БалканБугарија бара национално малцинство и на КосовоСофија бара да се внесат Бугари и во косовскиот Устав. „Еуроњуз Србија“ анализира за обидот за асимилација на горанската заедница на Косово која бугарските власти ја сметаат за бугарска. Софија има три барања за Приштина пред претстојниот попис напролет - признавање на наводно бугарско малцинство, загарантирано место во Советот на заедници и постоење на Бугари во Уставот. Ова во две одделни посети на Косово претходно го побараа бугарскиот претседател Румен Радев, според кој во Косово има 15.000 Бугари и потпретседателката Илијана Јотова. Горанците живеат во економски најнеразвиените делови на Косово, Жупа и Подгора. Тие се автохтон народ од муслиманска вероисповед чиј јазик е архаичен словенски говор и според познавачите таму никогаш немало Бугари, но некои земаат бугарски државјанства и пасоши од економски причини. И тука, како и во Пустец, Албанија, Софија со давање пасоши, стипендии за студирање, подароци по селата се обидува да го убеди локалното население дека се Бугари по потекло, објави „Еуроњуз Србија“. -Многу луѓе, особено од Призрен, беа испратени да студираат во Бугарија со надеж дека за време или по нивното образование можеби ќе можат да добијат бугарска виза. Ова се причините поради кои луѓето ги пополнуваат формуларите со кои сакаат да студираат и земи пасош. И патем во таа форма имав можност да го видам, во првата реченица пишува дека во бугарското ‘аз’ така и така именувано, „със български произход“, значи јас сум толку и така, со бугарско потекло“, вели Садик Идризи, професор на Универзитетот во Призрен за „Еуроњуз Србија“. Според професорот Радивоје Младеновиќ од Институтот за српски јазик при САНУ, станува збор за агресивна бугарска политика која има за цел да докаже дека Балканот е претежно населен од Бугари. Зборувајќи за Гораните, тој рече дека тие не се чувствуваат како Бугари туку се посебна етно-културна заедница. - Повеќе од сто години дел од бугарската државна политика и бугарската наука и квазинаука се обидуваат да докажат дека поголемиот дел од Балканскиот Полуостров всушност припаѓа на периферните бугарски јазици и дека во овој контекст е формиран еден проект „заграничните Бугари“ кој е многу агресивен, кој делува како во Косово и Метохија, но и во внатрешниот дел на Србија, изјави Младеновиќ. „Еуроњуз “ во анализата потсетува дека Албанија уште во 2017 година, на барање на Бугарија, го вклучи бугарското малцинство во уставот, а причината што Македонија не почнува преговори со ЕУ е што се уште не го исполнила истото барање од Софија за внесување на Бугарите во македонскиот Устав.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter