Бруно Лаге повторно тренер на Бенфика - Канал 5

Бруно Лаге повторно тренер на Бенфика

Иако е почеток на сезоната, веќе дојде до смена на тренерската клупа на португалскиот гигант Бенфика на која седна Бруно Лаге на местото на Роџер Шмит.

Бруно Лаге повторно тренер на Бенфика

За 48-годишниот португалски стратег Лаге ова е враќање во Бенфика каде работеше од 2018 до 2020 година, а потоа беше тренер на Вулверхемптон и бразилски Ботафого.

„Во Бенфика се чувствувам како дома и имав голема желба да се вратам“, изјави Лаге чија задача ќе биде да го поправи лошиот старт на сезоната на клубот од Лисабон. Бенфика во моментов е на седмото место во на табелата и има две победи, реми и пораз.

Лаге доаѓа на местото на Германецот Шмит, кој ја предводеше Бенфика од 2022 година. Пред две сезони ја освои шампионската титула со Бенфика, но минатата сезона најдобар португалски тим беше Спортинг./МИА

Вахиди: Иран сè уште не ја искористил најновата генерација проектили

Поранешниот командант на силите Кудс на иранскиот корпус на револуционерната гарда (ИРГЦ), Ахмад Вахиди, изјави дека Иран сè уште не ја распоредил својата најнова генерација ракети и наскоро ќе претстави нови иновации на бојното поле.

Вахиди: Иран сè уште не ја искористил најновата генерација проектили

Во меѓувреме, шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи го обвини Израел за напад врз иранските нафтени постројки во Персиски Залив.

Тој истакна дека нападите се дел од поширока стратегија за ескалација на судирите и вклучување на други регионални и глобални актери во судирот.

Телефонски разговор Муцунски – Калас

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Мучунски, попладнево оствари телефонски разговор со високата претставничка на Европската унија за надворешна политика, Каја Калас.

Телефонски разговор Муцунски – Калас

Во разговорот, високата претставничка Калас ја потврди континуираната поддршка за европската интеграција на Република Северна Македонија.

Министерот Мучунски ја реафирмираше посветеноста на нашата земја на европските вредности – владеење на правото, дијалог и добрососедска соработка – како темели на процесот на пристапување кон Европската унија.

Во рамки на разговорот стана збор и за регионалното поврзување, при што министерот ја подвлече поддршката за Коридор 8 како стратешки приоритет за инфраструктурна интеграција на регионот.

Соговорниците разменија мислења и за состојбите на Блискиот Исток, заеднички нагласувајќи ја потребата од почитување на меѓународното право и избегнување на понатамошна ескалација.

Вечерва пристигнува првата група македонски државјани кои се евакуираат од Израел

На скопскиот аеродром вечерва пристигнува првата група од осум македонски државјани кои се евакуирани од Израел.

Вечерва пристигнува првата група македонски државјани кои се евакуираат од Израел

Тие попладнево полетаа од аеродромот во Шарм Ел Шеик во Египет.

Пред министерството за надворешни работи е Елизабета Дамјановска Спасеноска.

Кога се очекува тие да пристигнат во земјава?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

притисни ентер