Брзото пешачење е поефикасно за добра линија од одењето во теретана - Канал 5

Брзото пешачење е поефикасно за добра линија од одењето во теретана

Последното истражување на лондонски експерти покажува дека со брзо пешачење се губат повеќе калории и се задржува повитко тело отколку со трчање или вежбање.

Брзото пешачење е поефикасно за добра линија од одењето во теретана
Д-р Грејс Лордан која го водела истражувањето дошла до овие резултати - луѓето кои се рекреираат со секојдневно брзо одење во траење од 30 минути имаат помалку сантиметри на половината и се во подобра форма од оние кои вежбаат.

Препорачано е возрасните да се занимаваат со некоја физичка активност 150 минути неделно.

Резултатите од истражувањето ќе ги искористи британската влада, за да ги поттикне своите граѓани да пешачат, со оглед на тоа што 60% од популацијата имаат проблем со дебелината што потоа води кон трошоци за лекување. Според истражувањето, пешачењето има подобри ефекти на здравјето и од диетите!

- Епидемијата од зголемена тежина и физичка неактивност кај луѓето ќе се реши со пешачењето кое претставува активност која е бесплатна, и го подобрува не само физичкото туку и менталното здравје. Една едноставна политика која ќе се вика „секој чекор се важи“ може да биде чекот кон запирањето на трендот на дебелина и подобрување на другите аспекти на здравјето на луѓето - стои во текстот во журналот „Risk Analysis“.

Најдете 30 минути во денот, без оглед какво е времето и пропешачете - бенефитот за вашето физичко здравје и ментална состојба ќе биде поголем отколку да гладувате или да пиете лекови!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.  

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

Секторот за санитарна контрола во периодот од 09.11.2026 до 13.11.2026 зема 200 примероци за физичко-хемиска и 200 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 51 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Ристовски ги поздрави финалистите на 55.Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, присуствуваше на финалните борби на јубилејното 55.издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“.

Министерот Ристовски ги поздрави финалистите на 55.Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, присуствуваше на финалните борби на јубилејното 55.издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“ што се одржа од 13 до 15 ноември во спортската сала „Расадник“ во Скопје во организација на Македонската боксерска федерација со поддршка од Министерството за спорт.

Ристовски упати честитки за финалистите и за сите учесници на традиционалниот турнир и ја истакна важноста што има оваа спортска манифестација за македонското борење и за македонскиот спорт во изминатите пет и пол децении.

На годинешното јубилејно издание на „Златен гонг“ настапија 89 боксери од 20 земји.

Победничкиот пехар на јубилејното 55.издание на „Златен гонг“ му припадна на украинскиот боксер Јуриј Захариев. Во женска конкуренција најуспешна беше Шпанката Лаура Галино Лопез, додека признанието за најдобар македонски боксер го доби Алин Нусуфи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Савески, до каде е кривичната пријава против Славески за Алта банка?

Времето поминува а обвинителството молчи за Кривичната пријава поднесена од СДСМ за Алта банка.

СДСМ: Савески, до каде е кривичната пријава против Славески за Алта банка?

Обвинителот Ненад Савески има обврска пред граѓаните да одговори: до каде е постапувањето по кривичната пријава против Трајко Славески и другите одговорни лица во Народната банка за Алта банка?

Дали е оформен предмет? Дали е определен обвинител што постапува?

Кои дејствија се преземени?

Кривичната пријава е темелна, опширна и со конкретни правни аспекти и основани сомневања за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување.

Трајко Славески е директно одговорен, тој ја даде дозволата и како што самиот призна во координација со Мицкоски ја донесоа пералницата на Вучиќ, криминалната Алта банка во Македонија.

Луѓето сега не можат да дојдат до своите пари, пензионерите до своите пензии, загрозен е и банкарскиот систем.

Обвинителството мора бргу да реагира за да спречи уништување на докази, заташкување, криење на сметки и трансакции.

СДСМ веќе побара да се преземат законски мерки за заштита на доказите и спречување евентуално влијание врз сведоците, вклучително и да се побара привремена забрана за вршење на должноста на Славески.

Што е преземено од страна на Обвинителството?

Ниту една функција не смее да биде штит од одговорност.

Обвинителството не смее да биде последната линија на одбрана на власта.

Савески, јавноста очекува одговор: до каде е кривичната пријава за Алта банка?

Скопје, 16.13.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер