3Ирена Илиевска, Директорка на Агенцијата за одземен имот: Над 3 милиони евра приходи од управувањето со одземен имот
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
ФудбалБуфон за Оливер: Би ги повторил зборовите, но на поинаков начин Голманот на Јувентус Џанлуиџи Буфон даде интервју за „Италија 1“, во кое ги правдаше зборовите кои ги рече на сметка на англискиот судија Мајкл Оливер, додавајќи дека би ги повторил, но на доста поинаков начин.Денови по дуелот помеѓу Реал Мадрид и Јувентус, решен со пенал во крајот на дуелот на „Сантијаго Бернабеу“, Буфон повторно ја објасни ситуацијата околу оспоруваниот пенал. - Не морам да се извинувам, бидејќи јас сум личност која вложува многу емоции, чувства и гнев. Најдов начин да ги искажам моите мисли - понекогаш правилно, понекогаш не, но јас сум таков. Јас сум Џиџи Буфон. Го кажав тоа што го мислам. Судијата не мораше да досуди пенал. Арбитер со повеќе искуство не би го направил тоа, станувајќи главен играч во натпреварот. Поискусен судијата ќе ја одминепе ситуацијата, ќе се обратеше до страничниот судија и ќе оставеше екипите да играат продолженија, изјави Џиџи. Буфон вели дека тој не трврди дека немало пенал од Бенатиа против Васкез, туку дека целата ситуација била контроверзна. - Ова е ситуација каде што не може да се каже дали имало пенал. Не велам дека тоа не е пенал. Велам дека ситуацијата беше контроверзна. Не може да се очекува од мене мирно да го преживувам спортот. Она што го кажав имаше своја логика и повторно би ги повторил зборовите, но на друг начин, заклучи Буфон. Голманот сепак вели дека повеќе не е лут на тоа што се случило, но дека жали бидејќи „бјанконерите“ можеа да испишат историја за цела Италија. - Сега работите завршија и повеќе не сум лут. Нормално, по таква борба, некој се чувствува лошо. Но, не и од резултатот. Тоа беше борба која нема да се повтори. Можевме да напишеме историја за Јувентус и цела Италија. Нашата победа би била поврзана со онаа на Рома. Тоа би било нешто неверојатно, нешто лудо, додаде голманот. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамФиат ја оживува Мултипла од 1950-титеФиат го претстави финалниот дизајн на својот претстоен градски автомобил, Мултиплина, кој се одликува со ретро стилски елементи и димензии слични на оригиналниот Фиат 500 од 1950-тите.Моделот беше прикажан на Саемот за автомобили во Париз заедно со поголемиот концепт Мултиплеј, кој црпи инспирација од неконвенционалниот модел Мултипла од 1990-тите. Се очекува моделот Мултиплина да се појави на пазарот во 2028 година. Ќе биде позициониран над моделот Тополино, но под актуелниот Фиат 500 и новиот, достапен електричен градски автомобил чие претставување е закажано за подоцна оваа година. Името го добива од Фиат 600 Мултипла од 1956 година, возило кое компанијата своевремено го опиша како оригинално превозно средство за повеќе патници. Се очекува новиот модел да има должина помала од три метри, додека Тополино е долг 2,53 метри. За разлика од Тополино, кој спаѓа во категоријата на лесни четирицикли (L6), Мултиплина ќе се развива според прописите за категоријата „L7“. Ова овозможува поголема моќност и брзина. Фиат наведува дека максималната брзина ќе изнесува 88 км/ч, што е горната граница за оваа категорија. Мултиплина ќе ја користи платформата што ја делат Тополино и комерцијалниот модел Трис, но со значителни модификации за да се обезбеди повеќе простор во внатрешноста, поголема батерија и поголем досег. Неговиот дизајн му оддава почит на оригиналниот Мултипла, со исправени предни делови, тркалезни фарови и карактеристична силуета. All eyes on the new 2CV, but Fiat has quietly unwrapped its own 1950s-flavoured runaround: the Multiplina. Your new city slicker? https://t.co/a3BVtaaHuG https://t.co/8Mtc2rROkO — Autocar (@autocar) October 12, 2026 Со овој модел, Фиат ја продолжува својата стратегија за развој на мали и достапни возила, покрај постоечките модели 500 и Панда. Оригиналниот Фиат 600 Мултипла се произведувал од 1956 до 1967 година, а во тој период биле произведени приближно 240.000 примероци. Извор: Б92Тагови: Мултипла Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦените на дизелот и бензините не се менуваат, мазутот поскапуваМалопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 2,145 ден/кг. и сега ќе изнесува 51,742 ден/кг.Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,87% во однос на одлуката од 5.10.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 1,561%, кај дизелот за 1,479%, кај екстра лесното масло за 1,462% и кај мазутот има зголемување од 4,079%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,2931%. Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% и е применет намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V). Од 14.10.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 98,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 100,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 97,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 108,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 51,742 (денари/килограм) Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 2,145 ден/кг. и сега ќе изнесува 51,742 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 14.10.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Тагови: РКЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
МакедонијаКХС: Започна поставувањето на новите садови за одлагање на комунален отпадЈП Комунална хигиена-Скопје започна со поставувањето на новонабавените садови наменети за одлагање на комуналниот отпад. Досега е извршена замена на приближно двесте контејнери, додека активностите за поставување на новите садови ќе продолжат и во текот на неделава. Воедно, во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 880 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнат во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 205 кубни метри отпад од диви депонии. Во истиот период, беа подигнати и транспортирани 3300 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје. ЈП Комунална хигиена-СкопјеТагови: комунален отпад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter