3Кашкавал како залог за кредит? Банка во својот трезор чува половина милион тркала кашкавал во вредност од 325 милиони евра.
МакедонијаБугарија и официјално стави вето за почеток на преговори на Македонија со ЕУ Бугарија како што беше очекувано и официјално стави вето на министерскиот совет во Брисел за почетокот на преговори на Македонија со Европската Унија...И официјално. Попладнево Бугарија стави вето на преговарачката рамка на Македонија, која и натаму, останува во чекалната на Европската Унија. Блокадата ја формализираше шефицата на бугарската дипломатија Захариева на брифинг во Софија. Предлозите на Скопје не ги одразуваат бугарските барања и не можат да бидат поддржани во сегашната форма, нагласи Захариева, која воедно потенцираше дека Софија дава зелено светло за рамката на Албанија. Порача дека Бугарија е подготвена да ги продолжи разговорите, кога како што рече, дијалогот ќе се водел со желба и компромиси од двете страни. -Бугарија во оваа фаза не може да ја оддржи преговарачката рамка за Македонија, како и одржување на првата меѓувладина конференција. Настојувавме во преговарачката рамка да се вметнат три основни услови. Придржување кон формулацијата за јазикот од 99-та година, потоа потврдена со Договорот во 2017 година, патоказ за спроведување на Договорот од 2017 година и многу јасен текст дека не да се поддржуваат претензии за македонското малцинство во Бугарија. Овие услови се уште не се вклучени во преговарачката рамка., изјави Екатерина Захариева, министерка за надворешни работи на Бугарија Захариева ја потврди блокадата додека во Брисел се одржуваше виртуелен состанок на Совет за општи работи, каде што Македонија, и покрај извесното бугарско вето, сепак се најде на дневен ред. Пред почетокот на министерскиот совет, претседавачот со Советот, германскиот министер за Европа, Михаел Рот, порача дека Македонија ја има поддршката од Берлин, а дека проширувањето не смее да биде заложник на билатералните прашања. -Во најдобар интерес на Eвропската Унија е обете земји да ги започнат пристапните преговори што е можно поскоро на меѓувладина конференција. Се надевам дека сите колеги и сите земји-членки ќе размислат за овој заеднички интерес и дека ќе бидат подготвени да бидат прагматични и во најдобра смисла на зборот солидарни. Процесот на пристапување не смее да биде заложник на билатералните барања на одредени земји членки., вели Михаел Рот, германски министер за Европа. Ставот на македонскиот државен врв е дека ќе продожат да преговараат со Бугарија до последен момент, но не ако во разговорите се вклучени и јазикот и идентитетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПочувствуван земјотрес во Гостивар и околинатаЗемјотресот е почувствуван од жителите на градот Гостивар и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 16 часот и 10 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 47 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.5. Земјотресот е почувствуван од жителите на градот Гостивар и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала. За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеД-р: Даниловски: Сега не може да се каже дека ова е врвот на епидемијата на Западен НилЕпидемиологот доктор Драган Даниловски за Канал 5 вели дека Македонија веќе се наоѓа во засилена трансмисија на Западен Нил, но не може да се каже дали ова е врвот на епидемијата.. Смета дека околу 80 проценти од заразените се асимптоматски.. Целиот разговор на Сања Трајковска Ставров со епидемиологот доктор Драган Даниловски погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизХоливудска ѕвезда од 90-тите забележана по подолг период во јавностаХоливудската актерка Бриџит Фонда ужива во своите пензионерски денови далеку од Холивуд.Бриџит Фонда била забележана неделава во Лос Анџелес, за време на едно од своите ретки појавувања во јавноста. Пензионираната 62-годишна актерка е фотографирана како излегува од ресторан во друштво на асистентката . Бриџит на себе има обична маица на риги и црни панталони и воопшто не неликува на онаа русокоса убавица од деведесетите година на минатиот век. Фонда ретко се појавува во јавноста откако го напушти Холивуд пред повеќе од дваесет години. Ѕвездата на филмот *Single White Female* се појавува многу ретко во јавноста а, најголемо медиумско внимание привлече нејзиното излегување со сопругот Дени Елфман. Тоа се случи кога беа фотографирани заедно за првпат по 16 години, по враќањето од патување во Лос Анџелес. Таа се омажи за поранешниот фронтмен на бендот „Оинго Боинго“ (Oingo Boingo) во 2003 година. Една година подоцна, парот објави дека Фонда очекува дете, а својот син Оливер го добија на почетокот на 2005 година. Актерката, позната и по улогата во *Кум 3* (The Godfather Part III), се повлече од глумата за да се посвети на одгледувањето на својот син, кој сега има 21 година. Бриџит Фонда потекнува од познато актерско семејство; таа е ќерка на Питер Фонда, внука на Џејн Фонда и внука на Хенри Фонда. Во 2023 година, таа му изјавила на еден папарацо дека нема намера да се врати на глумата бидејќи е „прекрасно да се биде обичен граѓанин“.Тагови: Холивуд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter