Бубевски: Хибридните закани брзо да ја менуваат формата и стануваат поголем предизвик - Канал 5

Бубевски: Хибридните закани брзо да ја менуваат формата и стануваат поголем предизвик

Граѓаните очекуваат од институциите да им ја гарантираат безбедноста, да ги заштитат, но и соодветно да ги санкционираат сите оние кои се обидуваат таа безбедност да ја загрозат. 

Бубевски:  Хибридните закани брзо да ја менуваат формата и стануваат поголем предизвик

Одговорот кон хибридните закани мора да биде координиран и повеќедимензионален и мора да ги користи и најдобрите практики од понапредните земји во справувањето со ваквите предизвици, истакна основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје Гаврил Бубевски во своето обраќање на 11 Сесија на Работната група – 4 „Правда, слобода и безбедност” во рамки на Национална Конвенција на Европската Унија во Македонија, која се одржа денеска и беше посветена на справувањето со хибридните закани.

На сесијата беше потенцирано дека како држава, во изминатите месеци се соочувавме со континуирани хибридни закани во форма на лажни дојави за бомби кои се закануваа да го парализираат образовниот процес, но и да ја нарушат работата на други витални институции.​

Неколкуте пријави за овие настани кои првично беа поднесени за кривични дела „тероризам“ до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по анализата на сите прибрани докази беа преквалификувани во „лажно пријавување на кривично дело“ и беа префрлени на надлежно постапување во неколку основни јавни обвинителства.

„Она што сакам да го појаснам тука е дека не станува збор за никакво минимизирање на заканите што се предизвикани со ваквите лажни дојави или за релативизирање на потенцијалната безбедносна закана. Едноставно, доказите во секој од овие предмети поединечно не упатуваа дека сторителите биле дел од некоја организирана терористичка група која имала за цел дестабилизација на институциите или загрозување на животот и телото и создавање чувство на несигурност или страв кај граѓаните. Во суштина, идентификуваните сторители очигледно го искористиле моментот на хибридните закани, но не биле дел од тој организиран напад со кој се соочивме како држава“, рече Бубевски.

Сепак, кривично-правна одговорност постои, а доколку во претстојниот период се обезбедат докази и се идентификуваат лица кои биле дел од мрежа која делувала со намера да предизвика терористичка безбедносна закана, тие ќе бидат соодветно санкционирани за овој тежок облик на кривични дела.

Бубевски додаде дека би било премногу поедноставено доколку во хибридните закани ги категоризираме единствено дојавите за бомби со кои се соочуваме во последниот период или доколку ваквите закани ги подведеме само во неколку кривични дела. „Она што е можеби најспецифично обележје на хибридните закани е нивниот потенцијал постојано и брзо да ја менуваат формата и средствата за остварување, со што стануваат дополнителен предизвик за нас како институции соодветно да ги превенираме и санкционираме“, нагласи скопскиот основен јавен обвинител, соопшти Јавното обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Првостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров

На четирите малолетнички против кои се водеше постапка за насилство врз 13-годишно девојче во скопско Ѓорче Петров им е изречена мерка упатување во воспитно-поправен дом.

Првостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров

Како што потврдија од Основниот кривичен суд за Канал 5, судија за деца, на две од девојките им изрекол мерка во траење од една година, додека за останатите две, во траење од по осум месеци.

Од кривичен посочуваат дека се работи за одлука што не е правосилна.

Станува збор за случај од март годинава што ја шокираше јавноста поврзано со група деца која се изживува врз девојче, додека дел од присутните го снимаат насилството.

По откривањето на случајот, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири малолетнички, една на возраст од 17 години која во меѓувреме стана и полнолетна, како и против три девојчиња на возраст од 14 години, поради основано сомнение за кривичното дело „насилство“.. обвинителството тогаш информираше дека малолетничките учествувале во дејствија на насилство во два одвоени настани..

Во рамките на истиот случај, до обвинителството беа доставени и шест кривични пријави против родители за „запуштање и малтретирање дете“..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура

Премиерот Мицкоски во својство на сведок на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието објави одлука на Владата на СДСМ и ДУИ од 24 октомври 2023 година.

Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура

Премиерот Мицкоски во својство на сведок на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието објави одлука на Владата на СДСМ и ДУИ од 24 октомври 2023 година предводена од тогашниот премиер Димитар Ковачевски, со која како што тврди, по предлог тогашниот министер Фатмир Бесими се барало од владата да го овласти Државното правобранителство да ѝ ги отуѓи на Алта банка - Белград акциите што државата ги има во банката во Србија како резултат на сукцесијата на поранешна Југославија.

Лидерот на СДСМ, Филипче, пак, како целосни невистини и манипулации ги отфрли ваквите наводи на прес-конференција која ја одржа на пауза од надзорната расправа.

Тој објасни дека, откако Мацура во 2023 година се стекнал со над 90 проценти од акциите во белградската Алта банка, која претходно се викала ЈУБМЕС – односно Југословенска банка за меѓународна економска соработка, преостанатите акции биле преземени без согласност на македонската страна, според механизмот предвиден во српското законодавство.

На прес-конференцијата од Филипче реагираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

И тој покажа документи од записникот од владината седница во 2023 година кои според власта ги демантираат обидите на опозицијата да ги изврти фактите и аргументите, а опозициските пратеници како што рече наместо на пресови надвор од сала сите прашања можеле да ги постават директно до учесниците на надзорната расправа.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски.

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

На средбата, министерот Ристовски ѝ го честиташе изборот на претседателската функција и ѝ посака успешна работа, со уверување дека со посветеност, визија и добра соработка можат да се постигнат значајни резултати во унапредувањето на скијачките спортови во Македонија.

Ристовски ја истакна подготвеноста на Министерството за спорт да даде поддршка на активностите и иницијативите на Федерацијата насочени кон развој на скијањето, создавање подобри услови за работа и тренинг на спортистите, како и поттикнување на младите да се вклучат во скијачките спортови.

На средбата беше потврдена важноста од континуирана соработка меѓу институциите и спортските федерации, со заедничка цел за создавање посилни основи за развој и афирмација на скијачките спортови во Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер