НБАБруклин го отпушти Жак Вон по поразот од 50 поени разликаЧелниците на Бруклин денеска соопштија дека му врачиле отказ на тренерот Жак Вон.Иако незадоволството на главните луѓе во организацијата на Нетс трае веќе подолго време, дефинитивно последната капка беше поразот од Бостон со дури 50 разлика, поточно 136:86. Тоа беше петти пораз во последните шест натпревари за Бруклин. - Бруклин Нетс го ослободи Вон од должностите како прв тренер на тимот. Привремениот тренер на тимот ќе биде именуван во блиска иднина, беше накратко објавено на клупската веб-страница. Вон е во клубот од 2016 година, прво како помошник тренер, а тимот го презеде минатата сезона во многу тежок момент, кога Стив Неш доби отказ, а ѕвездите на тимот Кајри Ирвинг и Кевин Дурант сакаа да бидат разменети. Пред Бруклин, Вон сам управуваше со Орландо од 2012 до 2015 година. За време на неговото време како главен тренер на Нетс, Вон учествуваше во големиот развој на Мајкл Бриџис, кој прерасна во еден од најдобрите играчи во лигата, но и Николас Клакстон направи огромен скок во својата игра под негово раководство. Нетси моментално се на 11. место во Источната конференција со биланс од 21 победа и 33 порази и се чини дека ќе го пропуштат плеј-офот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
ФудбалВидео: Скандал во Реал: Мбапе и Вини одбиле да носат маици против „инвазијата“ на мигрантиПред синоќешниот натпревар од 5. коло на Ла Лига меѓу Елче и Реал Мадрид кој заврши со минимален триумф на гостите од 2–3, се случи инцидент што стана главна тема во Шпанија. Додека играчите од двата тима излегувале на терен носејќи над дресовите , маици за поддршка на Сеута, тројца фудбалери на Реал – Винисиус, Килијан Мбапе и Ибрахима Конате – одлучиле да не учествуваат во овој гест, пренесува „Марка“. Нивниот потег веднаш предизвика лавина коментари на социјалните мрежи. Винисиус му даде насоки на Мбапе што да прави со маицата. На интернет се појавија снимки од тунелот, а корисниците на платформата „Икс“ (X) забележуваа дека во видеото се гледа како Винисиус му дава насоки на Мбапе што да прави со маицата. 👉 Vinicius, Mbappé y Konaté no enseñan el mensaje de ánimo a Ceuta. 👉 Ambos futbolistas se colocaron mal la camiseta sin que se vea el 'Todos somos Caballas'. https://t.co/XkrhUDS8XQ — El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) September 15, 2026 На предната страна на маицата бил испишан слоганот „Сите сме скуши“ (прекар за жителите на Сеута поради нивната рибарска индустрија), додека на задната страна едноставно пишува „Сеута“. Иако ги земале маиците во тунелот пред да излезат на теренот, тројцата фудбалери на Реал не ги облекле маиците во целос. Всушност, Конате само ја држел маицата во раце, додека Мбапе и Винисиус ги облекле на таков начин што слоганот „Сите сме *skuše*“ (скуши/скумши) – прекар за жителите на Сеута поради нивната рибарска индустрија – бил едвај видлив. Додека се ракуваа со играчите на Елче, тројцата фудбалери на Реал целосно ги соблекле белите маици и носела замо дресови на Реал наменети за гостувања – потег што не им избега на камерите и на гледачите. Ова беше особено забележливо бидејќи сите останати фудбалери на Реал и на Елче продолжиле да ги носат маиците. Раководството на кралевите ја почитувало одлуката на тројцата ффудбалери. Според „Ел Мундо“, клубот изјавил дека ја почитува одлуката на своите играчи бидејќи во соблекувалната постојат „различни мислења, сензибилитети и гледишта за реалноста“. This was the moment Vinicius told Mbappé how to put on the t-shirt supporting Ceuta in such a way that the text “We are all Ceuta” wouldn’t be visible Vinicius, Mbappé & Konaté made it clear tonight that they don’t support Spain. They support the invaders https://t.co/QmE0rQXJsj — Visegrád 24 (@visegrad24) September 15, 2026 Инаку иницијативата за носење на маици за поддршка на Сеута била покрената од Елче и прифатена од Реал, иако клубот не сакаше да врши притисок врз играчите. Иронично, Сеута е родното место на Хозе Мартинез „Пири“, почесниот претседател на Реал Мадрид.Тагови: Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВоздушната одбрана на Саудиска Арабија уништи дрон на Хутите во близина на МекаВоздушната одбрана на Саудиска Арабија уништи дрон на Хутите јужно од Мека пред да влезе во забранетиот воздушен простор над светиот град, изјави портпаролот на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија во Јемен.Дронот, кој беше пресретнат синоќа е втор обид на Хутите да ја таргетираат Мека по лансирањето балистичка ракета во јули 2017 година, а следува по една недела напади од Хутите кои се сојузници на Иран..Претставниците на Хутите негираа дека ја нападнале Мека. Нападите врз Саудиска Арабија ги шокираа глобалните енергетски пазари, потресени од шестмесечната војна меѓу САД и Иран, која го забави бродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец. Хутите во последните денови ја презедоа контролата врз делови од брегот на Црвеното море на Јемен, кои се наоѓаат на Баб Ел-Мандеб, еден од најважните бродски теснеци во светот, заканувајќи се на извозот на нафта од Саудиска Арабија пренасочен од Ормутскиот теснец.Престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед Бин Салман, минатата недела му телефонираше на американскиот претседател Доналд Трамп барајќи воена поддршка, која досега беше ограничена на разузнавачка помош.Тагови: дрон Саудиска Арабија Хутите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСудот во Хаг денеска во 10 часот ќе ги соопшти пресудите за четворицата поранешни команданти на ОВКСудот во Хаг денеска во 10 часот ќе ги соопшти пресудите за четворицата поранешни команданти на ОВК, обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото.Американската амбасада во Приштина веќе издаде безбедносно предупредување поради очекуваните масовни протести во Косово. Вчера во Скопје беше одржан собир за поддршка на обвинетите. Настанот, се одржа на плоштадот „Скендербег“ и траеше околу половина час.на собирот покрај организаторите од албанскиот младински форум, се обрати и поранешниот командант на ОНА и поранешен пратеник во собранието Џезаир Шаќири – Хоџа. Присутните на настанот носеа маици со ликовите на поранешните водачи на ОВК и од настанот упатија порака дека очекуваат ослободителна пресуда за обвинетитеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook