На видеото кое се појави на Твитер, може да се види група мажи како стојат над него и го удираат додека тој се наведнува на подот од тоалетот во теретаната.
На видеото се слушаат и непознатите мажи како му викаат на раперот да замолчи додека тие продолжуваат да го тепаат.
Адвокатот на Текаши, Ленс Лазаро, изјави за TMZ дека тој ја користел сауната во објектот кога мажите му пришле и почнале да го тепаат.
Адвокатот додаде дека раперот немал обезбедување со себе во моментот на нападот.
Вработените во теретаната повикале полиција и брза помош, која го пренела раперот во блиската болница.

Тој се здобил со повреди на вилицата, ребрата и грбот, а по телото има бројни расекотини и модринки.
26-годишниот рапер претходно се изјасни за виновен за рекетирање и други обвиненија и се соочи со една деценија зад решетки пред да се согласи да соработува со владата и да сведочи против членовите на бандата Nine Three Gangsta Bloods.