Бугарија/Анкета: Речиси 38 отсто од Бугарите ја прифаќаат формулата на новиот кабинет - Канал 5

Бугарија/Анкета: Речиси 38 отсто од Бугарите ја прифаќаат формулата на новиот кабинет

Формулата на новоформираната влада ја прифаќаа 37,4 отсто од полнолетните Бугари, покажа експресната анкета на социолошката агенција „Мјара“, јави БТА.

Бугарија/Анкета: Речиси 38 отсто од Бугарите ја прифаќаат формулата на новиот кабинет

Податоците се од независна телефонска анкета на социолошката агенција спроведена на 16 и 17 јануари 2025 година меѓу 800 полнолетни бугарски државјани.

Според анкетата, 21,4% имаат тенденција да ја прифатат новата формула на владата, 16,5% не ја прифаќаат, а 20,8% воопшто не ја прифаќаат.

Останатите речиси четири отсто од анкетираните тешко можат да одговорат.

Така, владата на Росен Жељазков составена од ГЕРБ-СДС, со учество на БСП и „Има таков народ“ и со поддршка на ДПС - добива првична јавна толеранција, иако мала, додаваат социолозите.

Во исто време, уделот на негативни реакции не е мал. Јавното прифаќање не е исто што и доверба или одобрување. Најпозитивни оценки има кај електоратите на партиите учеснички. Останатите, во најдобар случај, чувствуваат олеснување што е создаден некаков кабинет, додаваат од социолошката агенција.

Слична е сликата и за инаугурацијата на Доналд Трамп за претседател на САД: за 49,5 отсто од анкетираните, неговото доаѓање носи повеќе надеж, за 35,1 отсто, сепак, разочарување, а 15,4 отсто се неопределени.

Двоумењето станува сосема видливо на прашањето за војната - 47% веруваат дека Трамп всушност може да најде излез од ситуацијата со руската агресија во Украина, но 44,3% не веруваат во тоа, покажува експресната анкета. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е гостиварец- му пронашле кокаин

„Task Foce“ пронајде дрога во Гостивар и лиши од слобода едно лице.

Уапсен е гостиварец- му пронашле кокаин

На 25.10.2026 во 01:55 часот на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од мобилниот тим „Task Force“ при ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.Д.(27) од Гостивар. При преглед извршен кај него, полицискисте службеници пронашле две пакувања со кокаин.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пијани возачи предизвикале сообраќајки во струмичко и валандовско- загина човек од с.Добрејци

Двајца возачи на подрачје на СВР Струмица возеле под дејство на алкохол и предизвикале сообраќајни несреќи со смртни последици и со тешки телесни повреди.

Пијани возачи предизвикале сообраќајки во струмичко и валандовско- загина човек од с.Добрејци

На 25.10.2026 околу 02:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Радовиш, во близина на с.Радичево, општина Василево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Н.В.(19) од с.Злеово, радовишко и патничко возило „мицубиши“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.С.(58) од с.Добрејци, струмичко. Од здобиените повреди на местото починал возачот Р.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Во несреќата со телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило „мицибуши“ Д.А.(36) од село Дабиле, струмичко. Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица, при што било констатирано дека Н.В. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,32 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

На 25.10.2026 во 00:15 часот во ОВР Валандово било пријавено дека на регионален пат во с.Марвинци, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од В.И.(26) од с.Брајковци, валандовско и мотоцикл „кавасаки“ со валандовски регистарски ознаки, управуван од М.Г.(57) од с.Марвинци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Гевгелија. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Валандово, при што било констатирано дека возачот на патничкото возило „мерцедес“ В.И. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,45 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни пријави, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

18-годишен делчевец за пример- пронашол документи и поголема сума пари и ги предал во полиција

На 24.10.2026 година, во 14:00 часот, во Полициската станица Делчево, 18-годишен жител на Делчево предал пронајдени лични документи и парични средства во износ од 114.000 денари и околу 2.000 евра.

18-годишен делчевец за пример- пронашол документи и поголема сума пари и ги предал во полиција

Имено, младиот делчевец на булеварот „Македонија“ во Делчево пронашол патна исправа и лична карта на лице од Делчево, како и наведените парични средства, по што совесно постапил и истите ги предал во полициската станица.

Министерството за внатрешни работи ја поздравува оваа постапка, која претставува позитивен пример за чесност, совесност и високо развиена граѓанска одговорност, особено кај младите.

Ваквите постапки заслужуваат јавно признание и претставуваат поттик за негување на општествените вредности, меѓусебната доверба и одговорното однесување во заедницата, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер