КултураБуџет од над 3,6 милиони денари за 24 проекти на Музеј КумановоНационалната установа Музеј Куманово годинава ќе реализира 24 проекти финансирани преку Годишната програма за проекти од национален интерес на Министерството за култура и туризам. Вкупниот буџет изнесува 3.630.114 денари, а најголем дел од средствата се наменети за музејската дејност и за одбележување на 25-годишниот јубилеј на археоастрономскиот локалитет Кокино. Директорката на установата, Марија Живачки, информираше дека програмата опфаќа проекти од повеќе области – музејска дејност, меѓународна соработка, визуелни уметности и инвестициско одржување. -Според Годишната програма за финансирање на проекти од национален интерес, програмата на Националната установа Музеј Куманово за оваа година изнесува 3 милиони 630 илјади и 114 денари. Опфатени се 24 проекти, од кои 16 припаѓаат на музејската дејност, два се од меѓународна дејност, пет се од визуелни уметности и еден проект е од областа на инвестиции - изјави Живачки. Годинава значителен дел од средствата ќе бидат насочени кон археоастрономскиот локалитет Кокино, каде ќе се одбележи четврт век од неговото откривање. За активностите поврзани со овој јубилеј се предвидени околу 1.780.000 денари. -Оваа година посебен акцент ќе ставиме на археолошкиот астрономски локалитет Кокино, каде што бележиме 25 години јубилеј. За ова се предвидени повеќе проекти со вкупна вредност од околу милион и 780 илјади денари - рече Живачки. Во рамки на одбележувањето се планираат повеќе активности, концерт на локалитетот, изложба и меѓународна конференција што ќе се одржи во Куманово. Најголем број од проектите се од областа на музејската дејност. Дел од нив се однесуваат на археолошки истражувања, дигитализација на музејската документација и едукативни активности. Меѓу позначајните проекти се систематски археолошки ископувања на локалитетот Градиште во Бислимска Клисура кај селото Пчиња (250.000 денари), археолошки истражувања на локалитетот Младо Нагоричане (250.000 денари), надградба и одржување на дигиталниот систем на музејска документација (300.000 денари), конзервација на дел од мозаик во Меморијалниот центар АСНОМ во селото Пелинце (150.000 денари), одржување и уредување на локалитетот Кокино, едукативни работилници и музејски програми за деца и млади. Дополнително, во програмата се вклучени и истражувачки и културолошки проекти како „Традиционална исхрана кај Албанците во Куманово“, ревијално прикажување на модните трендови „Од ала турка до ала франга“, како и проект посветен на црквата „Св. Никола“ во Куманово. Во рамки на меѓународната дејност, музејот ќе реализира два проекта – учество на меѓународен конгрес на византолошки студии во Виена и научен проект за ранохристијанските базилики во регионот на Волос, Грција. Во делот на визуелните уметности и архитектурата се предвидени пет проекти, „Ликовна колонија Куманово 2026“ „Кумановски ликовни уметници“, изложба од делата создадени на претходните колонии, проектот „Life Visual Art“ самостојна изложба на уметникот Александар Симоновиќ – Симо. Живачки посочи дека годинашниот буџет е значително повисок во однос на минатата година. -Буџетот од лани беше околу два милиони денари, а годинава имаме речиси милион и пол повеќе средства. Благодарност упатуваме до Министерството за култура и туризам што овозможи ваква програма со која ќе го презентираме богатото културно наследство - нагласи директорката. Според неа, активностите од програмата ќе се реализираат во текот на целата година, а дел од настаните поврзани со јубилејот на Кокино се очекува да се одржат во септември и октомври.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 9. ноември 2026 година Дневен хороскоп за понеделник, 9. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Би можеле да се најдете на малечка вага меѓу чувствата и должностите. За среќа, набргу ќе го препознаете вистинскиот пат. Кариера Денеска не влегувајте во расправии, а доколку може, ниту разговарајте со шефовите , зашто тие ќе мислат едно , а вие сосема друго. Здравје и совет Обидете се да бидете полежерни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Некои денеска ќе ја покажат својата сентиментална нишка, а тоа малку ќе ја збуни личноста која ве сака. Таа ќе очекува да бидете поцврсти. Кариера Според вашите идеи би можело да се покрене еден проект , но во сето тоа има и доста заблуди. Здравје и совет Разделете ја реалноста од фантазијата. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Повторно ќе станете онаа позната заводлива личност , која предизвикува внимание каде и да се појави. Ќе проивлечете доста внимание на забавите што се пред вас. Кариера Ќе решавате мали финансиски проблеми и ќе најдете решение. Во нив ќе има и тактика и претприемништво во исто време. Здравје и совет Внимавајте на грлото. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Зближувањето со саканата личност дава резултати , па денеска ќе дадете се од себе така да остане. Кариера Малкумина ќе се решат да вложат средства во вашите напредни идеи , поради што се чувствувате по малку осамени. Здравје и совет Честопати сте пред своето време. Искористете ја предноста. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Колку ќе имате потреба за нежност, толку ќе имате и за грубости. Ќе бидете во подвоена состојба. Кариера Повеќето од работите што ќе ги преземете , ќе вродат со плод , а вие ќе имате многу причини за задоволство. Здравје и совет Бидете трпеливи во љубовта. Овен 21.3-20.4. Љубов Поради празнината што ја чувствувате , ќе се трудите да бидете што пољубезни , но ќе се препознае дека тоа не е природно. Кариера Во договорите и преговорите ќе бидете склони на другите да им го препуштите главниот збор , дури и тогаш кога ќе бидете во право. Здравје и совет Искреноста е доблест. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тешко денеска ќе го разберете партнерот зашто кон вас ќе се однесува на моменти мирно , а на моменти налутено. Подгответе се за тоа. Кариера Она што сте го замислиле нема да се развива според планот. Потребно е поголемо разбирање за другите и почеток на сериозна соработка. Здравје и совет Бидете искрени кон себеси и кон другите. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Пред вас е прекрасен ден за секој вид дружење , воспоставување на нови контакти и за ширење на хоризонтите. Искористете го тоа. Кариера Доколку имате работа што вклучува односи со луѓе , ќе ви биде убаво. Во другите дејности ќе барате друштво. Здравје и совет Почитувајте ги другите. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе ги заборавите непотребните грижи и ќе се обидете да се концентрирате на она што мора да се решава во односите. Нема веќе да се збунувате. Кариера Вашиот позитивен став ќе ви донесе поен повеќе во договарањето на работите. Ќе го употребите и својот шарм. Здравје и совет Не сте на трка . Опуштете се. Лав 23.7-22.8. Љубов Посветеноста кон љубовните тајни ќе доведе до едно интересно откритие , кое ќе ве заинтригира. Кариера Во предложената работа со пријателите немојте да бидете попустливи , зашто и покрај добрите намери , ќе бидете во загуба. Здравје и совет Утре ќе биде сосема поинаку. Бидете трпеливи. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се потпирате на вашето шесто чуло. Тоа ќе ве поттикнува за подобро да соработувате со другата страна. Кариера Ништо нема да ви биде премногу, нити премалку. Токму вие ќе бидете онаа личност , која работите ќе ги доведете во рамнотежа. Здравје и совет Понекогаш ви е од се преку глава. Поминете го денот осамени. Вага 24.9.-23.10 Љубов Пред вас е квалитетен ден во кој ќе ги игнорирате повремените мали нервози и со љубов ќе ги победувате. Кариера На цврстите темели вие почнувате да развивате нов долгорочен план на дејности кои имаат иднина. Здравје и совет Ја одржувате добрата форма.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Македонија Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гостин ќе биде Љубомир ГајдовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„На кавга со Иван“ - Слаѓана ТасеваВечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана ТасеваКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44