Брутално убиено седумгодишно детенце зашто не ја знаело Библијата (ВИДЕО) - Канал 5

Брутално убиено седумгодишно детенце зашто не ја знаело Библијата (ВИДЕО)

Седумгодишно детенце било живо закопано во снег во американската држава Висконсин , зашто не знаел да изрецитира 13 стихови од Библијата.

Брутално убиено седумгодишно детенце зашто не ја знаело Библијата (ВИДЕО)

Три лица , меѓу кои и еден тинејџер се уапсени како осомничени за бриталното убиство на седумгодишниот Итан Хаучулц. Уапсени се старателите на Итан , Тимоти и Тина Мекивер Хаучилц , а тинејџерот е 15 годишниот син на монструозната брачна двојка.

За казна малиот Итан морал да носи дрвен трупец , тежок речиси колку тежината на седумгодишното момче. За тоа време тинејџерот го тепал и буткал детето и откако паѓал на земја , на градите му го ставал тешкиот трупец.

Полицијата соопшти и дека тинејџерот стоел на трупецот , додека детето лежело во кал. На крај , го закопал во снегот , каде детето починало .

YouTube video

По некое време , старателите го откопале и однеле малото дете во болница , но било предоцна. Тие се обвинети за убиство и за уште шест кривични дела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бројот на жртви од ебола во Конго надмина 5.000, стапката на смртност изнесува 48,6 отсто

Бројот на потврдени смртни случаи од ебола во Демократска Република Конго (ДР Конго) надмина 5.000, при што се регистрирани вкупно повеќе од 10.350 потврдени случаи, соопшти Министерството за јавно здравје, хигиена и социјална заштита.

Бројот на жртви од ебола во Конго надмина 5.000, стапката на смртност изнесува 48,6 отсто

Во соопштението се наведува дека, од почетокот на епидемијата, во ДР Конго се евидентирани вкупно 10.351 потврден случај и 5.026 смртни случаи, што претставува стапка на смртност од 48,6 отсто. Тековната епидемија на ебола започна на 15 мај во ДР Конго и Уганда.

На 28 јули, властите во Уганда објавија дека епидемијата во нивната земја е завршена.

Светската здравствена организација го потврди ова на 25 август. Во соседна Кенија, првиот случај на ебола беше потврден на 6 октомври, пренесува ТАСС.

Пациентот бил државјанин на Кенија кој претходно живеел во ДР Конго. Тој пристигнал во Најроби преку Уганда на 3 октомври, а починал на 5 октомври. До 19 октомври, во Кенија биле откриени вкупно осум случаи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Флик: „Ламин Јамал добро го поднесе исходот во трката за „Златната топка““

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, вели дека најдобриот млад фудбалер на светот, нивната ѕвезда Ламин Јамал добро реагирал по разочарувачкиот исход во изборот за „Златната топка“.

Флик: „Ламин Јамал добро го поднесе исходот во трката за „Златната топка““

Многумина очекуваа, вклучително и самиот Јамал, дека престижниот трофеј ќе заврши во негови раце, но титулата за најдобар играч во Европа, изненадувачки, му припадна на Хари Кејн.

-Ова не беше добра вечер за Јамал ​​– какви што имало и други во неговата млада кариера. Како член на златната генерација светски шампиони, тој, разбирливо, имаше големи очекувања; сакаше да ја круниса неверојатната година со најпрестижниот индивидуален трофеј, а само тој знае како се чувствувал кога сфатил дека останал со празни раце.

Познато е дека ваквите моменти можат да го вознемират еден млад фудбалер, па иако ова можеби претставувало удар за Јамал, тоа траело кратко, бидејќи, според Флик, неговиот најдобар играч на крајот реагирал „многу добро“.

„Горд сум на Јамал ​​бидејќи реагираше навистина добро и гледам дека е фокусиран на тренинзите. Тоа е реакција на шампион“, изјави Флик. „Мило ми е што тој чекори во вистинската насока со својот менталитет, што е важно и за целиот тим“, додаде германскиот стручњак. На крајот, да потсетиме, Јамал ​​заврши дури на третото место, зад Кејн и Мбапе, според бројот на гласови. „На крајот на краиштата, и Хари заслужи награда“, рече Флик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шокантен пресврт во Шпанија: Пет исчезнати лица по железничката несреќа пронајдени живи

Пет исчезнати лица пронајдени живи, бројот на загинати би можел да надмине 70.

Шокантен пресврт во Шпанија: Пет исчезнати лица  по железничката несреќа пронајдени живи

Од 72 лица пријавени за исчезнати по железничката несреќа во Шпанија, петмина се пронајдени живи.

Тројца се пронајдени неодамна, двајца се наоѓаат во болница, а едно лице воопшто не се качило во возот, изјави Емилијано Гарсија-Пахе, претседател на регионалната влада на Кастиља-Ла Манча.

Според него, меѓу преостанатите 67 исчезнати лица има 14 странски државјани од Аргентина, Австралија, Канада, САД, Франција, Јапонија, Мексико, Чешка, Тунис и Венецуела, пренесува „Ел Мундо“.

Бројот на потврдени жртви во несреќата останува 69, но оваа бројка би можела да се зголеми откако ќе заврши ДНК-идентификацијата на пронајдените човечки останки, изјави Гарсија-Пахе на прес-конференција – на која присуствуваше и шпанскиот премиер Педро Санчез – одржана по состанокот на Координативниот центар за цивилна заштита (CECOPI).

Претседателот на Кастиља-Ла Манча појасни дека бројот на загинати изнесува 69, „врз основа на веродостојни податоци потврдени од правосудните органи и Граѓанската гарда“.

Сепак, тој додаде дека има 70 пријави за исчезнати лица, па постои можност конечниот број на жртви да надмине 70.

Пахе изјави дека има 31 вреќа што содржи човечки останки, како и дека нивното собирање и идентификација се „исклучително сложени“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер