ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
1ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
3Јеменската влада започнува голема воена кампања за повторно освојување на сите области во земјата контролирани од Хутите
Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
2Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
БалканБугарија и Романија целосно влегуваат во ШенгенОд денеска се укинуваат контролите на патниците на копнените граници на Бугарија и Романија со земјите од Шенген зоната.Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ одлуката за укинување на контролите ја донесе на 12 декември по што унгарски министер за внатрешни работи Шандор Пинтер рече дека тоа е „историски момент“. Бугарија и Романија беа примени во Шенген зоната на 31 март минатата година, но при тоа беа укинати само контролите на внатрешните воздушни и водени гранични премини, додека и натаму останаа во сила проверките на лицата кои ги минуваа копнените граници меѓу двете земји и останатите Шенген држави. Шенген зоната е најголемата област на слободно движење на стоки и патници во светот. Таа е воспоставена во 1985 година со укинување на граничните контроли меѓу Белгија, Германија, Луксембург, Франција и Холандија. Денес правилата за слободно движење во Шенген зоната важат во 29 земји – сите членки на ЕУ со исклучок на Ирска и Кипар, како и Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија и таа се протега на територија на која живеат 420 милиони луѓе. Кипар официјално е дел од областа, но контролите на неговите внатрешни граници кон ЕУ се уште не се укинати, додека Ирска воопшто не е членка на Шенген зоната.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 28.09.2026 до 02.10.2026 зема 200 примероци за физичко-хемиска и 200 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Рецепти„Гответе со Дракче“ - ЊокиВо понеделник (28.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Анета Љумаковска.Состојки за денешниот рецепт: 400 гр. њоки 100 мл. павлака за готвење 5 - 6 сушени домати 1 чешне лук малку пармезан масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
ФудбалСелекторот на Португалија: Ако Роналдо сака да се врати, ќе се вратиСелекторот на португалската репрезентација, Жорже Жезус, изјави дека Кристијано Роналдо може да се врати во националниот тим доколку одлучи да го стори тоа.41 годишниот Роналдо кој со децении беше капитен на Португалија, го напушти репрезентативниот камп за време на Лигата на нациите, откако натпреварот против Норвешка го мина на клупата за резерви и потоа дозна дека нема да биде во почетниот состав ниту против Данска. Напаѓачот на Ал-Наср има одиграно 234 натпревари и постигнато 146 гола за Португалија – што претставуваат светски рекорди во двете категории. По напуштањето на кампот, тој на социјалните мрежи напиша: „Кога ќе дојде време, ќе им ја кажам на Португалците целата вистина за причините поради кои ја напуштив репрезентацијата, на која отсекогаш сум ѝ бил целосно посветен“. Селекторот Жезус зборуваше за ситуацијата со Кристијано на пресот по синоќешниот натпревар против Норвешка, во кој Португалија обезбеди пласман во четвртфиналето на Лигата на нации. „Ако сака да се врати во репрезентацијата, ќе се врати“, рече Жезус, кој исто така му беше тренер на Роналдо во Ал-Наср. „Можеме да разговараме пред следниот повик, но Крис е тој што ја носи одлуката. Кристијано треба да ја заврши својата репрезентативна кариера под свои услови; тој е тој што ќе одлучи како ќе замине“, изјави селекторот. Жезус се потсети и на нивниот претходен договор. „Кога го објавив првиот состав, му реков: 'Ми требаш; те сакам покрај себе, без разлика дали играш или не'. И истото му го кажувам и сега.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter