Бучковски треба да биде мотиватор за спроведување на Договорот со Бугарија, вели Заев

„Бучковски како специјален претставник на Владата треба да биде оној кој ќе биде мотиватор на реализцијата на договорот. “

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека специјалниот претставник на Владата за Бугарија Владо Бучковски треба да биде само мотиватор за спроведување на Договорот за пријателство и добрососедство, а оти преговорите за изнаоѓање решение и натаму ќе ги води Министерството за надворешни работи.

-Бучковски како специјален претставник на Владата треба да биде оној кој ќе биде мотиватор на реализцијата на договорот. Преговорите ги води МНР на чело со министерот Бујар Османи, државниот секретар и кабинетот. Вклучен е и вицепремиерот за европски прашања кој е во контакти со европските министри задолжени за европски прашања и мојот кабинет со нашиот иден амбасадор во НАТО Дане Талески кој од почетокот е во овие разговори, рече Заев.

Тој истакна дека деновиве се прават напори да се изнајдат решенија, иако како што рече, го подготвивме народот дека постои можност да не се усвои преговарачката рамка, а со тоа да не се даде можност да се одржи првата меѓувладина конференција.

-Сепак стратегија на државата, лично моја посветеност и на сите министри е дека треба да продолжиме да разговараме во најмала рака да создаваме атмосфера и да отрстрануваме пречки за следното лето, но ако може тоа да го постигнеме и сега би требало да правиме напори до последен момент, истакна премиерот Зоран заев одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на фотонапонската централа на „ЕВН Македонија" АД, Скопје во населеното место Војшанци, Неготинско.

Имеуван е, како што додаде, за една година, со тоа што ќе работи навистина на реализација на акцискиот план за поуспешно спроведување на Договорот со Република Бугарија.

Гневни жители на Лос Анџелес фатија пироман на дело, полицијата го спаси (ВИДЕО)

Гневните жители на Лос Анџелес, кои неодамна го преживеаја ужасот од катастрофалните пожари што го зафатија градот, фатија уште еден пироман кој, како што тврдат, подметнал пожар во близина на нивните домови.

На интернет се појавија снимки на кои се гледаат гневни граѓани како со автомобили го бркаат напаѓачот, кој подоцна беше идентификуван како Алехандро Мартинез (41), објави Дејли Меил.

Снимен е и маж како го следи Алехандро пешки и го турка на земја.

„Погрешно маало, пријателе“, му вели човекот.

Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, Мартинез, кој лежел на земја, им се предал на властите и бил однесен во најблиската станица.

„Навистина ништо не украдов“, се слуша како вели Алехандро на шпански.

Сепак, украдените предмети не се нешто што ги исплашило граѓаните. Тие им кажале на полицајците дека го виделе Алехандро како се крие во грмушките, а потоа го следеле кога се обидел да избега.

Во меѓувреме пожарот што го предизвика Алехандро се проширил на десет метри квадратни, но пожарникарите брзо го локализирале.

„Да беше ветрот посилен, можеше да биде многу полошо. Со оглед на тоа што се случува во последниот месец, луѓето се многу повнимателни и поподготвени кога се во прашање пожарите“, вели младиот човек кој го снимил инцидентот.

Тој исто така рече дека луѓето биле многу лути.

Да потсетиме дека во катастрофалните пожари што избувнаа минатиот месец изгореа повеќе од 57.000 хектари, загинаа најмалку 29 лица, а беа уништени повеќе од 16.000 домови и згради.

Сè уште е во тек истрагата за тоа како настанале овие пожари, а според некои информации, можеби се виновни подметнувачите на пожари.

Астронаут на НАСА ги зачуди сите со видеото од вселената (ВИДЕО)

Американскиот астронаут Доналд Дон Петит, кој моментално се наоѓа на Меѓународната вселенска станица, на јавноста ѝ е добро познат по своите спектакуларни фотографии од вселената.

Додека на својот Инстаграм профил често ги споделува најневеројатните фотографии од Земјата или вселената, краткото видео кое неодамна го објави на својата страница на Инстаграм шокира многумина.

Не, како што може да се помисли, поради некоја случајно снимена тајна како вонземјани или некои мрачни експерименти, туку краток приказ на секојдневниот живот на орбитална станица за која малку луѓе размислуваат.

Дон Петит снимил кесичка со ф'стаци магнетно прикачени на маса со ножици, мед, сосови и многу други ситници, потоа нежно ја удирал кесичката и два ф'стаци излетале од кесата, како во забавена снимка, а тој брзо ги фатил и ги изел.

- Орбитален држач за ф'стаци – напиша Дон Петит со видеото од неколку секунди.

Сепак, она што е шокантно на снимката не е она што се гледа, туку она што се слуша – речиси неподносливата бучава на машините на Меѓународната вселенска станица.

Бидејќи работата на машините, различните пумпи и вентилатори на ISS е неопходна за одржување на животот – контролирање на топлина, влажност, кислород, јаглерод диоксид… – бучавата во позадината е доста гласна. И постојано се слуша. Некои други машини, кои се користат за експерименти, може да бидат уште побучни. Според некои проценки, астронаутите треба со месеци да живеат со просечно ниво на бучава од 72 децибели.

- Високото ниво на бучава може да биде проблем за астронаутите. Тоа може да влијае на нивното ментално и физичко здравје. Тоа може да предизвика стрес, да го зголеми отчукувањата на срцето, па дури и да го зголеми крвниот притисок, пишува порталот Let's Talk Science.

Дон Петит е роден на 20 април 1955 година и моментално има 69 години. Тој има докторат по хемиски инженеринг, а неговиот изум на чашата со нулта гравитација беше првиот патент зачнат во вселената. Тој стана астронаут на НАСА во 1996 година и моментално е на својата четврта мисија во вселената, што воедно е негов трет престој на ISS.

Во вселената моментално има 10 луѓе. Заедно со Дон Петит, ISS ги вклучува и неговите сонародници Буч Вилмор и Сунита Вилијамс, кои пристигнаа во јуни 2024 година на 8 дена, а потоа беа блокирани поради дефект на Боинг Старлајнер, како и Ник Хејг. Со нив се и руските космонаути Алексеј Овичин, Иван Вагнер и Александар Горбунов.

Кинеската вселенска станица Тиангонг (Небеска палата) моментално е дом на таиконаутите Каи Шуже, Сонг Лингдонг и таиконаутот Ванг Хаозе.

Министерот Тимчо Муцунски во прва работна посета на Австралија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од денеска до 13 февруари ќе престојува во работна посета на Австралија, што претставува прва посета на македонски министер за надворешни работи по пауза од 15 години.

„Од денеска сум во работна посета на Австралија – одлична можност за економска промоција на државата и зајакнување на билатералните односи со земјата во која живее значајна македонска дијаспора.

Во рамки на посетата, ќе остварам средба со министерката за надворешни работи, Пени Вонг, ќе имам состаноци со претставници од бизнис-заедницата, политичкото раководство на Австралија и, секако, средби со нашите иселеници, кои се клучен мост во билатералните односи.“ , објави Муцунски на социјалните мрежи.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во рамки на интензивната политичка агенда, планирана е средба со министерката за надворешни работи на Австралија, Пени Вонг, на која ќе бидат потврдени добрите и пријателски билатерални односи, како и можностите за нивно натамошно продлабочување, особено на економски план. На средбата се очекува и размена на мислења за актуелните меѓународни прашања.

„Покрај политичките средби, агендата на министерот вклучува активности за економска промоција на земјата, како и бројни средби со истакнати стопанственици и претставници на бизнис-секторот. Во рамките на посетата, министерот Муцунски ќе оствари и средби со македонски и австралиски бизнисмени, како и со членови на Групата за пријателство со нашата земја во Парламентот на Австралија’, стои во соопштението на МНРиНТ.

Оттаму додаваат дека во фокусот на посетата ќе биде и средба со претставници на македонската дијаспора во Австралија. Министерот ќе даде и интервју за државното CБС радио на македонски јазик, во кое ќе се осврне на актуелните политики и приоритети во односите помеѓу двете земји.

притисни ентер