3Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
БалканБугарија објави тендер за дел од автопатот кон границата со МакедонијаБугарската владина агенција „Патна инфраструктура“ објави дека денеска распишала јавен тендер за избор на изведувач за изработка на идејно-технички проект со детален распоред – план за парцела за изградба на автопатот „Ѓуешево – Дупница “.Како што јави дописникот на МИА од Софија, трасата ќе овозможи удобна врска меѓу трансевропскиот транспортен коридор „Ориент/Источен Медитеран“, по кој се наоѓа трасата на автопатот „Струма“ и границата со Република Македонија. Оваа траса е дел од главната TEN-T мрежа. Се очекува автопатот да биде во должина од околу 62 километри. Изградбата на новиот автопат, што е удвојување на дел од патиштата во Бугарија во регионот I-6 Ѓуешево – Ќустендил и II-62 Ќустендил – Дупница, ќе обезбеди брз, удобен и безбеден транспорт на луѓе и стоки, како и директна врска на градот Дупница со магистралниот пат Струма и целата автопатска мрежа во околината. Со спроведувањето на јавната набавка во фазата на идејно проектирање, ќе бидат разгледани алтернативни решенија за реализација на трасата помеѓу граничната точка „Ѓуешево“ и автопатот „Струма“, со проектна брзина од 120 км/ч и габарит Г27, по што ќе се пристапи кон спроведување на соодветните еколошки процедури. По одлука на надлежниот орган за животна средина, ќе може да се премине на изработка на техничкиот проект за одобрената траса, вклучително и проект за Детален развоен план. Проценетата вредност за реализација на договорот за јавниот проект е 3,1 милиони лева (1,6 милиони евра) без ДДВ, а средствата се од буџетот на Бугарската владина агенција за инфраструктура. Терминот за изработка на проектот е 150 календарски дена од датумот на склучување на договорот и го вклучува само времето на проектирање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПо пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му - 11 се ранетиТурскиот министер за правда, Акин Гурлек, изјави дека 11 ученици се повредени во вооружениот инцидент што утрово се случи пред средно училиште во Маниса, од кои двајца се тешко повредени.Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му. Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина на Измир. Напаѓачот побегнал од местото на настанот, но брзо потоа бил фатен и уапсен од полицијата. Тој е снимен од камери за видеонадзор – облечен е во темна облека, а во раката држи пушка. Мотивот за нападот сè уште е непознат, а за случајот е покрената истрага. 11 people injured in shooting near a school in Turkey In the city of Manisa, a 15-year-old student opened fire on his classmates with a hunting rifle. After the shooting, the teenager fled on foot but was soon detained. His parents and grandfather, who owned the weapon, were… pic.twitter.com/7PIJzLp2RU — NEXTA (@nexta_tv) September 22, 2026 Тагови: Маниса Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСАД ќе отворат две нови воени бази на Гренланд во рамките на договорот со ДанскаДанска кажа дека договорот ја става безбедноста на арктикот под надзор на НАТО, наместо да им биде препуштена исклучиво на САД и Данска.САД планираат повторно да воспостават воена база од времето на студената војна во јужен Гренланд и да отворат уште една на источниот брег, во рамките на договорот што треба да го потпишат со Данска и Гренланд денеска во рамките на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк. Текстот на договорот не е јавно објавен, а три лица запознати со него изјавија дека деталите нема да бидат финализирани сè додека договорот не се потпише. Данска кажа дека договорот ја става безбедноста на арктикот под надзор на НАТО, наместо да им биде препуштена исклучиво на САД и Данска. Договорот доаѓа по повеќемесечниот притисок од Доналд Трамп, кој бараше САД да имаат контрола врз Гренланд и во одредени моменти не ја исклучуваше можноста за употреба на воена или економска сила за преземање на оваа полуавтономна данска територија. Заканите на Трамп, кои го достигнаа својот врв во јануари, предизвикаа дипломатска криза во рамките на НАТО.Тагови: Гренланд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветБелата куќа отвори „Трамп ТВ“ откако ги укина акредитациите на дел од медиумитеБелата куќаго отвори својот онлајн стриминг канал „Трамп ТВ“ откако ескалираше нејзиниот спор со главните американски медиумски куќи.Каналот започна да се емитува синоќа, првично емитувајќи говори на Трамп и снимки од американски воени вежби. „Емитувањето ќе оди 24 часа на ден, со минати моменти, најави и со најновите и најдобри информации од администрацијата, сè на едно место“, соопшти Белата куќа. Лансирањето на „Трамп ТВ“ следува откако Трамп во петокот објави дека им забранува пристап до Белата Куќа на новинарите од телевизиите „Си-Ен-Ен“ и „Ем-Ес Нау“ и од сајтот „Политико“. Тој ги обвини медиумите за ширење лажни вести, но и дека не известуваат доволно за неговите постигнувања. Трите медиуми вчера поднесоа тужба против администрацијата, велејќи дека нејзините постапки ги загрозуваат слободата на медиумите и правото на јавноста на независно новинарство. Други големи американски ТВ-мрежи и весници одговорија со намалување на нивното известување за претседателот.Тагови: Белата куќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25