Будење на Преспа, се повлече нога на „Маркова нога“

Обиколката по коловозот од источниот брег на Преспанско Езеро секогаш завршува пред сообраќајниот знак кој секој патник го упатува да продолжи лево, кон селото Љубојно, или десно кон селото Наколец, најстарата наколна населба во Европа. 

Будење на Преспа, се повлече нога на „Маркова нога“

Нашиот поглед и мисли беа насочени на југ каде лесно се забележуваат околу 300 куќи од селото Долно Дупени со помалу од 100 жители, најголем дел средовечни, а има и две деца кои учат во соседното село Љубојно.

Нашите домаќини велат дека за името на селото Долно Дупени има неколку легенди, една е според местоположбата која е во прегратките на планината Баба и кога од високо се гледа, тогаш селото е како во длабнатина, во дупка и затоа се вика Дупени. Другата легенда датира од времето на Цар Самоил кога во селото престојувале војници со извадени очи, со дупки во лицето, а не ретко се вели дека името на селото Дупени е поврзано со мелничките камења кои во средината имаат дупка, а се изработени од квалитетен камен кој го има во атарот на селото. Мелнички камења со дупка и денеска има во повеќе селски дворови низ Долно Дупени. Патем, во Преспа од другата страна на езерото е и селото Горно Дупени, блиску до Царев Двор.

Мирот и звукот на птиците околу селото, деновиве го прекинаа големи градежни машини, багери и силни момчиња работници кои почнаа да го градат граничниот премин на македонско-грачката граница, „Маркова нога“. Нашите домаќини велат, ова е будење на Преспа, се повлече нога на „Маркова нога“.

-Многу е убо (убаво) што конечно ќе се отвори граничниот премин. Ќе се видиме со роднините, постарите знаат и не го заборавиле македонскиот јазик, а помладите не знаат. Пак ќе има свадби...последен пат свадби се правеа пред да се затвори границата, тогаш земаа невести од Роби и од Долно Дупени, или обратно. Младите се женеа/ мажеа низ преспанските села. Јас мислам дека е грешка што преминот го викаат „Маркова нога – Лемос“. Грчкото име Лемос на македонски е Роби и кого да прашате од тамошното население ќе ви речат јас сум од Роби. Според легендата која сите ние ја знаеме и прераскажуваме на помладите, името на селото Роби доаѓа од старословенскиот збор за робови, а тоа биле робови донесени во времето на Цар Самоил, ни раскажа Лазо Љушков (72) од Долно Дупени.

-Ние сакаме граничниот премин да се вика Долно Дупени-Роби, бидејќи ги поврзува двете последно населени места од двете страни на границата. Но, останало од порано преминот да се вика „Маркова нога“ пред се заради големиот камен што тука се наоѓа, наликува на стапало и се смета дека кога Крали Марко слегол од својот коњ, силно стапнал да се поткрене и да го види Мало Преспанско Езеро, оставајќи трага на каменот, вели Љушков.

Според сеќавањата на Љушков, граничниот премин е затворен во 1967 година, а со оглед дека отворањето е планирано во 2027 година, тоа ќе биде некаков јубилеј (се насмевнува) но поважно од се е да се раздвижат луѓето, да не бегаат во странство.

- Јас до 1967 година редовно одев во Роби, во Герман и другите блиски соседни села... Како дете на 12 годишна возраст често застанувавме пред царинарницата која денеска е целосно оштетена, обрасната со трева и диво разгранети дрвја. На старата царинарница пишува нешто што јас не го разбирам вели Лазо (пишува Welcome), ама јас сум уверен дека до 2027 година, кога на јубилејните 60 години од затворањето на преминот, истиот ќе биде отворен и освен на англиски, ќе пишува и на наш Македонски јазик – Добредојдовте! Си велам ќе престане селидбата која порано беше многу голема. Најмногу иселеници имаме во Америка, Канада и Австралија, а патот во туѓина ги водеше токму од тука, од овој пат, низ Грција, до морето а потоа со брод во непознат свет. Преминувањето од една до друга страна од границата беше дозволен само пеш или со точак, нагласи Љушков.

Точно така, потврди Ефтим Спировски (67), ресенчанец, земјоделец, кој со сопругата живеат во Долно Дупени

-Мојата сопруга во 1962 година како мало девојче, секогаш со мал точак одеше до соседните села, до Роби, до селото Герман, но и во Медово, Рудари, Стрково, Дреново, Нивици... Имаше многу работа. На блиската висорамнина се сееше и жнееше жито и јачмен, и секогаш имаше богат род. Сега најмногу се одгледуваат јаболка, ама на времето на големи површини се одгледуваше грозје, се одгледуваа пиперки, и посебно се продаваа црвените сушени пиперки. Сите дворови и балкони беа со нанижани црвени пиперки што се сушеа, а потоа продаваа, вели Ефтим и додава дека „избегал“ од Ресен затоа што Долно Дупени е како „воздушна бања“, убаво за здравјето, со прекрерасен поглед на Мало и Големо Преспанско Езеро.

Нашите домаќини велат, малкумина знаат дека водата од мало Преспанско Езеро долги години се влеваше во големото Преспанско Езеро. Прекрасниот поглед на малото езеро се овозможува од ридот Горица, додека на големото езеро од Долно Дупени. Во малото Преспанско Езеро има два острова еден Ахил (ние го викаме Аиљ, со меко љ, се насмевнуваат), а вториот остров се вика Видринец. Два острови има и на големото Преспанско Езеро, еден е т.н. змиски остров или Голем Град тоа е грешка што така го викаат, а вториот остров е Мал Град и се наоѓа пред селото Пустец.

Сакаме, велат нашите домаќини, што повеќе народ да се движи низ Преспа, секој ден да има туристи, посетители, да видат што се имаме. Сега, засега и секоја година, најмногу луѓе доаѓаат на 17 јануари, кога токму тука на преминот доаѓаат претставници на боречките организации од Ресен и Битола да положат цвеќе на споменикот на младите партизанчиња од леринските села кои минувајќи ја границата за да влезат во Долно Дупени. На спомен плочата пишува - На седумте младинци борци од Лерин ѕверски убиени на 17 јануари 1944 година од бугарскиот фашистички окупатор.

-Споменикот треба да се обнови, но и обележјето „Маркова нога“ кое е запуштено. Секој добронамерен патник треба да го види и нашето Долно Дупени. Во селото има 11 цркви, селската црква се вика „Св. Архангел Михаил“, манастирот се вика „Сретение Господово“ и во него се најубавите резби што датираат од 1908 година. Најстара е црквата „Св. Атанас“ и е со фрески со сите светци. Во периодот на отоманската империја селото беше токму околу црквата „Св. Атанас“ повисоко во планината Баба, а по 1913 година македонското население почна да слегува поблиску кон езерото, потсети Љушков.

Сите загледани кон езерото забележавме риболовец како се приближува кон брегот, домаќините во еден глас рекоа - еве чунка (чун, кајче) на брегот со солиден риболов, ќе има преспански крап на трпеза./МИА.

Маж се удави додека го крштевале во езеро (Вознемирувачко видео)

Верска церемонија заврши трагично откако маж се удави во езеро во Гватемала.

Маж се удави додека го крштевале во езеро (Вознемирувачко видео)

Застрашувачката снимка го прикажува Мигел Сут (45) како стои на страната на водата длабока до половината додека членовите на христијанската црква се подготвуваат да крстат друг верник во езерото Атитлан во југозападниот град Сан Лукас Толиман, објави Дејлимаил.

Двајца мажи потоа се гледа како трчаат во водата кога лицето кое се крсти изгубило рамнотежа и паднало наназад во езерото. Сут се наведнал напред за да помогне, но и тој изгубил рамнотежа пред да исчезне под површината на водата во настанатиот хаос.

Неколку други луѓе скокнале во езерото за да го бараат Сут, а се слуша како жена извикува „Помош“. Дополнителните снимки покажаа дека групата се бори да стигне до брегот откако не успеале да го спасат Сут.

"О, се удавил. О, се удавил. Го нема", рекла загрижена жена во позадина.

„Го изнесуваат, нема спасувачи.

„И се удави оној во црно. Имаше уште еден“, рекол маж во близина на жената.

На друго видео се гледа како Мигел Сут е извлечен на брегот, каде што други верници се обиделе да го реанимираат додека не пристигнала брзата помош, која ја потврдила неговата смрт.

„Тоа беше моментална и очајна ситуација“, изјави Хуан Кук, еден од членовите на црквата, за порталот Centra News.

„Направивме сѐ што можевме да го спасиме, но не успеавме, не одговори на укажаната прва помош.“

Паника во град во Германија-сите во потера по 6- годишно дете со аутизам,го викаат и на разглас

Во германскиот град Вајлбург во тек е драматична потрага по момче со аутизам, Павлос (6), кое вчера исчезнало после училиште.

Паника во град во Германија-сите во потера по 6- годишно дете со аутизам,го викаат и на разглас

Околу 130 лица од итната помош трагаат по малото дете кое исчезнало во вторникот попладне. За него се загрижени спасувачите, семејството и целиот град.

Синоќа, откако момчето било пријавено за исчезнато, противпожарното возило емитувало гласовна порака од мајката која директно му се обраќа на момчето.

„Павлос, ова е твојата мајка. Излези и не се криј, те молам. Ни недостигаш“, рекла таа, пренесува RTL.

Од звучниците се пуштала и една од неговите омилени детски песни, пишува Билд.

Градоначалникот на Вајлбург, Јоханес Ханиш, утринава преку видео на Инстаграм вети дека секој камен ќе биде превртен додека не се најде Павлос, кој има аутизам.

Тој им се заблагодари на граѓаните за нивното сочувство и упати апел.

„Побарајте го Павлос во вашите градини, бараки, подруми и ќошиња! Ве молиме имајте ги очите отворени“, рече тој.

Можно е момчето да талкало по улиците или да се криело во канцелариите во градот. Сведоците последен пат го виделе Павлос на железничката станица Вајлбург во вторникот, откако тој го напуштил основното училиште.

Цела ноќ дежурале доброволци од полицијата, противпожарната служба, градот, спасувачките служби и Федералната агенција за техничка помош (ТХВ). Барале од воздух со хеликоптер, со брод во вода и со кучиња трагачи по нивите и ливадите. Денеска биле распоредени и хеликоптери и коњаница.

„Над 100 полицајци трагаат по Павлос“, велат властите.

Службите за итни случаи утрово одржаа брифинг.

„Потрагата ја опфаќа целата област Вајлбург. Ќе ги пребаруваме, меѓу другото, јавните згради во градот и визбите кои биле отворени во моментот кога момчето исчезнало“, изјавил за Билд портпаролот на полицијата Карстен Вернер.

Спасувачите веруваат дека Павлос можеби се криел и веројатно е исплашен.

Градоначалникот Ханиш го опиша момчето со корени од Еритреја како авантуристичко, желно да се искачи и да ужива во водата. Ова е и една од причините поради која интензивно се одвива потрагата покрај реката Лан.

Целиот град (околу 13.000 жители) френетично го бара исчезнатото дете. Многумина се надеваат дека момчето навистина нашло топло скривалиште во зграда, бидејќи ноќта надвор била студена на околу шест степени Целзиусови.

Како што информираат од полицијата, засега не се сомничи дека имало кривично дело.

Уапсена е мајка- монструм: За своето дете користела ремен со електричен шокер за кучиња

Жена е уапсена во округот Кејп Меј, Њу Џерси, поради наводна употреба на кучешки ремен со електричен шокер врз своето дете, соопшти локалното обвинителство.

Уапсена е мајка- монструм: За своето дете користела ремен со електричен шокер за кучиња

"Полицијата на Њу Џерси започна истрага на 17 март, откако дете дошло на училиште со видливи повреди на телото. Истрагата утврдила дека повредите биле предизвикани од кучешки ремен со електричен шокер.", соопшти обвинителството на Кејп Меј, пренесува Sky News.

Мајката на детето, 30-годишната Кимберли Круз-Фелисијано, е уапсена и обвинета за тежок напад, загрозување на благосостојбата на детето, манипулација на сведоци и други поврзани обвиненија.

Круз-Фелисијано е обвинета дека му се заканувала на детето со дополнително насилство доколку некому каже дека користела оглавник за кучиња со електричен шокер.

Уапсената Кимберли Круз-Фелисијано моментално се наоѓа во притворскиот центар Кејп Меј, во очекување на судење.

притисни ентер