3Иранската фудбалска асоцијација: ФИФА го откажа доделувањето билети за иранските навивачи за групната фаза
ЕвропаБугарија ја запира воената помош на УкраинаВладата става крај на обезбедувањето вооружување од бугарската армија за Украина, изјави денеска премиерот Румен Радев.Според него, Бугарија дала доволно, додека како што кажа, трпи социјално-економски штети од војната. Повтори дека до мир може да се дојде само преку дипломатско решение, а не со воени средства. Според Радев, зајакнувањето на владеењето на правото, на демократските институции и на одбранбените капацитети на бугарската армија, а не вложување дополнителни средства во војната, е вистинската инвестиција во иднината на земјата. Неговата одлука предизвика бурни реакции кај бугарската опозицијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАндоновски: Дигиталната трансформација клучна за конкурентноста и безбедностаДигиталната трансформација претставува клучен предуслов за економска конкурентност, национална безбедност и институционална отпорност – порача министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.Дигиталната трансформација претставува клучен предуслов за економска конкурентност, национална безбедност и институционална отпорност – порача министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на отворањето на конференцијата „Акцелератор за дигитална трансформација на западен Балкан“, што се одржува во скопје во организација на амбасадата на САД. Тагови: Стефан Андоновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДоцни исплатата на социјална помош Дел од примателите велат дека причината како што им било објаснето е поради инсталирање на нов софтвер кој ја одложил исплатата за неколку дена.Ако сме инвалиди, и ние сме луѓе и не смее државата да си игра со нашите права, греота и срамота е, вели Слободан Делев од Гевгелија, лице со инвалидитет кој е револтиран бидејќи, како што вели, не е првпат да доцни социјалната помош и финансиите за туѓа нега на најранливата категорија на граѓани, овој пат поради инсталирање на софтвер. Тој смета дека ниту со закони, ниту со правилници не смее да се прават планови за да се штеди и да се крати од луѓето кои земаат социјална помош. И од Националниот сојуз на слепите велат дека членовите имаат поплаки за доцнењата, а повеќе сојузи и здруженија на лица со попречености денеска излегоа и на протест за да побараат од Владата да не им го укине или ограничи правото на финансирање кое го добиваат преку законот за игри на среќа. Додека луѓето со инвалидитет се надеваат дека државата нема да остане глува и слепа на нивните барања, нема одговор на оние од Канал 5 до Министерството за труд и социјална политика за транспарентно пред објектив во камера да кажат зошто софтверот не можел да се инсталира по исплатите, за да не доцни социјалната помош. Од таму до почетокот на вестите нема ни одговори во писмена форма за тоа како е набавен софтверот и колку чини. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДЗС со повик за поранешни припадници на МВР и АРМ за справување со пожарите Дирекцијата за заштита и спасување бара 100-тина поранешни припадници на полициските, армиските и противпожарните сили за гаснење на претстојните пожари на отворено. Со договор на дело во рок од три месеци и месечна плата од 44.000 денари, првиот човек на ДЗС – Стојанче Ангелов ги повикува поранешните припадници со минимум петгодишно искуство кои се во добра психофизичка состојба и за кои како што вели, работното време и слободни денови ќе бидат прилагодени на теренските потреби. Ангелов уверува дека во претстојната летна сезона на пожари има доволно кадар и опрема за гаснење пожари на отворено, но и ја повика локалната самоуправа да ги стави во преден план пожарникарите кои минатото лето склучија сличен договор. Двајцата пензионирани пилоти и оваа година ќе бидат ангажирани за управување на ертракторите, но се очекува да им се придружат уште тројца обучени пилоти, рече Ангелов. Според Ангелов, благи се критериумите за овој повик а освен пензионираните, може да се пријават и оние кои биле отстранети од редовите на Полицијата, Армијата и Противпожарните единици. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter