Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?
2Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?
Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
1Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
БалканБугарија пред старите маки – нова влада или нови избори?Договорената замена на премиерската функција во Бугарија се претвори во фијаско, откако двете најголеми политички партии ГЕРБ и Продолжуваме со промената се скараа поради начинот на кој тоа треба да се случи. Откако изгледаше дека сите несогласувања се разрешени, а идната премиерка согласно коалицискиот договор, Марија Габриел го достави составот на новата Влада до Румен Радев, од Продолжуваме со промената ја обвинија дека во листата со имиња има и лица кои ниту биле запознаени дека ќе бидат министри, ниту тоа го барале. -Тоа што се случи вчера беше без преседан. Се собравме вчера 100 луѓе, и министри и целата парламентарна група. Сите не можевме да веруваме дека тоа се случи. Тоа беше една политичка измама. Јас се радувам дека во листата на Марија Габриел не бевте и вие. Затоа што тука имаше луѓе кои ниту ние знаевме за нив, ниту тие знаеја дека се на таа листа. - Кирил Петков – Продолжуваме со промената Преговорите меѓу Герб и ПП траат од 6 март, кога поранешниот премиер Николај Денков поднесе оставка од функцијата согласно коалицискиот договор меѓу двете партии, кој предвидуваше промена на премиерот и собранискиот спикер по 9 месеци. Габриел денеска побара извинување од Продолжуваме на промената и тврди дека сите лица кои биле на списокот за состав на владата имаат обврска која треба да ја завршат. Нејзиниот партиски лидер Борисов пак, со директна порака дека само извинување може да ги врати на преговарачката маса. -Очекувам извинување бидејќи не сум го прекршила Уставот. Указот е издаден за именување на премиер. Во однос на министрите, сакам да потсетам дека сите министри кои се уште се министри, иако поднесоа оставки, тие се обврзаа пред 9 месеци за период од 18 месеци.- Марија Габриел -Првото нешто што може да не врати на масата на преговорите е едно големо „извини“. Појасно како да ви кажам. Ако не добиеме извинување, значи нема да има 69 гласа „За“. Со БСП, со Преродба, со кого сакаат нека гласаат (нова влада)- Бојко Борисов – Претседател на ГЕРБ Двете политички партии кои во бугарскиот парламент имаат по 69 и 64 пратенички мандати, доволно за состав на нова влада, постигнаа договор минатата година, откако Бугарија две години ја водеше техничка влада и постојано одеше на предвремени избори. Сепак, доколку во наредниот период ГЕРБ и ПП не успеат да најдат заедничко решение, извесно е дека Бугарија повторно ќе оди на нови избори.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
Македонија18-годишен делчевец за пример- пронашол документи и поголема сума пари и ги предал во полицијаНа 24.10.2026 година, во 14:00 часот, во Полициската станица Делчево, 18-годишен жител на Делчево предал пронајдени лични документи и парични средства во износ од 114.000 денари и околу 2.000 евра.Имено, младиот делчевец на булеварот „Македонија“ во Делчево пронашол патна исправа и лична карта на лице од Делчево, како и наведените парични средства, по што совесно постапил и истите ги предал во полициската станица. Министерството за внатрешни работи ја поздравува оваа постапка, која претставува позитивен пример за чесност, совесност и високо развиена граѓанска одговорност, особено кај младите. Ваквите постапки заслужуваат јавно признание и претставуваат поттик за негување на општествените вредности, меѓусебната доверба и одговорното однесување во заедницата, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?Синоним за Филипче е лага, малверзација и корупција.Човекот едноставно не може, а да не излаже. Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, едно на брачен другар, мерцедес од 44 илјади евра и еден мотор од 25 илјади евра, сличен како оној што го возеше со Заев. Зошто Филипче рече дека има автомобил од 6.000 евра, а не му е вметнат во анкетниот лист? Дали можеби цената на автомобилот е повисока и е марка АУДИ добиена како подарок за тендер? Дали Филипче крие нешто од јавноста? Дополнително, што ли уште Филипче ќе излаже? Ако лаже за ваква работа, којзнае за што друго ќе лаже понатаму ако дојде на власт. На ваквите митомани како Венко Филипче не смее да има место во политиката, рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
СветГолеми протести во Израел против Нетанјаху во пресрет на изборите (ВИДЕО)Илјадници луѓе се собраа во Тел Авив на големи антивладини протести, три дена пред општите избори што се сметаат за референдум за премиерот Бенјамин Нетанјаху. Протестот беше организиран од Октомврискиот совет, група основана од семејства на жртви и заложници киднапирани од палестинските милитанти на 7 октомври 2023 година, за да побара одговорност за неуспехот да се спречи нападот на Хамас што ја предизвика војната во Газа. „Три дена пред изборите, ќе одржиме последен настан за да одбележиме три години борба за откривање на вистината, барање одговорност и формирање државна истражна комисија“, напиша Октомврискиот совет на X пред митингот. Тесна трка Анкетите покажуваат тесна трка помеѓу десничарскиот блок на Нетанјаху, кој е на власт од крајот на 2022 година, и блокот на централнодесничарскиот ривал Гади Ајзенкот. Најновите анкети покажуваат дека ниту еден блок нема да освои мнозинство места во израелскиот парламент. 💥The rally in Tel Aviv. All 4 opposition candidates expected. https://t.co/BGYmFED5id — Noga Tarnopolsky נגה טרנופולסקי نوغا ترنوبولسكي (@NTarnopolsky) October 24, 2026 Репортер на АФП изјави дека илјадници луѓе марширале од центарот на плоштадот Рабин кон Плоштадот на заложниците, каде што се одржал собирот и кој бил централна точка на минатите антивладини протести со барање за ослободување на заложниците од Газа. „Кој и да нè водеше во изминатите четири години, завршил ужасна работа“, изјави 68-годишната Хадас Фојерштајн за АФП кратко пред почетокот на собирот. „Израел никогаш не бил во ситуацијата во која се наоѓа сега“, додаде таа. Советот од октомври ја предупреди полицијата за можни „провокации“ од страна на провладините агитатори. Пропусти на 7 октомври Собирот доаѓа по години застапување од страна на израелското граѓанско општество и опозициските партии за формирање независна истражна комисија за да ги испита безбедносните пропусти што доведоа до настаните од 7 октомври. Владата на Нетанјаху одби да формира такво независно тело, како што Израел честопати формирал во минатото за да истражува големи пропусти на државно ниво. Наместо тоа, таа предложи формирање „политички“ комитет, во кој половина од членовите би биле назначени од владејачката коалиција, а другата половина од претставници на опозицијата. Опозициските лидери изјавија дека ќе го бојкотираат комитетот назначен од политичарите.Тагови: Бенјамин Нетанјаху Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook