Бугарија: Јотова почнува консултации со парламентарните групи за службен премиер - Канал 5

Бугарија: Јотова почнува консултации со парламентарните групи за службен премиер

Јотова денеска ќе разговара со претставници на ГЕРБ-СДС, а потоа и на „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“.

Бугарија: Јотова почнува консултации со парламентарните групи за службен премиер

Претседателката на Бугарија Илијана Јотова ќе ги одржи првите консултации со претставниците на парламентарните групи во 51-вото Народно собрание во рамките на процедурата за назначување службен претседател на владата, соопшти прес-службата на шефицата на бугарската држава.

Јотова денеска ќе разговара со претставници на ГЕРБ-СДС, а потоа и на „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“.

Минатата недела Јотова се сретна со сите потенцијални службени премиери наведени во Уставот, а петмина од нив изразија подготвеност да ја преземат функцијата – заменик-гувернерот на Бугарската народна банка (БНБ) Андреј Ѓуров, заменик-омбудсманот Марија Филипова, претседателот на Националниот завод за ревизија Димитар Главчев, како и заменик-претседателите на заводот за ревизија Маргарита Николова и Силвија Кадрева.

- Мојата идеја е следниот службен премиер да одговори на очекувањата на бугарските граѓани, изјави Илијана Јотова во неделата.

Таа додаде дека ќе го објави назначувањето на службен претседател на владата откако ќе одржи консултации со партиите застапени во парламентот. Изборот на следниот службен претседател на владата е избор на Народното собрание, бидејќи тие ги изгласаа сите овие промени во Уставот како функционери кои треба да ја преземат оваа функција, како и процедурата и правилата според кои тоа треба да се случува, потсети Јотова.

Според промените во Уставот од 2023 година, по консултации со парламентарните групи и на предлог на кандидатот за службен претседател на владата, претседателот назначува службена влада и закажува избори во рок од два месеци. По промените, двапати се спроведени слични консултации – во април и август 2024 година. За разлика од сега, тогаш консултациите беа во еден ден со сите партии истовремено, пренесе БТА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пожар во парк шумата Гази Баба (ВИДЕО)

Голем пожар претпладнево избувна во парк шумата Гази Баба.

Голем пожар во парк шумата Гази Баба (ВИДЕО)

Пожарот се заканува дека ќе ги зафати станбените објекти во околината на парк шумата Гази Баба. Од ЦУК информираат дека на терен делуваат противпожарните екипи на Град Скопје.

Според последните информации од ДЗС , пожарот е ставен под контрола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВЛЕН: ДУИ ја обезвреднува албанската политика

Ова раководство на ДУИ го мрази мнозинството Албанци кое ги испрати во опозиција. 

ВЛЕН: ДУИ ја обезвреднува албанската политика

Нивната деструктивност и нагон за самоуништување зазема загрижувачки размери. Блокираат Закон за правична застапеност и директно работат против еден од темелните принципи на Охридскиот договор. Ова раководство на ДУИ боледува од политичко слепило. Не ја сфаќаат сопствената одговорност. Со нивното криминално владеење цели 22 години во Владите на СДСМ и ВМРО станаа најлошиот можен претставник на Албанскиот глас. Албанците повеќе не сакаат да бидат претставувани од луѓе кое злоупотребувале и проневериле ЕУ фондови и не им обезбедиле на граѓаните чиста вода за пиење.

Албанците нема никогаш повеќе да се идентификуваат со ова нереформирано ДУИ кое е директно одговорно за обезвреднување на Албанската политика. За да се спасат од кривична одговорност за нивното коруптивно поведение во последните Влади на СДСМ, малата група околу Ахмети се нуди политички да одработи ВМРО да освои повеќе од 60 пратеници на следните парламентарни избори.

Обидот да се создава лажна слика дека правата на Албанците се загрозени само затоа што ДУИ не е коалиционен партнер и во оваа Влада е свесно и со умисла одработување за политичките интереси на Македонската десница и предавство на Албанската кауза, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Скопје памети, 63 годишнина од земјотресот, во чест на жртвите со благодарност за солидарноста

Денес Скопје се сеќава на катастрофалниот земјотрес од 26 јули 1963 година, ден што засекогаш го промени ликот на градот, но не и духот на неговите жители.

ВМРО-ДПМНЕ: Скопје памети, 63 годишнина од земјотресот, во чест на жртвите со благодарност за солидарноста

Во чест на оние што ги загубија животите, со почит кон преживеаните и со благодарност до сите што помогнаа Скопје повторно да се издигне, денес на 63 годишнината, се поклонуваме пред историјата што нe научи на солидарност, храброст и човечност.

Во овие моменти со пиетет им оддаваме почит на сите загинати, се поклонуваме пред храброста на преживеаните и со благодарност се потсетуваме на несебичната помош што пристигна од целиот свет.

Благодарение на единството, човечноста и меѓународната солидарност, Скопје не само што беше обновено, туку стана препознатливо како град на солидарноста, симбол на надежта, отпорноста и вербата во подобрата иднина.

Нашата обврска денес е да го чуваме тоа наследство. Да градиме институции што се грижат за граѓаните, да вложуваме во безбедност, отпорност и развој и да негуваме општество во кое солидарноста, единството и меѓусебната почит ќе бидат темел на секој напредок.

Нека споменот никогаш не избледи, а пораката за единство и надеж продолжи да живее во секоја генерација.

Скопје памети. Скопје не заборава, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер