ЗдравјеБуџетот за превенција од ХИВ намален за 40 отстоБуџетот за превенција од ХИВ намален за 40 отсто, велат од советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество.Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество го искажува своето несогласување со одлуката на Министерството за здравство за драстичното намалување на буџетот за превенција на ХИВ-инфекцијата, кој е наменет за услуги за клучните популации засегнати од овој вирус, коишто досега ги испорачуваа 14 здруженија во 12 градови низ земјата. – Наместо 46,5 милиони денари, колку што се предвидени во Програмата за заштита на населението од ХИВ-инфекција за 2022 година, наменети за услугите за превенција на ХИВ што ги реализираат здруженија, Министерството за здравство на 15 март објави јавен повик за здруженија со износ намален за дури 19 милиони денари, што претставува намалување за повеќе од 40 отсто. За ваквата одлуката воопшто не била консултирана Националната комисија за ХИВ, како стручно и мултисекторско тело во земјата во врска со епидемијата на ХИВ задолжено за насочување и координирање на националниот одговор кон овој проблем, велат од Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество. Тие сметаат дека ова одлуката на Министерството за здравство ќе значи уништување на воспоставените капацитети и систем за контрола на ХИВ-инфекцијата во земјава, коишто се градени во текот на две децении, вклучително и со меѓународна поддршка во висина од најмалку 25 милиони долари. – Потсетуваме дека од 2018 година, Владата на Република Македонија формално го презеде како своја обврска финансирањето на услугите за превенција на ХИВ за групите изложени на поголем ризик и во своите политики се обврза да ја гарантира одржливоста во иднина. Притоа, во 2017 година Владата констатирала дека за финансирање на услугите за клучните популации засегнати од ХИВ неопходни се 60 милиони денари на годишно ниво – износ кој никогаш не бил обезбеден, додаваат од Советот. Од таму додаваат дека сето ова ќе се одрази негативно врз здравјето на најмалку 10.000 граѓани кои се директни корисници на услугите за заштита од ХИВ, а индиректно и на многу поголем број граѓани од клучните засегнати популации, имајќи предвид дека станува збор за инфекција, која се пренесува по сексуален или крвен пат, како и од мајка на дете. – Губењето на контролата на епидемијата ќе значи пораст на нови инфекции и пораст на смртни случаи поради ХИВ. Престанувањето со работа на овие услуги исто така ќе го зголеми и притисокот врз клучни здравствени институции, како што се Клиниката за инфективни болести и центрите за лекување на зависности, што е најмалку потребно во услови веќе длабока јавно-здравствена криза. Најпосле, но не помалку важно – штедењето од превенцијата на болести, не претставува штедење, бидејќи многукратно ќе ги зголеми трошоците за лекување и здравствена грижа, на краток и на долг рок, информираат од Советот. Минатата недела Министерството за здравство, реагирајќи на тврдењата на група граѓанските здруженија на лица со ХИВ дека е намален буџетот за превенција на ХИВ-инфекцијата, соопшти дека подеднакво се грижи за сите категории пациенти во рамки на обезбедениот буџет, утврден преку Министерството за финансии и Владата. Од Министерството нагласија дека здравството веќе две години се соочува со вонредна состојба со Ковид-19 пандемијата и се менаџира максимално посветено во интерес на здравјето на пациентите. – Министерството секоја година изготвува посебна програма за заштита на населението од ХИВ инфекции, дел од средствата за реализација на активностите се од Буџетот на МЗ, а дополнителен дел се реализираат во рамки на постојните буџети на јавните здравствени установи. Министерството поддржува и 20 други превентивни и куративни програми, кои исто така се реализираат со средства од Буџетот, посочија од Министерството. Приоритетни цели на програмата за заштита на населението од ХИВ инфекции за оваа година година, како што информираат од Министерството, се: одржување ниска преваленца на ХИВ кај клучните популации, секое лице кое живее со ХИВ да има пристап до квалитетен и сеопфатен третман за ХИВ и услуги за грижа и поддршка како дел од сеопфатен третман за ХИВ, одржување интегриран и одржлив информациски систем за мониторинг на активностите и на постигнатите резултатите поврзани со превенција, третман, грижа и поддршка за ХИВ, лабораториски анализи за избор на ефикасен антиретровирусен третман и контрола на ефикасноста во лекувањето на ХИВ позитивни лица. – Остануваме отворени за соработка со граѓанските здруженија кои се наш партнер во реализација на активностите од програмата за заштита на населението од ХИВ инфекции, посочија од Министерството./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
БалканДронови погодија брод во близина на Бугарија- издадено е предупредувањеОсумнаесет членови на екипажот на контејнерскиот брод „Контшип Џет“ беа спасени откако три морнарички дронови го погодија бродот во Црното Море, околу 16 наутички милји од бугарскиот брег.Како што објави „Новините“, повеќе од 20 контејнери со опасни материјали паднаа во морето. Според бугарските власти, бродот претрпел три дупнати дупки и сè уште плови, но силно се навалува. Потеклото на дроновите не е утврдено. Контејнерите што пловат во морето вклучуваат литиум-јонски батерии, киселини, запаливи течности и други опасни материјали, поради што властите ги предупредија морнарите за ризикот за пловидбата. Првичната морска инспекција кај ’ртот Калијакра не покажа видливи знаци на загадување, но ќе бидат земени примероци од вода за лабораториска анализа. Во одделен инцидент, остатоци за кои се верува дека му припаѓаат на рускиот дрон „Геран“ беа пронајдени на брегот во близина на Царево. Министерството за одбрана на Бугарија соопшти дека остатоците се собрани и транспортирани во поморска база. Тагови: Бугарија дронови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиЗагина 24- годишна атлетичарка во страшната железничка несреќа во Шпанија Шпанската атлетика е обвиткана во жалост по смртта на Хулиета Галего, 24-годишна скокачка во далечина за мадридскиот клуб АД Спринт, која вчера загина во железничка несреќа во Урда, покраина Толедо,објавија шпанските медиуми. Атлетичарката е една од 69-те жртви на ужасниот судир меѓу два воза. Галего го прослави својот 24-ти роденден на 9 октомври и оваа година живееше во Германија. Редовно се натпреваруваше на шпанските клупски првенства, каде што се истакна во дресот на АД Спринт. Нејзиниот личен рекорд во скок во далечина беше 5,90 метри. Веста за нејзината смрт ја потресе атлетската заедница на Шпанија, а претседателот на Кралската шпанска атлетска федерација, Раул Чападо, се збогува со младата атлетичарка во емотивна порака. - Постојат удари што го погодуваат самото срце на атлетското семејство. Денес, спортот тагува за загубата на Хулиета, живот полн со ветувања кој беше неправедно прекинат - рече Чападо. Тој нагласи дека шпанската атлетика ја дели болката со семејството, пријателите и клубот на младата атлетичарка, нагласувајќи дека не се сами во овие тешки моменти. - Шпанската атлетика го зачувува духот на Хулиета и ја дели огромната тага на нејзиното семејство, пријателите и клубот на кој таа му припаѓаше целиот свој живот. Тие не се сами во оваа празнина - изјави претседателот на федерацијата и им упати сочувство на семејствата и пријателите на сите загинати во несреќата.Тагови: атлетичарка Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Живот„Краш“ го бара сопственикот на албумот „Животинско царство“ од 1987 година, имаат само една трага Речиси четири децении, едно детско сеќавање чека повторно да ја раскаже својата приказна. Во архивата на загрепскиот Краш е пронајден комплетиран албум, „Животинско царство“, од 1987 година, а сега компанијата се обидува да го пронајде лицето кое го испратило тогаш. Зад пожолтените страници можеби се крие приказна што неговиот сопственик сè уште ја памети, објави Слободна Далмација. Албумот пристигна во Краш пред речиси 40 години, во време кога децата беа особено возбудени за собирање налепници и пополнување на страниците од нивните омилени албуми. Денес, неговиот тогашен сопственик е возрасен, а детското сеќавање неочекувано би можело повторно да се најде во неговите раце. Во Краш решија да започнат потрага за да го вратат пронајдениот албум на лицето на кое му припаѓа, заедно со особено слатко изненадување. Сепак, задачата нема да биде лесна: по толку години, останува само мала трага што би можела да помогне да се открие идентитетот на сопственикот. „Денес, тоа дете е возрасно, а ние имаме само име што почнува на буквата Ш... Можеби таа личност сè уште се сеќава на својот албум“, велат од Краш и ги повикуваат граѓаните да им помогнат. Се сеќавате ли на некој што имал таков албум? Можеби некој од вашите родители, пријатели или членови на семејството се сеќава дека му испратил завршен албум на Краш кон крајот на 1980-тите. Токму таквото сеќавање би можело да биде клучно за решавање на оваа необична загатка. Ако ја знаете приказната или имате информации што би можеле да помогнат, споделете го. Можеби само еден коментар или сеќавање, по речиси 40 години, ќе го спои албумот со неговиот сопственик и ќе му врати дел од неговото детство за кое мислел дека е одамна изгубено. Многу луѓе одговорија на социјалните мрежи: „Јупи, брат ми и јас имавме еден. Испративме два албума и добивме еден пакет. Уф, како се расправавме за тоа чиј е, а и нашата мајка...“ „Се сеќавам дека Краш ми испрати голема кутија со слатки за Божиќ за време на војната и бев целосно шокиран од тоа колку беше голем и тежок тој подарок. Само да знаете, сега им давам иста количина на децата од населбата за Ноќта на вештерките - еве го, веќе чека, сè е подготвено. Ви благодарам, беше прекрасно изненадување, се сеќавам како да беше вчера“. „Собрав сè, благодарение на моите баба и дедо од Словенија, но не го испратив албумот за пакетот со подароци затоа што ми беше жал. Тој албум е мала енциклопедија за животни“. „О, каква среќа беше кога пакетот пристигна дома! Тој мирис на чоколадо кога ќе го отворите. Колку што се сеќавам, имаше околу 20 чоколадни плочки од Животинското Кралство, колачиња, вафли, гумени диносауруси, мастики за џвакање. Прекрасни и среќни“. „Прекрасни спомени... Исто така, собирав и разменував сликички. Денес, мојот внук собира сликички и пополнува албум со надеж дека ќе може да собере сè и да добие подарок“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter