Брутална тепачка во ВИП ложата- Роналдо гледа масовна пресметка со стапови (ВИДЕО) - Канал 5

Брутална тепачка во ВИП ложата- Роналдо гледа масовна пресметка со стапови (ВИДЕО)

Големото саудиско фудбалско дерби помеѓу Ал Наср и Ал Хилал беше обележано со сериозен инцидент на трибините што ја шокираше јавноста ширум светот.

Брутална тепачка во ВИП ложата- Роналдо гледа масовна пресметка со стапови (ВИДЕО)

За време на натпреварот, настана целосен хаос кога навивачите на Ал Наср, клубот за кој игра Кристијано Роналдо, упаднаа во ВИП ложата наменета за навивачите на нивниот најголем ривал.

Снимките што брзо се појавија на социјалните мрежи покажаа драматични сцени од стадионот. Во еден момент, ситуацијата повеќе личеше на улична тепачка отколку на фудбалски спектакл, бидејќи некои хулигани мавтаа со стапови и предизвикаа паника кај присутните.

Според локалните медиуми, обезбедувањето реагираше брзо за да спречи уште поголем инцидент, но меѓу навивачите се појави целосна конфузија. Некои снимки покажуваат луѓе како ја напуштаат ложата во страв додека продолжуваат туркањето и вербалните судири.

Иако на теренот беше видена голема тепачка помеѓу двата најголеми ривали на саудискиот фудбал, се чини дека вистинската драма беше видена надвор од теренот.

Саудиската професионална лига е во центарот на вниманието во последните неколку години поради доаѓањето на големи фудбалски ѕвезди како Кристијано Роналдо, Бензема, Мане, но ваквите инциденти повторно го покренаа прашањето за безбедноста на стадионот и контролата на навивачите за време на најголемите натпревари.

Самиот натпревар помеѓу Ал Наср и Ал Хилал заврши нерешено 1-1, што значи дека шампионот на Саудиска Арабија ќе биде решен дури во последното коло од првенството. И покрај високите влогови и огромната тензија, сцените на насилство од трибините целосно го засенија фудбалскиот спектакл.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп изјави дека веќе нема напади врз енергетски цели, Русите погодија бензинска во Киев

Руски дрон погоди бензинска пумпа во украинскиот главен град Киев рано утринава, изјави градоначалникот Виталиј Кличко .

Трамп изјави дека веќе нема напади врз енергетски цели, Русите погодија бензинска во Киев

Руски дрон погоди бензинска пумпа во украинскиот главен град Киев рано утринава, изјави градоначалникот Виталиј Кличко – само еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина и Русија се договориле да не ја напаѓаат енергетската инфраструктура на другата страна.

Во нападот е повредено едно лице, а погодени се и магацини во друг дел од градот, соопшти Кличко на Телеграм.

Сведок на Ројтерс слушнал експлозија во Киев.

Погодени бензинска пумпа и магацини, Русија неодамна почна да ги напаѓа бензинските пумпи во Киев, со што го прошири опсегот на своите цели.

Според украинските власти, Русија погодила околу 300 бензински пумпи во изминатите неколку месеци, главно во областите долж или во близина на линијата на фронтот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кратовец осомничен дека прободел со нож полициски службеник

Кумановското обвинителство ќе спроведе истрага против 40-ет годишен кратовец заради напад со нож на полициски службеник при интервенција.

Кратовец осомничен дека прободел со нож полициски службеник

Според обвинителството, осомничениот на 11 септември нападнал службени лица при вршење работи на јавната безбедност поврзани со спречување кривично дело.

Кога двајца полицајци употребиле сила за да ја отворат заклучената врата од собата во која се наоѓал осомничениот, тој ги нападнал. При нападот, на еден од полициските службеници со нож му нанел тешки телесни повреди, меѓу кои прободна рана и посекотина.

Поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво

Премиерот  Мицкоски со владина делегација денеска заминува во Соединетите американски држави, како што најави синоќа на националниот сервис ќе има средби на високо ниво во Сенатот, Конгресот и Стејт депратментот.

Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво

Премиерот Мицкоски со владина делегација денеска заминува во Соединетите американски држави, како што најави синоќа на националниот сервис ќе има средби на високо ниво во Сенатот, Конгресот и Стејт депратментот, но и разговори со финансиски институции и компании за конкретни проекти во енергетиката, високата технологија и воената индустрија.

Мицкоски со владината делегација прво оди во Вашингтон, а потоа оттаму ќе заминат во Њујорк каде ќе учествуваат на годинешното Генерално собрание на Обединетите нации.

Премиерот најави дека една од средбите во главниот град на САД ќе биде со претставници на финансиската инстутиција ДФЦ, која, потсети, е веќе присутна во земјава преку инвестицијата во проектот „Крстовдол“, кој во јавноста е познат како „Амтимон“.

Според него, оваа институција пројавила интерес и за други проекти во енергетиката и напредната технологија.Прашан во вечерашното интервју дали на агендата е можеби и состанок со бугарската делегација, премиерот одговори дека до овој момент таква средба немаат во план.на дополнително прашање дали има информации за носење уставни измени со одложено дејство со цел одблокирање на интегративниот процес, тој рече дека не може да сподели такви информации во јавноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер