северна Кореја вчера спроведе вежба за лансирање стратешки ракети со среден дострел, под надзор на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Ким Џонг-ун го надгледувал лансирањето на хиперсонична ракета

Ракетата беше лансирана во Источното Море како дел од обуката за ракетни единици кои ракуваат со „хиперсоничен стратешки систем на оружје“, соопшти KCNA. Ким рече дека способноста за контранапад на севернокорејската војска е клучна и дека развојот на стратешко оружје е неопходен за да се заштити националната безбедност и стабилност во сегашната геополитичка средина.

„Мора да продолжиме да вложуваме одговорни и непрестајни напори за непријателот постојано да може да ја препознае сигурноста и смртоносноста на нашите стратешки офанзивни средства“, го цитираше KCNA Ким, додавајќи дека тоа е средство за одвраќање.

Можеби станува збор за ракета Хвасонг-16

KCNA објави дека ракетата, лансирана на североисток, погодила цел на 1.000 километри оддалеченост во Источното Море.

Јужнокорејската војска претходно соопшти дека во четврток наутро детектирала лансирање на балистичка ракета од областа Вонсан во Источното Море и дека ракетата прелетала повеќе од 700 километри.

Експертите веруваат дека може да станува збор за хиперсонична балистичка ракета со среден дострел Хвасонг-16, повикувајќи се на извештаите на севернокорејските медиуми дека ракетата можеби ја променила својата траекторија на ниска надморска височина за време на летот. Државните медиуми објавија фотографии на кои се гледа Ким како го надгледува лансирањето со својата ќерка Џу-ае и сопругата Ри Сол-ју.

Тројца јужнокорејски војници се повредени во експлозија на мина

Лансирањето се случи во време на зголемени тензии на Корејскиот Полуостров по експлозијата на мина во демилитаризираната зона (ДМЗ) минатиот месец, при што беа повредени тројца јужнокорејски војници.

Јужнокорејската војска ја обвини Северна Кореја за поставување мина што експлодираше на 21 септември, нарекувајќи го чинот „очигледно“ кршење на договорот за примирје со кој заврши Корејската војна од 1950 до 1953 година. Сеул побара извинување од Пјонгјанг и одговорни мерки, додека Северна Кореја негираше одговорност, обвинувајќи ја Јужна Кореја за фалсификување на резултатите од истрагата и предупредувајќи за „безмилосна“ одмазда доколку се преземат соодветни мерки.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 12 возачи поради „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода 12 возачи поради „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испит

Лишени од слобода 12 возачи поради „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, деветмина управувале возило без положен возачки испит и тоа: Д.Д.(26) од Скопје, М.Б.(29) од с.Црн Врв, скопско, М.П.(18) од с.Мршевци, скопско, 15-годишник од с.Студеничани, скопско, Н.Б.(48) од Битола, А.А.(44) од Битола, И.К.(51) од с.Виничани, Општина Градско, 16-годишник од Велес и Љ.М.(61) од с.Стамер, делчевско.

Со активна забрана и под дејство на алкохол управувале Б.Б.(60) од с.Зајас, кичевско и М.М.(37) од Велес. Додека пак, под дејство на алкохол управувал Љ.Џ.(48) од с.Разловци, делчевско. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер