Бублик го совлада Медведев за титулата во Хале - Канал 5

Бублик го совлада Медведев за титулата во Хале

Казахстанецот Александар Бублик ја освои титулата на АТП турнирот во Хале, откако попладнево го совлада во финалето Русинот Данил Медведев.

Бублик го совлада Медведев за титулата во Хале

Бублик до победата во два сета со 6-3, 7-6 (7/4) дојде за еден час и 22 минути и триумфираше над Медведев прв пат во нивниот седми меѓусебен дуел. Сите претходни шест меѓусебни пресметки беа на земјена подлога.

Со оваа титула, негова втора во Хале од 2023 година и вкупно петта во кариерата, ќе се искачи од 45 на 30-то место на АТП ранг-листата во понеделник, на еден недела пред почетокот на Вимблдон.

Претходно, Бублик на турнирот во Хале го совлада и светскиот рекет број еден, Италијанецот Јаник Синер.

Медведев, пак, го загуби своето шесто последователно финале, а неговата 20 и последна титула датира од Мастерс 1000 турнирот во Рим во мај 2023 година. /МИА

Во Собранието на Србија конференција за партнерството меѓу Србија, Израел и САД

 Конференција „Белградски стратешки дијалог - партнерство на Србија, Израел и САД“, организирана од Конгресот на српско-американско пријателство, ќе се одржи денеска во Парламентот на Србија.

Во Собранието на Србија конференција за партнерството меѓу Србија, Израел и САД

Конференција „Белградски стратешки дијалог - партнерство на Србија, Израел и САД“, организирана од Конгресот на српско-американско пријателство, ќе се одржи денеска во Парламентот на Србија, на која ќе се обрати и претседателката на Парламентот, Ана Брнабиќ.

Шефот на дипломатијата Марко Ѓуриќ, потпретседателот на Советот за надворешна политика на САД Илан Беман и потпретседателката на Собранието на Србија, Марина Рагуш ќе зборуваат за стратешкото партнерство меѓу Србија, Израел и САД, објавија организаторите.

Министерот за европски интеграции и шеф на српската делегација во Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот Немања Старовиќ, претседателот на парламентарната група за пријателство со Израел Милован Дрецун, директорот за комуникации на Британско-израелскиот центар за комуникации и истражувања (BICOM) Даниел Ритербанд и почесниот конзул на Србија во Израел Александар Николиќ ќе зборуваат за партнерството меѓу Србија, Израел и САД во борбата против антисемитизмот.

Пратениците од власта поднесоа Предлог на закон за издавање на вредносни ваучери за студенти

Пратениците од власта денеска поднесоа Предлог на закон за издавање на вредносни ваучери за студенти.

Пратениците од власта поднесоа Предлог на закон за издавање на вредносни ваучери за студенти

Ова го соопшти на денешата прес-конференција Сергеј Попов, пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Тој информира дека вредносни ваучери ќе можат да добие секој студент на додипломски студии, редовен или вонреден, на државен или на приватен факултет, до 29 години ќе добие по 250 евра или 15.300 денари за да набави техничко помагало.

-Станува збор за предлог закон со кој се предлага издавање на вредносни ваучери за обезбедување на персонален компјутер, таблет компјутер или лаптоп – пренослив компјутер, за потребите на редовните и вонредните студенти запишани на додипломски студии на сите високообразовни установи во државата. Оваа мерка е директен резултат на новите политики на ВМРО-ДПМНЕ за развој на Македонија – политика на конкретни решенија, а не на празни флоскули. Политика на реализација, а не на лаги и празни ветувања, рече тој.

Попов потенцира дека средствата потребни за оваа намена се обезбедени и веќе се дел од државниот буџет, а институциите се подготвени да помогнат во, како што вели, брзата, транспарентна и ефикасна реализација на оваа мерка.

-Нашата цел е искрена и јасна, а не само декларативна: со дела и проекти, покажуваме дека секој студент мора да има еднаква шанса за пристап до модерно образование. Да учи, да твори, да напредува – за доброто на Македонија и идните генерации. Како уште една од низата мерки за младите, со гордост можам да ви ветам дека ова е само почетокот. Следуваат уште многу убави работи, мерки и проекти кои ќе помогнат во создавањето подобра и просперитетна иднина. Иднина, која ќе ја предводиме ние како млади луѓе – иднина за нас, но и за генерациите кои доаѓаат по нас, рече пратеникот Попов.

„Вашингтон пост“: Трамп сака посилен удар врз Русија, во игра и ракети ATACMS

Американскиот претседател Доналд Трамп размислува за можноста САД да ѝ испратат крстосувачки ракети „Томахавк“ на Украина, јави весникот Вашингтон пост, повикувајќи се на извор запознаен со дискусиите во Белата куќа.

„Вашингтон пост“: Трамп сака посилен удар врз Русија, во игра и ракети ATACMS

Иако овие ракети сè уште не се дел од официјалниот список за воена помош, тие би можеле да бидат вклучени во подоцнежен пакет. Ракетите „Томахавк“, со голем дострел, би можеле да погодат цели во Москва и Санкт Петербург ако бидат истрелани од украинска територија. Американските сили неодамна ги користеа овие ракети при напад врз цели во Иран.

Весникот наведува дека се разговарало и за испраќање на ракетни системи ATACMS (Army Tactical Missile System). Според истиот извор, решеноста на Трамп да изврши поголем притисок врз рускиот претседател Владимир Путин била истакната во разговор што тој минатата недела го водел со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Зошто не ја нападнете Москва? – наводно прашал Трамп.

– Ќе можеме, ако ни дадете оружје – му одговорил Зеленски, според изворот на весникот.

Трамп смета дека Украина треба да врши посилен притисок врз Русија, не само врз Москва, туку и врз Санкт Петербург.

Во Белата куќа се разговарало и за можноста Украина да добие дозвола за употреба на 18 проектили ATACMS со дострел до 300 километри, кои веќе се наоѓаат на нејзина територија. Иако тие немаат доволен дострел за да стигнат до Москва или Санкт Петербург, можат да погодат воени бази, аеродроми и логистички складишта длабоко во Русија, кои моментално се надвор од дофат на украинските сили.

Се разгледува и зголемување на бројот на вакви ракети во идните пакети за воена помош.

Според Вашингтон пост, функционери од Пентагон веќе подолго време се залагаат за украински напади подлабоко на руска територија со ATACMS. Но, со секое проширување на дострелот, руските сили ги преместуваат авионите и воената опрема подалеку од фронтот.

Изворот истакнува дека Трамп се решил за можна ескалација од три причини: Смета дека (рускиот претседател Владимир) Путин го потценува и се преправа дека сака мир, но го игнорира неговиот повик за прекин на огнот. Потоа, бидејќи ја видел ефикасноста во американската употреба на стратегиски бомбардери B-2 и ракети „Томахавк“ против Иран и трето, бидејќи верува дека Путин ќе прифати преговори само доколку се соочи со закана од поголема воена сила.

притисни ентер