Бугарија: Обвинение за мајката на белото Ромче, Марија - Канал 5

Бугарија: Обвинение за мајката на белото Ромче, Марија

Обвинителството во Бугарија покрена обвинение против Ромката, за која претходно беше јавено дека би можела да биде мајка на малата Марија, која неодамна беше пронајдена во еден ромски камп во Грција.

Бугарија: Обвинение за мајката на белото Ромче, Марија
Бугарската Ромка, Саша Русева(35) е обвинета за продажба на своето дете во текот на престојот во Грција, јави AP. Со ДНК анализа допрва ќе се утврдува вистината, но Русева, како што е јавено, веќе признала дека пред неколку години, во Грција оставила едно од своите деца кога имало само три месеци. Таа, во една телевизиска емисија изразила подготвеност да ја преземе Марија доколку се покаже дека таа е нејзиното дете. Но, Русева негира дека ги продала детето.

Истрагата во Бугарија претходно дошла до сознанија дека Саша и Атанас Русеви имале помеѓу осум и десет деца од кои пет се русокоси и наликуваат на пронајденото девојче. Еден од нивните синови за BGNES дури и изјавил дека семејството било на одмор во Грција и дека таму ја оставиле Марија. И мајката, наводно, на еден од соседите му кажала дека детето го продала за 250 евра и дека тоа е девојчето за кои деновиве известуваат сите светски медиуми.

Ромската брачна двојка од Грција, кај која Марија беше пронајдена тврдеше дека нејзината мајка, инаку Ромка од Бугарија, доброволна им ја оставила зашто не можела да се грижи за неа.

Бугарскиот министер за внатрешни работи Светозар Лазаров соопшти дека бугарската и грчката полиција интензивно работат на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведен 31-годишник од тетовско за издржување затворска казна од една година

 Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа - Затвор Тетово за издржување на казната.

Приведен 31-годишник од тетовско за издржување затворска казна од една година

На 22.11.2026 во 13:30 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово, во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР, го привеле М.Б.(31) од с.Челопек, тетовско, врз основа на судска наредба за издржување казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело по член 386 став 1 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа - Затвор Тетово за издржување на казната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: 80 години ЈУ Детски дом „11 Октомври“, 80 години љубов и грижа за децата без родители

Ѓорѓиевски денеска со особена чест присуствуваше на свеченоста по повод осум децении постоење на ЈУ Детски дом „11 Октомври“.

Ѓорѓиевски: 80 години ЈУ Детски дом „11 Октомври“, 80 години љубов и грижа за децата без родители

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска со особена чест присуствуваше на свеченоста по повод осум децении постоење на ЈУ Детски дом „11 Октомври“, што се одржа под покровителство на Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски.

- Осум децении во кои генерации воспитувачи и стручни работници со знаење, трпение и љубов им обезбедуваат сигурна и професионална грижа на децата без родители и без родителска грижа. Секое дете заслужува да расте со чувство дека припаѓа. Да има кому да му се довери кога нешто го мачи, кого прво да го израдува со добра вест и кој да му каже „Верувам во тебе“ токму кога му е најпотребно. На сите што низ годините сте биле таа поддршка за децата, од срце ви благодарам. По 80 години, вредноста на вашата работа најдобро се гледа во оние навидум мали, а за едно дете огромни моменти кога знае дека може да смета на вас. Наша одговорност е да им бидеме потпора и додека растат и кога ќе дојде време сами да го изберат својот пат. Нека е честит големиот јубилеј – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека како градоначалник на Скопје, останува посветен, во соработка со надлежните институции, на тоа овие деца да ги имаат истите можности како и нивните врсници - да учат, да спортуваат, да го откријат својот талент и со самодоверба да зачекорат во самостоен живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Парното во Скопје повторно поскапува: Од 1 јануари повисоки сметки за 7,5 проценти?

Скопјани од 1 јануари 2027 година ги очекува ново поскапување на парното греење.

Парното во Скопје повторно поскапува:  Од 1 јануари повисоки сметки за 7,5 проценти?

Според пресметките од предлог-одлуките објавени на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика, за најголем дел од домаќинствата цената на греењето ќе се зголеми за околу 7,5 проценти. За фирмите и другите правни лица, пак, предвидено е зголемување за околу 13 проценти.

Како главна причина се наведува растот на цената на природниот гас. Ова ќе биде трето поскапување на парното во период од една година, а од регулаторната комисија велат дека конечните проценти ќе се знаат по одржувањето на редовна седница за барањата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер