Бугарија: ГЕРБ и ПП-ДБ ги обновија преговорите и разговараат за состав на влада - Канал 5

Бугарија: ГЕРБ и ПП-ДБ ги обновија преговорите и разговараат за состав на влада

Првата и втората политичка сила во Бугарија - ГЕРБ и „Продолжуваме со промената - Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) ги обновија меѓусебните преговори и разговараат за состав на редовна влада.

Бугарија: ГЕРБ и ПП-ДБ ги обновија преговорите и разговараат за состав на влада

Ова се случи откако во саботата ГЕРБ ги замрзна преговорите со ПП-ДБ по протечената снимка од состанокот на ПП и најави дека може да ги обнови, но под нови услови.Вчера, од ГЕРБ номинираната за премиер Марија Габриел изјави дека разговори може да има, „само ако се преиспитаат форматот, составот, личностите, моделот, принципите и довербата“. Следуваше сигнал од ПП-ДБ дека тоа не е исклучено. Преговорите продолжија денеска, јавуваат бугарските медиуми.

Затоплувањето на односите меѓу двете формации доаѓа само неколку часа откако обвинителството објави дека бара одземање на пратеничкиот имунитет на лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов. Градското обвинителство побара од главниот обвинител Иван Гешев да иницира одземање на пратеничкиот имунитет на Борисов поради аферата „Барселонагејт“. Причина за тоа е собирањето податоци за перење пари, за што треба да се истражи лидерот на ГЕРБ. Случајот се однесува на куќа во Барселона во која живеела поранешната манекенка Борислава Јовчева. Од доказите може да се заклучи дека поранешниот премиер на трети лица им обезбедувал средства стекнати како резултат на сторено кривично дело за купување и закуп на недвижен имот во странство, посочуваат од градското обвинителство, пишува бугарскиот портал Медиапул.

Што се однесува на денешното затоплување на односите, до него дојде откако утрово се сретнаа претставници на ГЕРБ и ПП_ДБ во кабинетот на претседателот на бугарскиот парламент Росен Желјазков и со часови разговараа за влада со втор мандат. Според Медиапул, во тој период во просторијата влегувале и излегувале различни учесници - Бојко Борисов, Марија Габриел, Томислав Дончев, Росен Жељазков, Николај Денков, Кирил Петков, Асен Василев, Христо Иванов, Атанас Атанасов и Владислав Панев.

По три часа од почетокот на средбата, пред новинарите се обрати Николај Денков, предложен од ПП-ДБ за премиер, кои најавија дека со ГЕРБ разговараат за составот и структурата на кабинетот.

„Има два елементи. Еден е да се осигураме дека нема да има проблеми со администрацијата. Го подготвуваме соодветниот документ за да бидат мирни сите што се загрижени. А вториот, се разбира, е кадровската екипираност. Работиме на двете, рече тој.

Денков најави дека „нема да има министри од ГЕРБ како министри од ГЕРБ“, но од неговите зборови се сфати дека е можно да има експерти предложени од партијата на Бојко Борисов.

„Како предлог прифаќаме експерти од секаде. Можете и вие да ни предложите. Прашањето е кои се најдобрите луѓе за позициите“, рече тој како одговор на прашањето дали е можно во кабинетот да има експерти предложени од ГЕРБ. .

Денков ги повика и медиумите да ги остават ПП-ДБ и ГЕРБ „да си ја завршат работата“.

Се очекуваат промени во составот на проектниот кабинет претставен пред еден месец од ПП-ДБ со втор мандат во насока на замена со експерти, коментира за бТВ копретседателот на ДБ Атанас Атанасов. - Овој список ќе ни биде доставен, ќе разговараме и ќе го ставиме на гласање. Нормално дека мора однапред да биде усогласен и со Марија Габриел“, коментира Атанасов.

Според него, постапките на обвинителството против Борисов не се пречка за преговорите за формирање влада.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неделен хороскоп за 12. до 19. октомври 2026 година

Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 12. до 19. октомври 2026 година. 

Неделен хороскоп за 12. до 19. октомври 2026 година

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Многу луѓе постојано ќе ве опкружуваат. Ќе бидете расположени , весели , подготвени се да споделите со нив , но без премногу обврски. Некои својата врска ќе ја стават во позиција на добро пријателство и ќе се откажат од поголеми интимности. Партнерот би можел да биде збунет.

Кариера

Вашето влијание во работата ќе биде базирано на вашата зрелост и професионалноста. Овие денови уште ќе чекате на некои одговори од соработниците , што може да влијаат на натамошниот развој на работата , но општо земено , се е под контрола и добро се одвива.

Здравје и совет

Задоволни сте со самите себе.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Иако вашата врска одлично ќе напредува,вие самите ќе бидете склони кон чепкање по ситници , а особено во вашиот внатрешен свет. Со таков пристап ќе ја загрозите спонтаноста , па затоа не претерувајте. Опуштете се.

Кариера

Колку долго сонувавте за некои деловни потфати , толку сега имате шанса да го покажете своето знаење и умеење. Веројатно ќе се зголеми вашето влијание врз другите на работното место . Подготвени сте за такво нешто.

Здравје и совет

Ќе бидете отворени за секакви предлози.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Следните денови вие еднакво ќе уживате било како самец со пријателите или во врска со саканата личност. Нема да чувствувате притисок , па по секоја цена мора да се зближите со некого. Ќе бидете навидум незаинтересирани кон другите , но со смисол за хумор.

Кариера

Следните денови работата најверојатно ќе ви падне во втор план. Ќе размислувате за духовниот свет, или пак во својот дом ќе воведете некои измени. На работното место ќе функционирате рутински. Ќе го одработите она што морате и ќе бидете далеку со духот.

Здравје и совет

Одете во природа .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веројатно ќе се чувствувате празно и незаинтересирано за некои љубовни активности. Тоа е последица на вашата заинтересираност за се друго освен за личниот живот. Внимавајте, саканата личност може да се почуствува запоставено. Мал подарок може да ја поправи работата.

Кариера

Доколку нешто треба да се менува , менувајте.наравете го тоа на мирен и постепен начин. Доколку ве критикуваат немојте да одговарате , туку продолжете и натаму да работите. важное да имате јасен план и доследно да го следите. Успехот е на чекор до вас.

Здравје и совет

Соработувајте повеќе.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Влијанието на љубовните планети врз вашиот љубовен живот деновиве ќе биде различно. Некогаш ќе ви изгледа како се да е можно, а некогаш ништо. Ќе ви биде потребна добра способност за прилагодување , за да ги издржите сите предизвици.

Кариера

Пред вас се работни денови полни со предизвици , со зголемена одговорност , како и контрола при работењето. Затоа бидете подготвени , потсетете се на она што до сега сте го постигнале и со полно право презентирајте ги своите способности.

Здравје и совет

Потребено ви е повеќе спиење.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Вашите лични односи добро ќес е развиваат. Мали сомневања ќе имаат краткотраен карактер , па не им придавајте значење. Објективно , вратите на нечие срце ви се отворени. Не си го затворајте самите патот , туку одете таму каде што мислите дека припаѓате.

Кариера

Би биле најсреќни доколку се повлечете во своето работно катче и да работите нешто по свое. Некои овие влијанија ќе ги искористат за нови долгорочни планови , па ќе осмислат како да го подобрат она што го работат. Ќе има многу интересни идеи , па дури и повеќе.

Здравје и совет

Потребен ви е одмор.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе помислувате дека сте можеле повеќе да направите , но нема причина за незадоволство. Сега своите сили ќе ги насочите на зацврстување на она што сте го постигнале на личен план. Помалку филозофирање, повеќе интимност и се ќе ви оди како што треба.

Кариера

Ќе има се повеќе работа , а особено оние во дејноста услуги. Понекогаш нема да можете ниту да земете пауза , а најмногу ќе ве нервира што некои колеги илисоработници ќе функционираат и повеќе од немарно. Ќе се обидете да ги предупредите да работат посовесно.

Здравје и совет

Не заборавајте да се одморите.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Состојбата во приватниот живот ќе се одвива добро. Саканата личност ќе ве поддржува, иако повремено ќе доаѓа до мали вербални недоразбирања. Истовремено ќе се појават бројни и многу убави љубовни шанси за оние кои се сами.

Кариера

Два чекора напред , па еден назад. Така деновиве би можела да се опише вашата работна недела. Сепак , кога ќе соберете пак сте во добивка. размислете за своите амбиции и планови. Дали се реални?

Здравје и совет

Одете таму каде што ви е убаво.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе бидете се повеќе наклонети кон скривање на своите вистински чувства. Тоа понекогаш ќе предизвика недоразбирања во односите , зашто другата страна нема да биде подготвена. Внимавајте со ваквиот свој став да пропуштите добра љубовна шанса или некој друг да се откаже од додворување кон вас.

Кариера

Продолжувате да развивате се подобра деловна иднина. Остана уште малку време за да ги привршите подготовките. Неделава нема да биде се готово. Немојте тоа да ве изнервира , зашто на крај ќе видите дека се излегло подобро од очекуваното.

Здравје и совет

Игнорирајте ги малите грижи.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Како што ќе минува неделата , ќе забележите дека важите љубовни односи се повеќе се подобруваат. Тоа ќе ве охрабри за да бидете уште поотворени и посигурно да им пристапувате на личностите кои ви се допаѓаат. Оние кои се во врска , ќе бидат уште поблиски со саканата личност.

Кариера

Не сте ни помислувале дека може да ви тргне толку на добро. Ќе се поврзувате со луѓе , меѓу кои и со нови соработници уште подобро отколку што сте претпоставувале. Идеите ќе ги разменувате поинтензивно , а нивната примена ќе биде возможна. Пред вас се динамични денови.

Здравје и совет

Штедете си ја силата.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Во своите лични односи ќе станете поотворени и поопуштени. Подготвеноста да им верувате на другите ќе ви се врати на најдобар можен начин. Не само што вие ќе имате доверба во партнерот , туку и обратно. Бидете свесни за тоа и чувајте го.

Кариера

Веројатно нема да излезете во прв план , но сепак ќе ви биде добро. На вас е да работите и да покажете што знаете. Ситуациите , луѓето и настануите ќе ви одат во полза , дури и кога на прв поглед состојбата нема да ви изгледа сјајна.

Здравје и совет

Не губете време на безначајни работи.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Барањата што постојано ќе доаѓаат од други подрачја на животот, повремено ќе ви ги нарушуваат стабилните лични односи. Ако се обидете нешто да објасните , нема добро да поминете. Затоа бидете тивки и едниоставно сакајте. Така ќе биде најдобро.

Кариера

Ќе се засили кореспонденцијата со колеги кои не се од местото каде што работите. Ќе се поврзете со нив и ќе разменувате деловни искуства. Некои ќе заминат на службен пат. Тоа ќе ги освежи и ќе разбуди кај нив авантуристички идеи.

Здравје и совет

Вашите таленти чекаат да се истакнат. Развивајте ги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се удавил 57 годишен охриѓанец откако му се првртело кануто

Вчера на 57 годишен Охриѓанец му се превртело кануто и починал – телото предадено на обдукција.

Се удавил 57 годишен охриѓанец откако му се првртело кануто

На 10.10.2026 во 18:30 часот во ПС ГН Охридско Езеро било пријавено дека во близина на месноста „Извиднички“, на околу 200 метри од брегот на Охридското Езеро, се превртело кану управувано од (57) годишен Охриѓанец. На местото биле упатени полициски службеници и екипа на Итната медицинска помош, чиј лекар констатирал смрт кај лицето. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид. По наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција, стои во билтенот на МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Трамп размислува да го преименува Атлантскиот или Тихиот Океан во „Океан на Трамп“?!

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува да го преименува Атлантскиот или Тихиот Океан во „Трампов Океан “ или „Американски океан“ пред да му заврши претседателскиот мандат. 

Видео: Трамп размислува да го преименува Атлантскиот или Тихиот Океан во „Океан на Трамп“?!

Обраќајќи им се на гласачите во сојузната држава Тенеси, Трамп потсети на својата иницијатива да го преименува езерото Онтарио во езеро „Америка“.

„Размислував за Атлантскиот или за Тихиот Океан. Би ги нарекле ’Трампов Океан ‘ или ’Американски океан‘. Треба да го направиме тоа пред да си заминам“, рече Трамп.

Претходно денес, Трамп исто така изјави дека неговата администрација размислува да го преименува Ормускиот теснец по претседателот на САД.

Во септември, Трамп потпиша указ за преименување на езерото Онтарио во езеро Америка. Езерото е дел од системот на Големите езера и се наоѓа на границата меѓу САД и Канада, помеѓу американската сојузна држава Њујорк и канадската провинција Онтарио.

Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека Канада ќе продолжи да го користи постоечкото име на езерото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер