БТВ: Преку Бугарија биле префрлени 1,6 милиони евра, поврзани со нападот со пејџери во Либан - Канал 5

БТВ: Преку Бугарија биле префрлени 1,6 милиони евра, поврзани со нападот со пејџери во Либан

Бугарската телевизија bTV денеска објави дека 1,6 милиони евра поврзани со смртоносниот напад на пејџерите во Либан во вторникот и средата поминале низ Бугарија и биле префрлени во Унгарија.

БТВ: Преку Бугарија биле префрлени 1,6 милиони евра, поврзани со нападот со пејџери во Либан

Според извештаите, bTV оваа информација ја добиле од извор во Државната агенција за национална безбедност.

Бугарските власти денеска соопштија дека Министерството за внатрешни работи и Службата за државна безбедност отвориле истрага за можните врски на неименувана компанија со нападот.

Локалните медиуми објавија дека софиската Норта Глобал ЛТД ја олеснила продажбата на пејџери за Хезболах, пренесува Ројтерс.

Нова серија експлозии се случи вчера попладне во Либан, еден ден откако 12 лица загинаа, а повеќе од 2.700 беа ранети кога пејџерите што ги користеа членовите на Хезболах експлодираа во координиран напад за кој Либан го обвинува Израел по повеќемесечниот прекуграничен оган.

Воки-токи и соларна опрема експлодираа вчера во Бејрут и други делови на Либан во, како што пренесува АП, вториот бран напади.

Во вчерашните експлозии загинаа најмалку 20 лица, а повеќе од 450 се ранети, соопшти либанското Министерство за здравство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Техеран ракетираше американски бази на Блискиот Исток, САД бомбардираше цели на југот на Иран

Иран изврши серија ракетни и напади со беспилотни летала врз американски цели во Јордан, Кувајт, Ирак и Бахреин, како одговор на американските напади врз Исламската Република.

Техеран ракетираше американски бази на Блискиот Исток, САД бомбардираше цели на југот на Иран

Јорданските вооружени сили соопштија дека пресретнале 13 балистички ракети, од кои 10 биле уништени, додека три паднале во оддалечени области. Иранските медиуми претходно објавија за интензивни напади врз јужен Иран по должината на брегот, како и дека најмалку четворица цивили биле убиени за време на свадба во градот Сирик, по нападите на американските сили во близина на Ормутскиот Теснец. Вашингтон негираше дека воено интервенирал врз цивилни цели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин по заканата на Зеленски дека ќе го нападне руското небо: Не преговараме со терористи

Путин предупреди дека Москва целосно ќе ги прекине мировните контакти со Киев.

Путин по заканата на Зеленски дека ќе го нападне руското небо: Не преговараме со терористи

Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека Москва целосно ќе ги прекине мировните контакти со Киев и дека жестоко ќе одговори доколку биде загрозена безбедноста на руското цивилно воздухопловство, како што се закани украинскиот претседател Зеленски.

Зборувајќи пред новинарите по самитот на шангајската организација за соработка тој реториката на Зеленски ја нарече чин на државен тероризам и оцени дека барањата на киев за директни преговори се апсурдни во моменти кога украинската страна таргетира транспортни правци. Зеленски претходно се закани дека ќе ги нападне руските цивилни аеродроми и ги повика меѓународните авиокомпании да се повлечат од руските коридори тој рече дека рускиот воздушен простор ќе стане небезбеден и дека бројот на беспилотни летала на руското небо ќе се зголеми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лекарската комора почна процедура за избор на ново раководство

Во тензична атмосфера и зад затворени врати, Лекарската комора одржа собрание, на кое беше одлучено процедурата за избор на ново раководство да продолжи на 7 октомври.

Лекарската комора почна процедура за избор на ново раководство

Мандатот на актуелната претседателка Калина Гривчева Старделова е истечен од 1 јули, а дел од делегатите ја обвинија дека намерно го опстриура и одложува изборниот процес.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер